Спорт
Англиски фудбалер заглавил со обложување, во опасност му била и кариерата
Еден од главните играчи на премирлигашот, Кристал Палас, 28-годишниот Андрос Таунсенд, призна дека поради зависноста од обложување, за малку ќе му настрадала и кариерата. Играчот од среден ред на Палас, кој има 13 настапи за „гордиот албион“, рече дека на обложувањето се навлекол кога имал 20 години, додека бил играч на Бирмингем Сити.
„Точно се сеќавам на тие сцени. Бев во хотелот пред еден важен меч. Тогаш видов реклама за некоја обложувачница, која нудеше бесплатно обложување. Така тргна сè“, вели тој.
Сепак, зависноста се проширила многу бргу и кулминирала неколку години подоцна.

„Игравме полуфинале на доигрување за да влеземе во прва лига. Тоа беше најголемиот меч сезоната, а јас не можев да спијам. Го земав мобилниот и почнав да се обложувам во живо. Облозите се редеа, а јас на еден меч изггубив 46.000 фунти. Во тоа време заработував по 3.000 фунти неделно. Таа вечер го допрев дното. Наместо да сум среќен поради важниот меч, да размислувам за фудбалот, јас размислував како да си ги вратам загубените пари“, изјавил Таунсенд.
Фудбалерот раскажува и како успеал да се оттргне од таа зависност.
„Не престанав додека конечно не ме фатија. Фудбалскиот сојуз дозна дека се обложувам и ме казни. Ми се заканија дека ќе ми стават доживотна суспензија од фудбалот. Ќе им бидам благодарен засекогаш што не ме казнија драстично. Разбраа дека не сум учествувал во наместени натпревари, туку сум бил само глупаво момче што прави глупости“, додаде фудбалерот на Кристал Палас.
Тој сега е далеку од обложувачниците, неговиот тим е хит во Премиер лигата, а тој заработува по 3 милиони од сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

