Спорт
Англиски тренер доживотно исфрлен од фудбалот, 27 години работел во Челси
Гвин Вилијамс (76), човек кој 27 години работел на различни позиции во Челзи, добил доживотна забрана за тренерска работа, откри Атлетик. ФА, забраната за Вилијамс ја вовеле уште во 2019 година, но таа не била објавена во јавноста бидејќи англиската ФА нема пракса да објавува такви информации.
Вилијамс бил казнет поради расизам и малтретирање играчи. Атлетик пишува дека тој секојдневно на расна основа злоставувал момчиња на возраст од 12 години.
„Јазикот што понекогаш го користел кога разговарал со црните играчи бил суров, шокантен“, изјавил еден неименуван играч во истрагата.
Против Вилијамс биле поднесени и две пријави до полицијата, вклучително и обвиненија за сексуална злоупотреба на играч од младинскиот тим на Челзи. Сепак, полициските истраги не доведоа до обвиненија. Вилијамс ја негираше вината и во двата случаи, а врз основа на тие информации ФА одлучи дека тој не претставува сексуална опасност за децата.
Вилијамс имал различни улоги за време на неговите 27 години во Челзи. Покрај работата со помладите категории, тој бил и главен скаут и помошник тренер во штабот на Клаудио Раниери.
Тој го напушти Челзи во 2006 година, по што седум години беше технички директор во Лидс Јунајтед. Таму добил отказ откако испратил порнографски слики на колегите по електронска пошта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Њукасл ќе остане без Гимараеш – Бразилецот пред трансфер во Сити
Њукасл не успеа да го повтори одличниот резултат од минатата сезона. „Страчките“ сезонава играа во Лигата на шампионите, а во наредната ќе играат само во домашните натпреварувања.
Поради неуспехот во борбата со конкурентите во борбата за местата во европските купови, Њукасл веројатно ќе остане без Бруно Гимараеш.
Бразилскиот играч за врска оваа сезона беше еден од двајцата најдобри играчи во тимот на Њукасл.
Њукасл ќе мора да го продаде Гимареш поради проблеми со финансискиот фер-плеј, бидејќи ќе мора да ги балансира приходите и расходите.
Како прв фаворит да стигне до Гимареш се споменува Манчестер сити. Пеп Гвардиола (многу веројатно) влегува во својата последна година на клупата на „Граѓаните“ и дефинитивно ќе сака да освои се, а делува дека Гимараеш заедно со Кевин Де Бруине и Родри би формирал совршено трио во редот за врска.
Гимареш оваа сезона одигра 37 натпревари во Премиер лигата, постигна седум гола и додаде осум асистенции.
Спорт
Манчестер јунајтед на „Гудисон парк“ ја најде замената за Варан
Манчестер јунајтед планира да го ангажира дефанзивецот на Евертон, Џеред Брентвејт (21).
Евертон е свесен дека поради балансирање на трошоците и финансискиот фер-плеј ќе мора да продаде голем број играчи, а сериозна сума може да заработи од продажбата на младиот стопер и Белгиецот, Амаду Онана.
Клубот проценува дека неговата вредност е околу 82 милиони евра, но заинтересираните како Манчестер јунајтед се свесни дека би можеле да го добијат за значително помала сума.
Јасно е дека Евертон ќе мора да пушти неколку првотимци или клубот ризикува банкрот.
Покрај Брентвејт, се верува дека на продажба се и Џордан Пикфорд, Амаду Онана, Абдулаје Дукуре и Двајт Мекнил.
Јунајтед има добра преговарачка позиција и верува дека би можел да го ангажира Брентвејт за 47 милиони евра.
Клубот од „Олд Трафорд“ е во потрага по замена за Рафаел Варан, кој го одигра последниот натпревар за „црвените ѓаволи“ во финалето на ФА Купот.
Брентвејт е на списокот на репрезентацијата на Англија за претстојното ЕП и би можел да дебитира на пријателските натпревари со Босна и Херцеговина и со Исланд на почетокот на следниот месец.
Спорт
Евролигата ги подели паричните награди – сумите се симболични
Минатиот викенд заврши сезоната во кошаркарската Евролига. Спектакуларното финале на завршниот турнир во Берлин му пропадна на Панатинаикос. Зелените од Атина, по пауза од 13 години се вратија на европскиот трон.
Евролигата неколку дена по завршниот турнир ги подели наградите за оваа сезона. Наградите се симболични, ако се земе во предвид дека според правилата минималниот буџет на еден клуб не треба да биде помал од седум милиони евра.
Панатинаикос од Евролигата доби 1.750.000 евра. Смешна сума ако се знае дека МВП на завршниот турнир, Костас Слукас има годишна плата од 2.500.000 евра.
Интересно, само Панатинаикос остварил добивка од најмалку еден милион евра, сите останати добиле помалку.
Според текстот на специјализираниот кошаркарски портал „Баскет њуз“, финалистот Реал Мадрид инкасирал 990.000 евра, следуваат Олимпијакос (870.000 евра), Фенербахче (750.000 евра) и Барселона со 640.000 евра.
Парична награда добиваат екипите пласирани до 14.место во регуларниот дел од сезоната. Алба, Асвел, Црвена звезда и Баерн Минхен не добија ниту цент.
Комплетна листа:
1. Панатинаикос 1.750.000 евра
2. Реал Мадрид 990.000 евра
3. Олимпијакос 870.000 евра
4. Фенербахче 750.000 евра
5. Монако 700.000 евра
6. Барселона 640.000 евра
7. Макаби 580.000 евра
8. Басконија 520.000 евра
9. Виртус 460.000 евра
10. Ефес 410.000 евра
11. Партизан 350.000 евра
12. Олимпија Милано 290.000 евра
13. Валенсија 230.000 евра
14. Жалгирис 170.000 евра