Спорт
АО: Медведев закажа финале против Надал
Данил Медведев, во отсуство на Новак Ѓоковиќ, најдобро рангираниот тенисер на Австралија опен, избори пласман во финалето. Тенисерот од Русија, во полу-финалето, за два часа и 33 минути, го победи Стефанос Циципас со 3:1 (7/6, 4/6, 6/4, 6/1).
Медведев за титулата ќе се бори против Рафаел Надал. Русинот се избори за своето четврто финале на гренд-слем турнирите, доколку победи во недела, ќе го преземе првото место на АТП листата од Новак Ѓоковиќ.
Притив Циципас, делуваше сигурно, ја надмина кризата која ја имаше кон крајот на вториот и почетокот на третиот сет, кога имаше и жестока расправија со главниот судија. Во четвртиот сет го декласира противникот и ја забележа седмата победа во меѓусебните дуели.
Циципас шансата ја испушти во првиот сет, во тај-брејкот водеше со 1:4, на крајот 13 игра ја доби Медведев со 7:5. Во вториот сет Гркот направи брејк во раната фаза, Медведев и успеа да се врати во шестиот гем, но Циципас го брати брејкот во осмиот гем и на крајот израмни на 1:1.
Во третиор сет клучен беше брејкот во 10.гем што го направи Медведев. Циципас во четвртиот сет ја смени тактиката, често излегуваше на мрежа, но и праваше многу грешки од основната линија. Медвдев експресно направи два брејка и го доби мечот.
Финалето на машкиот дел од турнирот ќе се одигра во недела од 9.30 часот, по средно-европско време.
The return of @DaniilMedwed ??
The world No.2 is back in the #AusOpen men’s singles final, defeating Stefanos Tsitsipas 7-6(5) 4-6 6-4 6-1.
?: @wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis #AusOpen • #AO2022 pic.twitter.com/wHpouY2PTk
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 28, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ватерполистите на Србија го освоија европското првенство
Класик во финалето на Европското првенство во ватерполо, во натпреварот за титулата најдобар на Стариот континент, Србија ја победи Унгарија по голема борба, 10:7. Србија шести пат во својата историја ја освои европската титула.
Со гранитна одбрана и фантастичен борбен дух, Србија се врати на европскиот ватерполо трон. По нерешениот резултат во првото полувреме (5:5), Србија прва стигна до предност од два гола на почетокот на третата четвртина, кога Василије Мартиновиќ го искористи напад со играч повеќе и постигна гол за 7:5. Унгарија потоа го намали резултатот на 7:6, што беше резултат со кој селекциите влегоа во решавачката четвртина.
На четири минути и 13 секунди пред крајот, Србија повторно дојде предност од два гола, а на три минути пред крајот, Ѓорѓе Лазиќ го зголеми резултатот на 9:6, во тој момент најголема предност, а прашањето за победникот дефинитивно го реши Мандиќ со гол за 10:6 една минута и 46 секунди пред крајот на натпреварот.
Голманот на Србија, Милан Глушац, дебитант на големите натпреварувања е вистинскиот херој на својата репрезентација. Во финишот на финалетоцелата „Арена“ скандираше „МВП, МВП“. Младиот голман заслужи да добие овации на отворена сцена, одбрани 11 од 18 шутеви на унгарските ватерполисти, за процент на успешност од 61,1 отсто.
Стрелците на Србија ги предводеше Душан Мандиќ со четири гола, на споритвната страна гол помалку постигна Венгел Вигвари.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Убедлив триумф на Јувентус во дуелот со актуелниот првак
Фудбалерите на Јувентус убедливо го победија шампионот на Италија, Наполи со 3:0 (1:0), во дерби натпреварот од 22-то коло на Серија А. Во центарот на вниманието беа тренерите Антонио Конте и Лучано Спалети, играа против своите поранешни клубови.
„Старата дама“, го искористи фактот дека Наполи пристигна ослабен и оствари убедлив триумф. Шампионот на Италија за прв пат оваа сезона прими три гола во еден натпревар од Серија А.
Канаѓанецот Џонатан Давид ја најави победата во 22-та минута по асистенцијата од Мануел Локатели.
Во вторите 45 минути, уште два пати беше совладан Алекс Мерет, кој бранеше наместо повредениот Вања Милинковиќ Савиќ.
Во финишот на натпреварот, Јувентус постигна два гола, Вториот е дело на Кенан Јилдиз по додавање на Фабио Мирети, кој штотуку влезе во играта. А потоа и најубавиот гол на натпреварот, фантастичен удар на Филип Костиќ за конечни 3:0.
Kostic finds the back of the net! Juventus with a powerful strike!#JUVNAP #SerieA #Footballpic.twitter.com/gKrHrXcwcl
— goalpostX (@GoalpostX) January 25, 2026
Наполи сега има девет поени помалку на табелата од лидерот Интер и се чини дека полека го губат чекорот во шампионската трка.
Foto/
Спорт
Исланд ја декласира Шведска на ЕП
Ракометарите на Исланд ја победија Шведска со 35:27 во второто коло од втората фаза на Европското првенство.
Исланѓаните, се рехабилитираа по поразот од Хрватска и им го нанесоа првиот пораз на турнирот на Швеѓаните. Во моментов во Групата 2, Исланд, Шведска и Словенија имаат по четири бода и се на врвот на табелата. Хрватска е четврта со два бода и натпревар помалку.
Исланд водеше во текот на целото прво полувреме. Швеѓаните се држеа до 9:7, но Исланѓаните потоа направија серија од 5:1 и стекнаа голема предност од шест гола.
На шполувреме Исланд водеше 18:12, но со одлична игра на почетокот од второто полувреме, Шведска се врати на само еден гол негатива во 42-та минута.
Исланд успеа да го одбие тој налет, со три последователни гола, стекна предност од четири гола (26:22). Во 52-та минута, Шведска губеше со 28:25, но потоа Исланд постигна пет последователни гола и се одвои на огромни +8.
Исланд до победата го предводеше брилијантниот Виго Кристјансон со 11 гола. Бјарки Мар Елисон додаде шест гола, а Один Тор Рикхардсон пет гола. Голманот Виктор Гисли Халгримсон одбрани 12 удари. Албин Лагергрен постигна пет гола за поразениот тим.
Foto/ EPA

