Спорт
Арно не се откажува од Милан – сега понудата е 975 милиони евра

Шпекулциите кои го поврзуваат најбогатиот Европеец, Бернар Арно, со славниот Милан не престануваат, откако италијанскиот весник „Ла република“ тврди дека тој ја зголемил својата понуда на 975 милиони евра.
Арно, со богатство од 93 милијарди евра, како газда на „Луј Витон“ и повеќе други компании, подолго време е заинтересиран за „росонерите“, кои сега се во сопственост на „Елиот менаџмент“, американската компанија која го „наследи“ клубот откако претходниот газда, Кинезот Ли Џонгхонг, не ги плаќаше долговите.
Пол Сингер, сопственикот на „Елиот“ ,наводно барал 1 милијарда и 200 милиони евра за Милан, но по катастрофалната форма на тимот, се согласил на „попуст“. Останува да се види дали овојпат има вистина во шпекулациите.
Repubblica – Milan, si attende la risposta di Singer all’offerta di Arnault per il club rossonero: 975 mln https://t.co/N7BOEIgikw
— MilanNews.it (@MilanNewsit) December 27, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мундијалот се менува – ова не било видено досега

Следното финале на Светското првенство, во 2026 година, за прв пат во историјата ќе има шоу на полувреме.
Финалето кое ќе се одржи во САД во 2026 година ќе „украде“ нешто од американскиот фудбал, поточно Суперболот, а тоа е популарното „шоу на полувреме“.
Ова го потврди претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, откривајќи новина каква што досега не е видена на Светско првенство од првото во Монтевидео во 1930 година.
„Ова ќе биде историски момент за Светското првенство во ФИФА и ќе биде шоу што доликува на најголемиот спортски настан во светот“, рече Инфантино.
Во организацијата на шоуто ќе се вклучи движењето „Глобал ситизен“, како и музичката група „Колдплеј“, која беше дел од споменатиот „Супербол“ во 2016 година, кога специјални гости беа Бруно Марс и Бијонсе.
Засега не е познато дали овој настан ќе влијае на продолжувањето на полувремето од сегашните 15 минути, максимум што може да трае според сегашните правила.
Финалето на следното Светско првенство ќе се одржи на Метлајф стадионот во Њу Џерси на 19 јули 2026 година.
Спорт
Вардар го ја доби градската пресметка против Работнички, Струга во дербито ја победи Шкендија, Силекс ја декласира Беса

Фото/ facebookFKVardarSkopje
Вардар во градското дерби го победи Работнички, Струга убедливо славеше над лидерот Шкендија, а Силекс ја декласира Беса. По 22.коло во домашниот шампионат, Шкендија сега има два бода повеќе од Силекс и три од Гостивар, Работнички по поразот од Вардар падна на четвртото место.
Во тренинг центарот на ФФМ, Работнички го пречека Вардар. Дуелот им припадна на „гостите“. Откако Омерагиќ не реализира пенал, Вардар вво водство дојде со голот на Спахиу во 36.минута. Победата на црвено-црните ја потврди Мато во 91.минута.
Струга во интервал од 17.минута ја реши Шкендија. Радиќ го постигна првиот гол во 51.минута, на 2:0 зголеми Радески во 68., а пет минути подоцна Радиќ со својот втор гол стави точка на натпреварот.
Силекс со пет гола ја торпедираше Беса. Пет различни играчи ги постигнаа головите за Силекс: Алиќ, Ѓорѓиевски, Хрвановски во првото и Усман и Донов во второто полувреме.
Драматични победи забележаа Тиквеш и Гостивар.
Тиквеш со голот на Садик во 89.минута го победи Шкупи. Гостите од Скопје од 26.минута играа со фудбалер помалку, кога Кадриу го доби вториот жолт картон.
Плеситер со голот на Бопковски во 65.минута ја победи Воска спорт.
Табела:
Спорт
Ентони нема намера да се враќа во Манчестер

Антони, според многумина најлошото засилување во историјата на Манчестер јунајтед, одлично ја започна кариерата во Бетис.
Бразилецот на крајот од зимскиот преоден рок ја прифати понудата на Бетис до крајот на сезоната да игра на позајмица на „Бенито Виљамарин“ и тоа дефинитивно беше добра одлука.
На седум натпревари, Антони постигна три гола и забележа две асистенции, со што ја врати самодовербата и формата.
Како што стојат работите, Бразилецот сака да го продолжи престојот во Бетис за најмалку уште една година, односно да ја продолжи позајмицата до летото 2026 година, за да се наметне во репрезентацијата за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Оваа вест ја навести и извршниот директор на Бетис, Рамон Аларкон.
„Ми беше кажано дека Антони сака да остане уште една година во Бетис. Играчот се чувствува многу удобно, и на теренот и надвор од него, бидејќи направивме се за да му олесниме да се прилагоди на животот во нашиот град од првиот ден кога пристигна”, изјави Аларкон.
Како што сега стојат работите, Бетис нема да има пари да го откупи Антони, бидејќи Јунајтед го преплати, кога плати за него речиси 100 милиони евра и сака да врати барем половина од инвестицијата.
Шпанците сигурно не се во можност да платат 50 милиони за ниту еден играч, но би ја искористиле волјата и желбата на фудбалерот да остане на позајмица до летото 2026 година.
Бразилецот изјави дека не сака да се врати во Јунајтед, каде што не е среќен и не може да ја најде вистинската форма.