Контакт

Спорт

Аргентина е во финалето на Копа Америка – голманот Мартинез е херојот на „гаучосите“

Објавено пред

Аргентина забележа драматична победа над Колумбија и се пласира во финалето на Копа Америка. „Гаучосите“, по изведувањето пенали, ја победија Колумбија со 3:2, во регуларниот дел и по продолженијата натпреварот заврши 1:1.

Аргентинците во раната фаза на мечот постигнаа гол. Во шестата минута Меси го проигра Лаутаро Мартинез, а напаѓачот на Интер го совлада Оспина.

Колумбијците во првото полувреме двапати ја погодија рамката на голот, а Нико Гонзалес од непосредна близина биеше директно во Оспина.

Во вториот дел брилијантен гол за израмнување постигна Луис Дијаз во 61. минута.

До крајот немаше голови, но имаше груби стартови, Меси заврши со крвав зглоб и многу жолти картони.

Во пенал-серијата блескаше голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, кој одбрани три пенали и ја однесе својата репрезентација во финалето.

За титулата, Аргентина ќе се бори со Бразил.

 

Спорт

Светски рекорд на Кејлеб Дресел

Објавено пред

Американецот Кејлеб Дресл се претвора во еден од хероите на Олимписките игри во Токио. Тој победи со време на нов светски рекорд на трката на 100 метри пеперутка. Дресел досега освои три медали на во Токио.

Дресел од стартот на финалната трка наметна жесток ритам, на крајот опасно му се закани но не и да му ја оспори победата Унгарецот, Кристоф Милак.

На крајот Дресел го подобри сопствениот светски рекорд. Најдоброто време во светот сега изнесува 49.45 секунди.

Милак, го освои второто место со нов европски рекорд, 49.68 секунди. Бронзата му припадна на Швајцарецот Понти.

Дресел претходно победи на 100 метри слободно и во штафетата 4×100 слободно.

Американецот е најголемиот фаворит за златниот медал и на 50 метри слободно. Во финалето влезе со најдобар резултат.

Прикажи повеќе...

Спорт

Томпсон од Бостон се пресели во Атланта

Објавено пред

Канаѓанецот, Тристан Томпсон, од Бостон Селтикс се пресели во Атланта Хокс. Во овој трејд, Селтикс го добија плејмејкерот, Крис Дан и еден пик од втората рунда на драфтот.

Томпсон во НБА лигата влезе преку драфтот во 2011 година. Од четвртата позиција го избраа Кливленд Кавалирс. Со овој тим во 2016 година го освои шампионскиот прстен.

Минатата сезона во Бостон, Томпсон, имаше просек од 7,6 поени и 8,1 скок по натпревар.

Прикажи повеќе...

Спорт

Злато и светски рекорд за Велика Британија

Објавено пред

Мешаната штафета на Велика Британија освои златен медал на 4×100 мешано, на Олимписките игри во Токио, постави нов светски рекорд.

Решавачката предност, во конкуренција на Кина и Австралија, Британците ја направија во втората измена, во која пливаше Џејмс Гај. Времето на новиот светски рекорд изнесува 3:37.58 минути.

Покрај Гај во штафетата пливаа Кетлин Досун, Ана Хопкин и Адам Пити.

Сребрениот медал го освои Кина со време 3:38.86 минути, а во борбата за бронзата Австралија ја победи Италија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

(Видео) Олимпиецот Георгиевски на прием кај Заев во Владата

Премиерот, Зоран Заев, го прими носителот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио во таеквондо Дејан Георгиевски, кој...

Регион13 часа

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион15 часа

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија17 часа

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија18 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија18 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија20 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија21 час

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ22 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ23 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет23 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ24 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет1 ден

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет1 ден

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија1 ден

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет2 дена

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет2 дена

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет2 дена

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија2 дена

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија2 дена

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Досие