Спорт
Артур нема квалитет за Ливерпул – Клоп во јануари ќе го врати во Јувентус
Ливерпул во последниот ден од преодниот рок изненадувачки го доведе Артур Мело (26) од Јувентус. Бразилскиот играч за врска пристигна во Ливерпул на позајмица со опција за откуп, но многу е веројатно дека Ливерпул нема да ја искористи таа можност.
Англиските медиуми пишуваат дека Јирген Клоп воопшто не е воодушевен од можностите и трудот што го вложува Бразилецот.
Според овие извори, Ливерпул веќе работи на раскинување на позајмицата, за која платија 4,5 милиони евра. Јирген Клоп сакал да го врати Артур во Јувентус во јануари.
Артур досега одигра 13 минути за Ливерпул. Овој играч од средниот ред пристигна во Европа пред четири години.
Барселона го купи од бразилски Гремио за 30 милиони евра и се чинеше дека добија играч за врска од висока класа. Во меѓувреме, Артур почна да се однесува непрофесионално, што ги поттикна Шпанците да размислат дали тој е вистинскиот избор.
Во летото 2020 година, Артур се пресели во Јувентус за 76 милиони евра (во спротивна насока отиде Миралем Пјаниќ за приближно иста сума) и тука започна неговиот пад. Честите повреди и лошата форма го ставија на трансфер листата на Јувентус, кој не успеа да се ослободи од него до 30. август.
Тогаш се појави Ливерпул на кој итно му требаше играч од средниот ред. Клоп не успеа да ги доведе примарните цели во претходниот преоден рок и беше принуден да тргне по Артур. Но, по само 16 дена, Артур е отпишан на „Енфилд“ и на 1. јануари се враќа во Торино, каде ни никој не го сака.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дејан Станковиќ официјално се врати на „Маракана“
Дејан Станковиќ се врати на клупата на Црвена звезда, како и во 2019 година, кога за прв пат стана тренер на својот сакан клуб, го наследи Владан Милојевиќ на оваа позиција. На официјалната промоција, Станковиќ открик би променил, која е неговата голема цел, а со одбрани зборови зборуваше за Синиша Михајловиќ, но и за тандемот Александар Катаи-Мирко Иваниќ.
Владан Милојевиќ без изјава замина од Црвена звезда, преку веб-страницата на црвено-белиот тим кратко рече: „Ти благодарам за се Црвена звезда, те сакам“.
Во саботата, по последниот натпревар на клубот оваа година беше познато дека на „Маракана“ се враќа, Дејан Станковиќ, кој според српските медиуми потпишал две ипол годишен договор.
Помеѓу два мандати во Звезда, Дејан Станковиќ работеше во Сампдорија, Ференцварош и Спартак Москва, а се врати во клубот, како што беше наведено, за да ја освои двојната круна и да стигне до Лигата на шампионите преку квалификациите, што претходно не му успеа.
Станковиќ со тоа повторно ќе ја продолжи или поточно ќе ја заврши работата што ја започна Владан Милојевиќ, овој пат со бод заостанување во домашното првенство и голема шанса за пласман во Лигата на Европа.
Foto/ freerangestock
Спорт
Македонија назадуваше на ранг листата на ФИФА
Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на последната ранг-листа на ФИФА за 2025 година.
Македонија, календарската година ја заврши на 66-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од едно место.
Македонската репрезентација задавуваше на сметка на Јордан, селекција која направи скок за две места на листата.
Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се Хондурас, Јордан, Албанија, Буркина Фасо, Јужна Африка, Саудиска Арабија…
На новата ранг листата на ФИФА нема промени во Топ 10. На врвот е Шпанија, пред Аргентина и Франција.
Топ 10: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска.
Foto/ depositphotos
Спорт
Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека неговите играчи ќе бидат измерени штом ќе се вратат од краткиот божиќен одмор.
Целта е да се провери дали ја одржале потребната физичка подготвеност за натпреварот против Нотингем Форест закажан за 27 декември, пишуваат британските медиуми.
По победата од 3:0 над Вест Хем во саботата, Гвардиола јасно стави до знаење што очекува од својот тим за време на празниците. Играчите беа измерени пред тој натпревар и ги исполнија потребните стандарди.
„Во моментот кога ќе се вратат по три дена одмор, сакам да видам како се. Можат да јадат, но сакам да ги држам под контрола“, рече 54-годишниот стратег.
Предупредувањето беше недвосмислено:
„Замислете играч кој сега е во совршена форма, но се враќа со три килограми вишок. Тој ќе остане во Манчестер, нема да патува во Нотингем“
Пристапот на Гвардиола кон подготвеноста на играчите е добро познат. Во 2016 година, тој ги отстрани членовите на тимот од тренинзите на првиот тим додека не ја достигнат својата оптимална тежина.
Поранешниот дефанзивец на Сити, Гаел Клиши, откри како познатиот Каталонец им забранил на играчите пица, одредени сокови и друга „тешка храна“.
Foto/ Depositphotos

