Спорт
Арсенал го прати Белјерин во Бетис и го купи Томијасу од Болоња
Арсенал го прати Ектор Белјерин на заем во Реал Бетис откако Шпанецот една деценија помина во лондонскиот клуб и тој првпат ќе игра во својата татковина.
26-годишниот Белјерин, кој е трикратен освојувач на ФА-купот со Арсенал, е пратен на заем без можност за купување. Тој пристигна во Арсенал како 16-годишник и помина низ младинскиот систем на клубот и беше постојан првотимец и под Арсен Венгер, Унаи Емери и Микел Артета.
На негово место „топчиите“ го донесоа јапонскиот интернационалец Такехиро Томијасу од Болоња за 16 милиони фунти и ќе го добие бројот 18 во северен Лондон. 22-годишниот Томијасу беше цел на повеќе клубови откако импресионира под Синиша Михајловиќ од приклучувањето на тимот во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Олимпискиот шампион во скијачки скокови има фобија од височина
Германскиот ски-скокач Филип Рајмунд, кој јавно призна дека се плаши од височина, во понеделникот, освои олимписко злато, на малата скокалница, на Зимските олимписки игри Милано и Кортина.
Минатата година, токму поради неговиот страв од висина, тој беше принуден да се повлече од еден натпревар, за што отворено пишуваше на социјалните мрежи во тоа време.
„Многумина од вас веќе ме прашаа зошто не скокам, па еве објаснување. Како што некои од вас веќе знаат, имам страв од височина“, напиша Рајмунд на Инстаграм откако се повлече од натпреварот во Словенија минатиот март.
Потоа тој истакна дека најчесто успева да го држи тој проблем под контрола, и тоа, како што се испостави, беше случај и во финалето на Олимписките игри.
„Обично проблемот е што имам премногу сила во нозете и поради тоа моето движење е малку нестабилно. Па сега знаев дека само треба да се исправам и да го пуштам скокот да оди“, рече Рајмунд откако го освои златото.
Со најдобар скок од 106,5 метри и вкупно 274,1 поени, Германецот го победи Полјакот Качпер Томашак, кој освои сребро, додека Јапонецот Рен Никаидо и Швајцарецот Грегор Дешванден го поделија бронзениот медал.
Рајмунд пристигна на своите први Олимписки игри како шести скокач во светот. Пред ова натпреварување, неговиот најдобар резултат беше четвртото место на Светското првенство во екипна конкуренција, како и со само една победа во Светскиот куп, и тоа во мешана екипна конкуренција.
„Никогаш не сум победил на натпревар од Светскиот куп, а сега сум олимписки шампион и веројатно ќе бидам познат по тоа до крајот на животот, бидејќи имам златен медал. Навистина е неверојатно“, рече Рајмунд.
Foto/ EPA
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA

