Спорт
Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2020
УЕФА и Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) постигна необичен договор, да разменат судии за престојните континентални шампионати.
Според овој договор, прв пат во историјата на европските првенства, правдата ќе ја дели, неевропски судија. Станува збор за Аргентинецот, Фернандо Рапалини.
Историја ќе испише и Шпанецот, Хесус Хил Манзано, кој ќе суди на Копа Америка.
Рапалини има 43 години, фудбалски судија е од 2006 година, пет години потоа стана елитен судија. Знакот на ФИФА го носи од 2014 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона го декласира Атлетик Билбао
Фудбалерите на Барселона први обезбедија место во финалето на шпанскиот Суперкуп. Во Џеда, Барселона го декласира Атлетик Билбао со 5:0.
Сè беше решено во временски период од само 16 минути кога Барса постигна дури четири гола.
Четири различни играчи ја погодија мрежата на шпанскиот репрезентативец Унаи Симон, а воедно ги поделија и асистенциите меѓу себе:
Феран Торес во 22-та минута, Фермин Лопес во 30-та, Бардџи во 34-та и Рафиња во 38-та.
— OvoOno (@OvoOnoX) January 7, 2026
Таму каде што застана во првото полувреме, Рафиња продолжи во второто полувреме, во 52-та минута, го постигна петтиот гол за својот тим.
Каталонскиот клуб ќе го знае својот противник во финалето во четврток кога се игра големото мадридско дерби помеѓу Реал и Атлетико.
Foto/ EPA
Спорт
Елмас стартер – Наполи не успеа да ја победи Верона
Фудбалерите на Наполи, се спасија од пораз на домашен терен против еден од најслабите тимови во Серија А, Верона. Натпреварот на „Диего Марадона“ заврши 2:2. Елиф Елмас играше од почетокот, одигра просечен натпревар до моментот кога беше заменат во 63-та минута.
Ситуацијата не беше поволна за тимот на Антонио Конте, откако во првите 30 минути бидејќи Вања Милинковиќ-Савиќ два пати беше совладан. Фрезе, а потоа и Орбан од „белата точка“ успеаја да и донесат голема предност на Верона.
Домашниот тим на полувремето успеа да се реорганизира и да намали во 54-та минута преку Скот Мектоминеј, во 72-та минута ВАР го поништи голот на Расмус Хојлунд, а десет минути подцна капитенот Џовани Џовани Ди Лоренцо спаси бод за Наполи.
Наполи сега има натпревар повеќе и бод помалку од лидерот Интер. Тие се трети бидејќи Милан има подобра гол-разлика. Верона со овој бод се искачи на 18-та позиција на табелата.
Foto/ EPA/CIRO FUSCO
Спорт
Нигеријците одбија да патуваат на натпреварот со Алжир
Репрезентативците на Нигерија, блескаат на Африкански куп на нации и, како што играа досега, се меѓу првите фаворити за титулата заедно со домаќинот Мароко.
„Супер орлите“ одлетаа во четвртфиналето со четири последователни победи, три во групата, а потоа и убедливи 4:0 на почетокот од нокаут фазата, против Мозамбик.
Сепак, кога требаше да заминат од Фез за Маракеш, Виктор Осимен, Адемола Лукман, Алекс Ивоби, Вилфред Ндиди, Самуел Чуквезе и други изјавија дека не одат никаде додека Фудбалската асоцијација не ги исплати бонусите за победите во првиот дел од турнирот.
„Играчите и тренерскиот штаб на нигериската репрезентација сè уште чекаат на исплатата на бонусот за АКН 2025. Бонусите за победите во четирите натпревари – против Танзанија, Тунис, Уганда и Мозамбик – сè уште не се исплатени. Тимот е сè уште фокусиран, но нема да тренира ниту да патува во Маракеш во четврток доколку ова прашање не се реши“, објавува новинарот на порталот „Nigeria Stories“.
Научени од претходните искуства, дека на играчите никогаш не им се исплаќаат бонуси откако тимот ќе се врати од турнирот, Нигеријците поставија ултиматум – или исплата на бонусите или нема да го играат натпреварот со Алжир, на 10 јануари во 17 часот.
Дотогаш има доволно време претседателот на Федерацијата, Ибрахим Муса Гусау и неговите соработници да ги измират своите обврски кон репрезентативцие.

