Спорт
Арсенал ја зголеми понудата за Деклан Рајс

Арсенал и Манчестер Сити, oткако имаа огромна битка за титулата во Премиерлигата, сега се борат за играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс. Арсенал ќе испрати уште една понуда откако беше одбиена онаа од 87 милиони евра, плус 13 милиони евра.
Понуда многу брзо ќе испрати и Манчестер Сити, а за Вест Хем клучни ќе бидат самата структура на трансферот и условите за обештетувањето.
Микел Артета инсистира англискиот репрезентативец да дојде на „Емирати“, па Арсенал е подготвен да плати 100 милиони евра одеднаш, без дополнителни услови и рокови при исплаќањето.
Сепак, сигурно и Пеп Гвардиола нема да остави на случајност и ќе нареди и Манчестер Сити да ја зголеми понудата за Деклан Рајс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Донарума: Одлуката на тренерот ми го скрши срцето

Џанлуиџи Донарума стави крај на својата епизода во ПСЖ. Голманот јавно објави и потврди дека ќе го напушти европскиот шампион до крајот на летниот преоден рок и дека потегот на Луис Енрике целосно го разочарал и му го скршил срцето.
Во претходните четири години, Донарума беше прв голман на ПСЖ и еден од најзаслужните што овој тим конечно стигна до титулата во Лигата на шампионите минатата сезона.
Сепак, на почетокот од подготовките за новата сезона, овој 26-годишник ги шокираше сите со одлуката да одбие продолжување на договорот, што беше јасен знак за ПСЖ дека мора да се ослободат од него што е можно поскоро.
Дека не сметаат на Донарума стана јасно кога Луис Енрике не го зеде во ростерот за мечот во Суперкупот на Европа. ПСЖ вечерва ќе игра против Тотенхем.
„Од првиот ден откако пристигнав во клубот, дадов сѐ од себе и надвор и на теренот за да го заслужам моето место на голот на ПСЖ. За жал, некој одлучи дека повеќе не можам да бидам дел од овој тим, што ме разочара и ми го скрши срцето“, рече Донарума и додаде.
„Се надевам дека ќе имам шанса уште еднаш да ги погледнам во очи навивачите на „Паркот на принцовите“ и да се збогувам со нив како што треба. Ако тоа не се случи, треба да знаете дека вашата поддршка ми значеше сè и никогаш нема да го заборавам тоа.“
„Сакам да им кажам на моите соиграчи дека тие се моето второ семејство и им се заблагодарувам за секоја битка, смеа и момент што го споделивме. Вие секогаш ќе бидете мои браќа. Играњето за овој клуб и живеењето во овој град беше голема чест за мене. Ти благодарам Париз“.
Спорт
Ова се двојките за плејофот во Лигата на шампионите

Познати се сите двојки од плејоф рундата за пласман во Лигата на шампионите. Победниците од овие два натпревари ќе се пласираат во главната фаза.
Првите натпревари се закажани за 19 и 20 август, а реваншите се играат една недела подоцна.
Сите двојки од плејофот на Лигата на шампионите:
Бодо Глимт – Штурм
Црвена звезда – Пафос
Ференцварош – Карабаг
Базел – Копенхаген
Селтик – Каират
Глазгов Ренџерс – Клуб Бриж
Фенербахче – Бенфика
Спорт
Дуплантис повторно го урна светскиот рекорд

Швеѓанецот Арман Мондо Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап со скок од 6,29 метри на атлетскиот собир во Будимпешта.
На 25-годишна возраст, Дуплантис го собори светскиот рекорд по 13-ти пат, трет пат во 2025 година по Клермон-Феран (6,27 м) во февруари и Стокхолм (6,28 м) во неговата татковина на 15 јуни.
Од настапот во Стокхолм, тој на три последовни натпревари скокна преку шест местри и повеќе (6,13 м во Острава, Чешка, 6,00 м во Јуџин, Орегон и 6,05 м во Монако).
Дуплантис ја забележа својата 33-та натпреварувачка победа и е непоразен од Монако на 21 јули 2021 година.
Foto/ EPA/Tamas Vasvari