Контакт

Спорт

Армстронг за Погачар: Еден од најдобрите настапи во велосипедизмот

Објавено пред

Ленс Армстронг, еден од најголемите измамници во историјата на спортот, му ја честиташе победата на Тур д’Франс на Словенецот Тадеј Погачар. Човекот на кого поради допинг му беа одземени сите седум титули на најпрестижната трка во светот на велосипедизмот се огласи на „Твитер“ по сензационалната победа на Погачар на вчерашниот хронометар.

„Ова беше еден од најдобрите настапи во историјата на велосипедизмот. Апсолутно неверојатна победа на Тадеј Погачар“, напишал Армстронг.

Погачар во претпоследната етапа, хронометарот долг 36,2 километри, успеа да ја стигне и престигне предноста од 57 секунди на сонародникот Примож Роглич.

22 годишникот имаше за речиси две минути подобро време од Роглич и во пресрет на денешната последна етапа има 59 секунди предност во однос на повозрасниот сонародник.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Најлудиот „зомби“ ММА нокаут доаѓа од Русија

Објавено пред

ММА фајтерот Вјачеслав Птицин го оствари еден од најлудите нокаути во историјата на мешовитите борби, откако го „уништи“ својот ривал Вјачеслав Расловец со таканаречен „стоечки нокаут“ на МФП 232 шоуто на рускиот далечен исток во Владивосток.

Птицин успеа да го „закачи“ противникот со убиствен удар, по што Расловец остана на нозе во кафезот пред судијата да го прекине мечтот и да го постави на подот.

МФП федерацијата објави дека Расловец нема физички последици од реткиот нокаут.

Прикажи повеќе...

Спорт

Карагер во одбрана на Бензема: И јас сум го правел истото!

Објавено пред

Легендарниот англиски дефанзивец, Џејми Карагер (42) застана во одбрана на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема кој на полувремето на мечот на „Кралевите“ против Борусија Менхенгладбах на соиграчот Менди му сугерира да не му ја подава топката на Винисиус.

„Тоа што го стори Бензема е нешто што и јас самиот го правев, а ако јас тоа сум го рекол за некој друг, можам да гарантирам дека истото некој го рекол и за мене“ вели Карагер.

Екс-дефанзивецот на Ливерпул објасни дека постојат две страни.

„Постои една страна, ако мислите дека со тоа навистина и помагате на својата екипа, што мислам дека е случај во оваа ситуација. Постои и опција поради тоа што двајцата се напаѓачи, ако Бензема тоа му го рекол од себични причини, тогаш тоа не е во ред“ смета Карагер.

Во секој случај, Англичанецот смета дека ваквиот тип „озборување“ е оправдан.

„Ако некој игра лошо, тогаш јас сум бил во истата ситација многупати, што на полувреме, што на тренинг. Често му велите на голманот `Фрли ја топката на другата страна, тој се мачи и игра лошо. Додај му на десниот бек, немој на левиот`. Тоа не е нешто што не се случува, само што Французинот го фатија“ – смета екс-фудбалерот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лекар го „трола“ Роналдо: Добро ќе ни дојдеш против офталмолозите!

Објавено пред

Кристијано Роналдо беше бесен што не може да настапи на синоќешниот дуел на Јувентус во Торино против Барселона и Лео Меси. Тој е во карантин оти е позитивен на коронавирусот, а последниот тест го направи на 24 часа пред натпреварот.

CR7 објави фотографија и напиша дека „се чувствува добро“, а подолу во коментар напиша дека „ПЦР тестот е сра.е“.

На овој коментар на португалскиот ас реагираше италијанскиот лекар, Роберто Буриони.

„Добредојде за колегата Кристијано Роналдо во нашата група на виролози. Добро ќе ни дојдешн на следниот меч против офталмолозите“ напиша Буриони.

Инаку синоќа, Барселона во отсуство на Роналдо го победи Јувентус со 2-0.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија1 час

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет3 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија4 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија5 часа

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија5 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија7 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија9 часа

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија9 часа

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет9 часа

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија11 час

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија11 час

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет11 час

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија12 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија12 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа22 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија22 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија23 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија1 ден

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет1 ден

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Досие