Спорт
Арсенал преку пеналите до пехарот во Комјунити шилд
Фудбалерите на Арсенал со трофеј ја започнаа новата сезона во Англија. „Тобџиите“ 16 пат во историјата го освоија Комјунити шилд откако го совладаа актуелниот првак Ливерпул по изведувањето на пенали. Натпреварот во 90 минути заврши без победник 1:1, а во пенал-серијата Арсенал победи 5:4.
Арсенал и Ливерпул не импресионираа на стартот од новата сезона, одиграа речиси просечен натпревар чии победник го реши пренал-рулетот.
Пјер-Емерик Обамејанг во 12 минута го постигна голот за водство на Арсенал. Габонецот ја искористи лошата поставеност на Вилијамс и го погоди подалечниот агол од голот на Алисон.
Јасна беше определбата на Арсенал шансата за гол да ја бара преку брзата транзиција. Четири минту по голот на Обамејанг, Нкетија имаше добра шанса но Алисон успеа да одбрани.
Ливерпул во првиот дел не се закани конретно кон голманот Маринез, иако константо неговите играчи го притискаа противникот. Првата конкретна шанса ја имаа во 59 минута кога Мартинез му одбрани чиста шанса на Мане.
„Црвените“ израмнија во 73 минута преку Минамино. Јапонецот кој во јануари пристигна во Ливерпул го постигна својот прв гол за „црвените“.
Во пенал серијата само еден играч промаши, малдиот Бристер кој влезе во игра во претпоследната минута. Неговиот удар ја погоди гредата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

