Спорт
Аргентинците со „германски“ пресврт до реми против Германија (видео)

Германија и Аргентина одиграа пријателски меч на „Сигнал Идуна парк“ во кој двата селектори со ослабени тимови на крајот се задоволија со 2:2 реми, откако Аргентина успеа да се врати во второто полувреме по ужасниот старт.
Ѕвездата на Баерн Минхен, Серж Гнабри беше најдобриот во првото полувреме, откако постигна гол во 16. минута и му асистираше на Каи Хаверц за 2:0 во 22. минута и кога се мислеше дека момците на Јоаким Лев ќе стигнат до убедлива победа во репризата на финалето од Светското првенство во 2014 година, Аргентинците направија пресврт.
Напаѓачот на Баер Леверкузен, Лукас Аларио успеа да намали на 2:1 во 66. минута од мечот, а Лукас Окампос со голот во 85. минута покажа дека и Аргентинците знаат да играат 90 минути, онака на германски начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чеферин: Каде бевте во минатото? Пред 30 години Суперлига ќе формираа Нотингем, Порто, Црвена звезда, Стеауа, ХСВ…

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на 45. Конгрес на оваа организација, уште еднаш го осуди формирањето на Суперлигата. Во своето обраќање, тој им порачал на клубовите основачи, да се сетат каде биле пред 15, 20 или 30 години и да не го гледаат фудбалот само преку своите банкарски сметки. Во својот говор, Чеферин спомна и два клуба од Балканот, Црвена звезда и Динамо Загреб.
Веста дека 12 клубови (Реал, Барселона, Атлетико, Јувентус, Милан, Интер, Арсенал, Челси, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер сити) формираа своја лига, која ја нарекоа Суперлига, предизвика земјотрес во фудбалскиот свет.
„Каде беше Манчестер јунајтед во десенијата пред на сцената да стапи сер Алекс Фергусон. Се сеќавате? Каде беше Јувентус пред 15 години? Колку што знам во Серија Б. Доколку клубовите кои доминираа во европскиот фудбал пред 30 илим 40 години, се одлучеа да формираат Суперлига, како ќе изгледаше таа? Тука ќе беа Нотингем форест, Астон Вила, Хамбург, Стеауа, Порто, ПСВ Ајндховен, Црвена звезда. Тие тогаш беа кремот на европскиот фудбал. Во тие времиња тоа ќе беше Суперлигата. Но фудбалот се менува, а некои тоа не можат да го разберат. Тие ги гледаат промените само на своите сметки во банките“, рекол Чеферин и дополнил.
„Ти клубови што сега мислат дека се недопирливи, треба да се сетат откаде дојдоа. Терба да разберат дека ако сега се европски гиганти, тоа е и поради тоа што УЕФА 60 години ја брани идејата, само спортските резултати да бидат важни во натпреварувањата. Без УЕФА кој знае каде ќе беа…“
Моделот на Суперлигата многумина го споредија со НБА лигата и велат дека на овој начин европскиот фудбал ќе биде америкаризиран.
„Некои мислат дека за да успееме треба да копираме нечии друг модел. Но, не заборавите дека постои причина поради која европскиот фудбал е најпопуларен. Европскиот фудбал се темели на моделот кој успеа да му одолее на забот на времето. Ова е модел кој е заснован на различности. На натпреварите што ги организира УЕФА потребни и се Аталанта, Селтик, Ренџерс, Динамо Загреб, Галатасарај. Потребни ни се овие клубови. Луѓето мора да знаат дека во фудбалот се е можно, дека секој има шанса“.
Спорт
ФИФА до одметнатите клубови: Ќе мора да се соочите со последиците

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рекол дека оваа организација не ја поддржува Суперлигата и дека сите клубовите ќе треба да се соочат со последиците. На овој начин ФИФА ја поддржа УЕФА во борбата против одметнатите клубови.
„Денес сака да говорам за ковид-протоколите, за враќањето на фудбалот, за нашите деца и потребата да се занимаваат со спорт во безбедни услови. Сакав да говорам за местењето на натпревари, зло на кое мораме да го запреме. Сака да говорам за напредокот на Катар во организацијата на СП, за подготовките за СП за жени…Но, се се смени во последните два дена. Само една тема е важна. Читавме за војната и криминалот. Тешки зборови…Уште потешко е кога тие зборови се однесуваат на фудбалот. Зборува за проектот Суперлига. Сакам да бидам екстремно јасен. ФИФА е организација чии темел се цврсти принципи. Ние во ФИФА можеме само јасно и силно го оспориме основањето на Суперлигата. Таква креација ФИФА не може да поддржи“, порачал Инфантино на 45 Конгрес на УЕФА.
Првиот човек на ФИФА, потоа испрати јасна порака до клубовите кои решија да ја напуштат УЕФА и да основаат своја лига.
„Тие што решија да одат по овој пат ќе мора да се соочат со последиците. Ќе бидат одговорни за својот избор. Конкретно, или сте со нас или сте сами. Не можате малку да бидете овде, а малку на друго место. Тоа мора да биде јасно. ФИФА, исто како и УЕФА, е организација во која сите можат да ги кажат своите идеи и тие идеи да бидат разгледани. Но, членките секогаш мора да ги почитуваат институциите, првенствата и натпреварувањата“.
Спорт
Тим: Не сакав во Белград да испаднам во првото коло

Доминик Тим, требаше да биде една од ѕвездите на АТП турнирот од серијата 250 во Белград. Сепак, Австриецот, неколку дена пред почетокот на турнирот го откажа учеството поради повреда на коленото.
„Доколку дојдев во Белград со болката која ја чувствувам во коленото, сигурно ќе испаднев во првото коло. На тој начин ќе ја продолжев лошата низа, која започна во Дубаи и Доха. Морав да го спречам тоа. Поради тоа мислам дека донесов добра одлука кога решив да останам дома“, рекол Тим.
Австриецот се надева дека од Мастерсот во Мадрид ќе влезе во вистинска форма, која ќе му биде потребна за настап на вториот Гренд слем во сезоната, Ролан Гарос.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?