Спорт
„Армада“ им подготвува пекол на Ристовски и Јакировиќ

Foto/ Index.hr
Дербито од 14. коло на првенството на Хрватска, но и од досегашниот дел од сезоната, во недела од 19 часот на „Рујевица“ ќе го одиграат Риека и Динамо.
Навивачката група на Риека „Арманда“, се подготвува жестоко да ги пречека некогашните нивни миленици, Стефан Ристовски и тренерот Сергеј Јакирович.
Низ улиците на Риека се појавија транспаренти со пораки упатени до нив двајца.
„Јакир, Ристовски ве чека пекол“.
Ристовски беше клучен играч на Риека во нејзината најуспешна сезона во историјата. Во 2016/17 година ја предводеше до двојната круна. После тоа замина во Спортинг Лисабон. Од Португалија се врати во Хрватска, но и во Динамо. Во Динамо, поранешниот македонски репрезентативец стана еден од најдобрите играчи, лидер и миленик на навивачите. Армада не може да го прифати тоа и го исвиркува и навредува.
Но, не е ништо како „Арманда“ реагира на Јакировиќ. Кон средината на минатата сезона тој ја презеде Риека која одеше кон Втората лига. До крајот на сезоната имаше сензационален преродба и избори место во европските куповиза европско место. Во ист стил ја започна и новата, актуелна сезона, со победи во првенството и Лига Европа.
Но неколку дена пред клучниот меч против Лил, обожаваниот тренер шокантно ја напушти Риека за да го преземе, за „Арманда“, омразениот Динамо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бускет се подготвува за пензија

Серхио Бускетс планира да ја заврши својата богата кариера на крајот од сезоната 2025 во американската МЛС лига, кога ќе завршат неговите обврски во Интер Мајами.
37-годишниот играч од средниот ред, кој освои 32 трофеи со Барселона и имаше 143 настапи за Шпанија, одлучи да се пензионира две години откако му се придружи на Лионел Меси во Интер Мајами.
Според извештаите што доаѓаат од САД, Бускетс изјавил дека ќе се пензионира кога ќе му истече договорот со Интер Мајами на крајот од 2025 година.
Поранешниот светски шампион отворено наговести дека крајот е близу, признавајќи минатото лето дека е „многу поблиску до завршување на кариерата отколку до нејзино продолжување“. Иако засега нема официјална потврда, се верува дека наскоро ќе следи соопштение.
Пензионирањето на Бускетс ќе го означи заминувањето на еден од најтрофејните и најинтелигентните играчи од средниот ред во историјата на фудбалот. За Интер Мајами, тоа значи губење на клучен играч кој, заедно со Меси и Жорди Алба, го формираше ‘рбетот на нивниот проект инспириран од Барселона.
Неговото заминување ќе создаде голема празнина, иако очекуваното продолжување на договорот на Меси обезбедува стабилност за клубот од МЛС во наредниот период.
Кој е Серхио Бускетс – легенда на Барселона
Производ на Ла Масија, Бускетс го имаше своето деби за Барселона во 2008 година под водство на Пеп Гвардиола и одигра вкупно 722 натпревари, што е трет најголем број настапи во историјата на клубот.
Тој стана синоним за стилот на игра „тики-така“ на Барселона, освојувајќи девет титули во Ла Лига и три во Лигата на шампионите. Според извештаите во Шпанија, тој би можел да се врати во Барселона во улога надвор од теренот, а не е исклучена можноста да стане тренер или клупски амбасадор.
Спорт
Играчите на ПСЖ се зафатени – само еден ќе дојде до наградата „Златна топка“

Ниту еден од фудбалерите и членовите на тренерскиот штаб на Пари Сен Жермен нема да се појави на гала-церемонијата за доделување на Златната топка, која ќе се одржи во вечерва во 20 часот.
Поточно, тие се спречени да се појават, бидејќи токму во тој момент тимот на Луис Енрике ќе го игра најголемото дерби на Франција против Марсеј на гостински терен.
Дуелот требеше да се одигра во недела, но беше одложен за 24 часа поради бури и обилни врнежи од дожд во тој дел од Франција.
Ова значи дека многу членови на ПСЖ, вклучувајќи ги Витиња, Хакими и тренерот Луис Енрике, нема да можат да присуствуваат на гламурозниот настан.
Исклучок е Усман Дембеле, кој е повреден и сигурно не би играл, а неговото присуство е можеби поважно од било кој друго соиграч, бидејќи тој е главен фаворит за добивање на престижната награда за најдобар фудбалер во светот.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, сметаше дека е незамисливо неговите играчи да ја пропуштат церемонијата на доделување на „Златната топка“ и предложи натпреварот да се игра порано во недела, попладне.
Сепак, Марсеј одби од почит кон своите навивачи, а Лига 1 застана на страната на Олимпик и потврди дека натпреварот ќе остане закажан за 20 часот во понеделник.
Спорт
(Видео) Барселона без мака го победи Хетафе

Фудбалерите на Барселона го затворија 5-то коло од шпанската Ла Лига со победа од 3:0 (2:0) над Хетафе.
Херој на победата беше Феран Торес, кој го трасираше патот на Барса до победата со два гола во првото полувреме.
Прво постигна гол во 15-та минута, а потоа и во 34-та минута, по што сè беше решено во раната фаза.
Во второто полувреме, Дани Олмо само стави точка на победата со прекрасен гол во 62-та минута.
Барса се врати на второто место со 13 бода.
Хетафе остана на осмото место со девет бода на своето конто.