Спорт
Аријан Адеми ја заврши репрезентативната кариера
Аријан Адеми се прости од репрезентацијата на Македонија. Одлуката на Адеми ја соопшти , селекторот на репрезентацијата, Благоја Милевски.
Адеми (32) заминува во пензија од лични причини. За својата репрезентација настапи 30 пати и постигна четири гола. Дебитираше во 2014 година, а круна на репрезентативната кариера е настапот на Европското првенство во 2021 година.
„Посебно жалам за отсуството на Аријан Адеми, кој поради лични причини реши да ја заврши репрезентативната кариера. Имав разговор со него, тој е категоричен во својата одлука. Ќе ни недостига како личност и фудбалер. Чувствуваше дека време беше да ги заврши настапите во репрезентацијата. Треба да му се заблагодариме за придонесот. Предложивме да организираме збогување на некој од следните натпревари. На него е да одлучи дали ќе биде против Хрватска во јуни во Риека или на првиот домашен натпревар во Скопје“, изјави селекторот Милевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи
Се повеќе се зборува дека Евролигата би можела да брои 20 екипи од следната сезона. Како што пренесува порталот Јурихупс, ваквиот развој на настаните може да доведе до промена на форматот на натпреварувањето.
Новинарот Арис Баркас наведува дека раководството на Евролигата, предводено од Дејан Бодирога и Паулиус Мотејунас, на тимовите со лиценца „А“ им претставило план за проширување на натпреварувањето на 20 екипи. Предлогот е тимовите да бидат поделени во две конференции (се уште не се знае дали според географски критериуми), а во регуларната сезона секој клуб би одиграл по 28 натпревари.
Се претпоставува дека системот на натпреварување би бил следниов: секој тим ќе одигра 18 натпревари од регуларната сезона против тимови од својата конференција (дома-гости). Дополнително, секој тим би одиграл по еден натпревар против ривали од друга конференција, пет дома и пет на гости.
Ваквата промена би била значително полесна за организаторите и учесниците отколку да го остави стариот систем. Доколку форматот на лигата остане ист, тоа би значело дека тимовите од Евролигата ќе одиграат 38 натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната, а бројот на таканаречените „двојни недели“ да се зголемат од седум на девет.
Засега не се знае кој систем ќе биде усвоен, но се поизвесно е дека ќе дојде до проширување на 20 клубови.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на Реал во Манчестер, Јувентус го победи ПСВ, Борусија убедлива во Лисабон
Реал Мадрид победи на гостувањето кај Манчестер сити со 3.2, откако постигна два гола во периодот од 86. до 92.минута. Бранителот на трофејот е чекор поблиску до пласман во осминафиналето. Таму речиси сигурно е Борусија Дортмунд, „милионерите“ во Лисабон го победија Спортинг со 3:0. Јуентус со предност од еден гол ќе патува на реваншот в Ајндховен, откако го победи ПСВ со 2:1.
Спектакуларен натпревар одиграа Сити и реал на „Етихад“ во Манчестер. Актуелниот првак победи и покрај тоа што Ситидва пати водеше.
Реал беше подобриот тим на теренот, но до 60.минута не ги користеше своите шанси, а ги имаше многу.
Сити дојде до предност во 19.минута кога акцијата која ја започна Гвардиол ја заврши со гол. Реал изедначи во 60. преку Мбпае,
Халнад му ја врати предноста на Сити во 80.минута, со гол од пенал, откако претходно Себаљос напраби наивен фаул врз Фоден.
Одбраната на Манчестер сити, во текот на целиот меч не блескаше, а Реал дри во финишот го искористи тоа.
Брахим Дијаз само што влезе во игра во 86.минута налета на одбиената топка по обидот на Винисиус и одбраната на Едерсон и ја смести во голот.
Во 92.минута грешка најпрвин на Ковачиќ потоа и на Рико Луис, Винисус го префрли Едерсон, топката ја следеше Белингем и ја спроведе во голот.
Спорт
(Видео) ПСЖ со една нога е во осминафиналето, Дембеле ја режираше убедливата победа во Брест
Фудбалерите на ПСЖ можат да се подготвуваат за осминафиналето во Лигата на шампионите. На отворањето на нокаут фазата во Лигата на шампионите, првиот плејоф натпревар против Брест на гостински терен со 3:0.
ПСЖ славеше со головите на Витиња од пенал во 21.минута и Дембеле во 45. и 66.минута. За францускиот репрезентативец во 2025 година веќе постигна 15 голови.
Покрај двата негови гола, тој натпреварот го обележа со неверојатното промашување во 58.минута, кога беше сам пред голманот Бозот, но шутираше крај голот.
ПСЖ ја оправда фаворитската улога во француската пресметка, иако Брест се покажа во добор издание.
Имаше шанса Брест во првиот дел преку Сима, а потоа минута пред голот на Дембеле, Хакими ќе си постигнеше автогол, ударот заврши во стативата.