Спорт
Ањели: Одлуката да го напуштам Јувентус не беше лесна
Поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели, објави дека неговата одлука да се повлече од функцијата воопшто не била лесна, но тоа го направил за да не влијае на одлуките на истрагата поврзани со „старата дама“.
Ањели претседаваше со неговото последно собрание на акционери во Торино. Тој поднесе оставка на 28 ноември заедно со остатокот од бордот на директори, вклучувајќи ги и потпретседателот Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабене.
Новите членови на одборот беа именувани вчера.
Андреа Ањели го отвори денешното собрание на акционери со краток говор.
„На следниот претседател Фереро и на новиот извршен директор Сканавино му посакувам се најдобро. Ќе дадам дополнителни проценки на состанокот на бордот на директори на 18 јануари“, рече тој.
„Заминувањето од претседателската функција не беше лесна одлука за мене. Покрај тоа што го сакам Јуве, работев напорно за да ги постигнам извонредните резултати во последните години, и на теренот и надвор од него“, дополни Ањели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Асвел ја тужи Евролигата
Тони Паркер, мнозинскиот сопственик на кошаркарскиот клуб Асвел, потврди дека неговиот клуб презема правни мерки против Евролигата.
Елитното натпреварување го санкционираше францускиот клуб за непочитување на финансискиот фер-плеј.
„Евролигата јавно нè санкционираше за трошење 4,4 милиони евра за плати, додека нивниот минимум е 5,85 милиони“, рече Паркер.
„Сепак, прописите на француската лига ни забрануваат да трошиме повеќе. Ние сме под финансиска контрола. Накратко, тие нè замолуваат да не ги почитуваме правилата утврдени од националната лига, со која имаме одлични односи.“
Паркер е јасен – ќе оди на суд.
„Одиме на суд“, вели Паркер, истакнувајќи дека Асвел не ја продал А-лиценцата.
„Тоа е целосна невистина. Имаме договор до 2026 година“.
Патем, Асвел го зазема последното место со резултат од 2-8, а вечерва во 20.00 часот го пречекуваат Партизан.
Спорт
Алкараз го обезбеди првото место на крајот од годината
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Италијанецот Лоренцо Мусети со 2:0 во третото коло од Групата А на Завршниот Мастерс во Торино.
Алкараз славеше со 6:4, 6:1, а натпреварот траеше еден час и 24 минути.
Во Торино, Алкараз го направи она за што дојде, забележа три победи и го обезбеди првото место на АТП листата на крајот од годината.
Со овој триумф, тој се пласираше во полуфиналето од првото место во групата, а го повлече со себе и Алекс де Минор.
Австралиецот, Мусети и Фриц групата ја завршија со по една победа и два порази, но Де Минор се пласира во полуфиналето поради најдобриот гем-количник.
Де Минор ќе игра во полуфиналето против Јаник Синер, а Алкараз ќе игра против победникот од вечерашниот меч помеѓу Зверев и Оже-Алијасим.
По втор пат во својата кратка кариера, младиот Шпанец ќе ја дочека Новата година како рекет број еден во светот. Претходно, тој ја заврши 2022 година како официјално најдобар тенисер на планетата.
Foto/ EPA
Спорт
Филип Костиќ „удри“ по Пикси Стојковиќ: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија
Србија загуби во претпоследното коло во Лондон, од Англија со 2:0 и со тоа остана без шанса да се пласира во плејофот за Светското првенство.
Против големиот фаворит Србите, со новиот селектор Вељко Пауновиќ одиграа коректен натпревар, не ги реализираа неколкуте добри шанси што ги однесе во пораз.
На теренот, прв пат со капитенската лента на раката ги предводеше играчот на Јувентус Филип Костиќ.
Прво на сите, Костиќ рече дека за него е голема чест да ја носи лентата.
Новиот селкетор ја смени формацијата во 4-2-3-1, во која Костиќ доби многу поофанзивна улога.
„Што се однесува до мојата улога, јас сум на располагање на тренерот да играм што и да му треба.“
Потоа испрати силна порака до поранешниот селектор Драган Стојковиќ Пикси.
„Да имавме селектор и целата работа што ја работевме во изминатите неколку дена со новиот, сигурно ќе имавме многу подобар резултат, ќе бевме втори и немаше да изгубиме од Албанија. Тоа беше најтешкиот пораз во мојата кариера и поради тоа сите сега страдаме“, рече Филип Костиќ.

