Спорт
Аргентина со Агуеро, но без Икарди на Копа Америка

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони и официјално потврди дека Мауро Икарди не е во составот за Копа Америка ова лето, објавувајќи го списокот на 23 фудбалери на кои ќе смета на континенталното натпреварување во Бразил.
Од друга страна „албиселесте“ се засилени со гол-машината на Манчестер сити, Серхио Агуеро, а секако лидер на тимот ќе биде Лионел Меси. Аргентина во Бразил ќе се обиде да ја прекине лошата серија на порази, откако на последните две изданија на континенталниот шампионат на Јужна Америка губеше во финалето од Чиле.
Целосниот тим за Копа Америка на Аргентина е следниот:
Голмани: Андрада, Армани, Маркесин,
Одбрана: Фојт, Фунес Мори, Отаменди, Пецелја, Каско, Акуња, Саравија, Таљафико,
Среден ред: Паредес, Гвидо Родригез, Ло Селсо, Переира, Паласиос, Де Паул,
Напад: Агуеро, Ди Марија, Дибала, Мартинез, Меси, Матијас Суарез.
#SelecciónMayor ¡Estos son los 23 convocados! Aquí, la lista de @lioscaloni para disputar la @CopaAmerica de Brasil.#VamosArgentina ???⚽️ pic.twitter.com/ldiNiUV2zB
— Selección Argentina ?? (@Argentina) May 21, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпијакос и Монако го одбранија домашниот пораз

Тешки порази доживеаја шпанските великани Барселона и Реал, во првите четвртфинални натпревари во Евролигата. Монако ја победи Барселона со 97:81, а Олимпијакос со 84:72 славеше против Реал.
Кошаркарите на Монако во третиот период го решија мечот кога се одлепија од противникот на +17 и успеаја да сочуваат голема предност и до крајот да го одбранат домашниот терен.
Монако го предводеа Мајк Џејмс и Даниел Теис со по 22 поени, а одличен беше и Ели Окобо со 19 поени и седум асистенции.
Кај Барселона, Кевин Пантер беше најдобар со 16 поени и два скока, Дарио Бризуела додаде 13, колку што постигна и Фал кои имаше и 14 скокови.
Олимпијакос, за разлика од Монако, во првата четвртина ја најави победата, а практично го реши натпреварот до полувремето кое го доби со 47:29.
Саша Везенков беше најефикасен со 23 поени и седум скока.
Го следеа Еван Фурние со 13 поени и Никола Милутинов со 11 поени и осум скока. Најдобар во тимот на Реал беше Серхио Љуљ со 16 поени, додека двоцифрен беше само уште Марио Хезоња со 13 поени.
Спорт
(Видео) Јувентус падна во Парма

Фудбалерите на Јувентус загубија како гости од Парма со 1:0 (1:0) во 33. коло од италијанската Серија А.
До самиот крај на првиот дел од натпреварот мрежите мируваа, а потоа домашните успеаја да ја затресат мрежата во судиското надополнување. Стрелец беше Матео Пелегрино.
Избраниците на Игор Тудор вршеа притисок, особено на крајот од дуелот, кога можеби Јуве беше оштетен за пенал, по играње со рака на играч на Парма.
Во 91. минута Консеисао шутираше од работ на шеснаесетникот, но ударот заврши крај стативата и тоа е можеби најдобрата шанса за Јувентус.
Во продолжение Парма одолеа на сите обиди, одлично се бранеше и на крајот триумфално го заврши натпреварот.
Спорт
Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги продолжи договорите со двајцата ветерани Лука Модриќ и Лукас Васкез.
Но, не како што обично се случува една година или повеќе, туку само еден месец.
Договорите на Модриќ и Васкез истекуваа на 30 јуни, а новите завршуваат на 30 јули, објави мадридски „Ас“.
Причината за овој необичен потег лежи во учеството на Реал на Светското клупско првенство од 14. јуни до 13. јули.
Овој искусен тандем е важен за избраниците на Карло Анчелоти и на овој начин ќе можат да играат во новото натпреварување на ФИФА.
По клупскиот Мундијал, судбината на ветераните е неизвесна. Се шпекулира дека Реал нема да им понуди нови договори.