Спорт
Арсенал го победи Тотенхем – Едегард и Лаказет ја поништија „Рабоната“ на Ламела

Дербито на северен Лондон, кое се одигра вечерва во Премиер лигата, им припадна на фудбалерите на Арсенал. „Топџиите“, со пресврт го победија Тотенхем со 2:1 (1:1). Трагичар на натпреварот е Ерик Ламела, кој постигна спектакуларен гол во првиот дел, а во второто полувреме беше иклучен. ТМенаџерот на Арсенал, Микел Артета, прв пат во кариерата доби натпревар против екипа која ја предводи Жозе Мурињо.
Со исклучок на првите 20 минути, Арсенал и Тотенхем одиграа одличен натпревар. Првиот дел го обележаа двете стативи кои ги погодија играчите на Арсенал, преку Смит-Роу и Седрик Соареш.
Во 33.минута го видовме најубавиот момент во досегашниот дел од сезоната. Ламела, кој во игра влезе во 19.минута, по повредата на Сон, постигна спектакуларен гол со „Рабона“.
Тотенхем сепак не успеаја да ја сочуваат предноста до крајот на полувремето. Во претпоследната минута израмни Едегард. За Норвежанецот ова е деби гол во Премиер лигата и втор на последните два натпревари, откако погоди и во четвртокот против Олимпијакос во Лига Европа.
Арсенал во 64.минута добија пенал, кој во гол го претвори Лаказет.
Во периодот од 69. до 76.минута Ламела доби два жолти картони и беше исклучен.
Последните десет минути им припаднаа на Тотенхем. И со фудбалер помалку тие извршија жесток притисок но немаа среќа. Кејн во претпоследната минута го погоди дирекот, а одбиената топка ја зафати Санчез, но од гол линијата топката во корнер ја исфрли Габриел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дармијан ги донесе Интер чекор поблиску до титулата

Интер се вратија на 11 поени предност пред Милан на само 9 кола до крајот на италијанскиот шампионат, откако Матео Дармијан беше „џокерот“ на Антонио Конте за тешка 1:0 победа над Каљари во првиот неделен меч во Серија А.
По тивкото прво полувреме, во кое имаше малку шанси на двете страни, Интер се мачеше со цврстата игра на гостите од Сицилија, за конечно, Дармијан да се најде на вистинското место во 77. минута од мечот по асистенцијата на Ашраф Хакими и една убава акција на „нераѕурите“.
Со победата Интер има 74 поени, пред Милан со 63 и Јувентус со 59, на само девет кола пред крајот на шампионатот, така што титулата веќе им се насмевнува на „Џузепе Меаца“.
Le but du titre pour Darmian et pour l’Inter. pic.twitter.com/lRhiad7Sua
— Maël Larcher (@LarcherMael) April 11, 2021
Спорт
Најубавиот гол викендов го постигна дефанзивец во Аргентина

Дефанзивецот на Сан Лоренцо, Габриел Рохас сигурно мора да влезе во изборот за најубав гол оваа сезона, познатата „Пушкаш награда“ на ФИФА, откако имаше неверојатни „ножички“ против Платенсе во аргентинската Примера.
23-годишниот лев бек се најде на работ на шестнаесетникот, за фантастично да ја исконтролира топката и да постигне гол од 20-тина метри. Со голот, Сан Лоренцо поведе со 3:2, за потоа да додаде уште еден гол и да се искачи на второто место на табелата.
Уште поневеројатно, ова е прв гол во професионалниот фудбал за Рохас, кој дебитираше за Сан Лоренцо во 2016 година.
EL GOLAZO DE GABRIEL ROJAS, EN CAMINO AL PREMIO PUSKÁS 🤩🔝
👉 La FIFA detectó el hermoso tanto del defensor de @SanLorenzo para su preselección de entre 50 y 60 goles para elegir al mejor gol del año pic.twitter.com/zFuye0f5JC
— TNT Sports Argentina (@TNTSportsAR) April 10, 2021
Спорт
УЕФА се сомнева на два наместени меча во Србија

УЕФА пратила порака до Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) околу сомнеж за два наместени меча во оваа земја, поради високи уплати на кладилниците во Европа и Азија, тврди „Спортклуб“.
Вниманието на УЕФА го предизвикале големите парични средства уплатени на два натпревари минатиот месец, од кои на едниот имало неверојатни уплати на далечниот Исток во „обложување во живо“.
Според „Спортклуб“, неколку фудбалери се под сомнеж дека учествувале во местенката. Во Србија случајот ќе го испитува Светислав Ѓуровиќ, поранешниот полицаец, кој оваа година беше именуван за главен за интегритет на фудбалот во ФСС.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш