Спорт
Арнаутовиќ е голем играч, ама „мал“ човек – се „закачи“ со Алиоски

Фудбалската селекција на Австрија со 3-1 ја совлада Македонија во првиот меч од групата Ц на Европското првенство.
Третиот гол во мрежата на Димитривски беше дело на нововлезениот Марко Арнаутовиќ кој веднаш по погодокот непримерно му се нафрли на нашиот играч – Езѓан Алиоски.
Не ја знаеме причината за кавгата, но гестикулациите на фудбалскиот ветеран направија грда слика во финишот на мечот.
И по крајот на дуелот двајцата фудбаери се обидоа да ги разјаснат недоразбирањата, но се чини дека не успеаја во тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чеферин: Срамна е состојбата на стадионите во Италија

Александар Чеферин ја критикуваше состојбата на стадионите во Италија и тврди дека таа е полоша во Италија отколку во која било друга голема фудбалска земја во Европа.
Пред реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во кој Интер ќе се сретне со Барселона, претседателот на УЕФА разговараше со „СпортМедијасет“, меѓу другото, зборуваше за стадионот „Џузепе Меаца“ и неуспешниот обид тој да биде местото каде што ќе се игра финалето на Лигата на шампионите.
„Мислам дека фудбалската инфраструктура во Италија е срамна“, рече Чеферин.
„Вие сте една од најголемите фудбалски земји, ги освоивте светските и европските првенства, Лигата на шампионите. А во исто време, имате најлоша инфраструктура меѓу големите фудбалски земји. Веќе сум малку уморен од овие приказни за инфраструктурата во Италија. Сè завршува само со приказни. Се надевам дека Италија ќе направи нешто. Клубовите имаат потреба од помош од државата, локалните заедници, па дури и од приватните инвеститори. Време е да се реагира, ситуацијата е исклучително лоша“, рече Чеферин и дополни дека е сигурен дека „Италија ќе биде домаќин на Европското првенство во 2032 година“.
Сите очекуваат заедничката кандидатура на Турција и Италија да добие зелено светло за домаќинство на ЕП 2032, но најновите изјави од првиот човек на УЕФА се јасно предупредување до Италија дека треба посериозно да ја сфати работата што треба да се заврши.
Спорт
Шестмина нема да биде во Реал кога ќе дојде Чаби Алонсо

Чаби Алонсо (43) би можел да го наследи Карло Анчелоти (65) и да стане тренер на Реал Мадрид следната сезона. Поранешниот шпански фудбалер, кој го предводеше Баер Леверкузен до двојната круна минатата сезона и претрпе само пораз во финалето на Лига Европа, наводно веќе преговара со „кралскиот клуб“.
„Дефенса Централ“ пишува дека добил список со имиња на шест играчи на Реал кои би можеле да го напуштат клубот во летниот преоден рок.
На некои од нив клубот веќе не смета, за други чекаат добри понуди, додека некои би можеле да побараат трансфер, но засега не е потврдено ниту едно заминување.
Фудбалерите кои би можеле да го напуштат Реал во летниот преоден рок, според „Дифенса Централ“:
1. Андриј Лунин (голман), 26 години, 12 настапи во сезоната
2. Хесус Ваљехо (дефанзивец), 28 години, 1 настап во сезоната
3. Ферланд Менди (лев бек), 29 години, 31 настап во сезоната
4. Лукас Васкез (десен бек), 33 години, 47 настапи по сезона
5. Лука Модриќ (ред за врска), 39 години, 52 настапи во сезоната
6. Родриго (напаѓач), 24 години, 50 настапи во сезоната
Шпанските медиуми објавуваат дека името на Родриго на списокот е изненадување со оглед на тоа што тој беше стандарден член на првиот тим во текот на целата сезона, а во последните изјави тој нагласи дека сака да остане во Реал уште многу години.
Спорт
На повидок нова размена помеѓу Лејкерси и Далас

Лејкерси имаат очајна потреба од центар и го пронајдоа во Далас, па затоа се очекува уште една размена на играчи меѓу овие два тима во следниот период.
Франшизите од Калифорнија и Тексас засекогаш ќе бидат поврзани, без разлика дали им се допаѓа или не, поради историската размена на Лука Дончиќ што се случи оваа сезона и заминувањето на Ентони Дејвис во спротивна насока.
Како што стојат работите, тоа нема да биде единствената високопрофилна размена на овие две организации за само неколку месеци.
Добро информираниот НБА инсајдер, хроничарот на Далас, Тим Мекмахон, тврди дека центарот на Маверикс, Даниел Гефорд, ќе биде разменет во Лејкерс, за Руи Хачимура.
„Езерџиите“ на овој начин би го решиле горливото прашање на центарската шпозиција.
Во исто време, тие би му донеле на Дончиќ добро познато лице и играч со кого имал одлична соработка на теренот во дресот на Далас, а навикнувањето на новата средина и играта на Лејкерс би било поедноставно за Гефорд.
Од друга страна, Хачимура би бил квалитетно засилување во составот на Далас, со просек од 13,1 поен и 5 скока по натпревар оваа сезона, што му дава на тимот на Џејсон Кид дополнителна сила во надворешната линија.