Спорт
Артуро Видал се врати дома

Познатиот чилеански фудбалер Артуро Видал (36) се врати во клубот во кој ја започна кариерата, Коло-Коло.
Видал во Коло-Коло, во 2005 година ја започна својата професионална кариера која го однесе во Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн, Барселона, Интер, Фламенго и Атлетико Паранаенсе.
Тој имаше четиримесечен договор со Паранаенсе, а кога му истече тој договор се врати во својот клуб.
Видал четири пати беше шампион на Италија со Јувентус, еднаш со Интер, со Баерн беше шампион на Германија, а со Барселона шампион на Шпанија.
За репрезентацијата на Чиле одигра 134 натпревари и постигна 34 гола и два пати ја освои Копа Америка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Леклер и Пјастри удрија во заштитната бариера, Ферстапен ја освои пол-позицијата во Баку

Макс Ферстепен ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Азербејџан. Во најлудите квалификации во последните неколку години, актуелниот шампион ја освои пол-позицијата пред Карлос Санц јуниор од Вилијамс и Лијам Лосон од Рејсинг Булс.
Шест пати во текот на квалификациите беа истакнати црвени знамиња (пто е апсолутен рекорд), два пати во третата квалификациска сесија, кога своите болиди ги оштетија најпрвин Шарл Леклер, а потоа и лидерот во генералниот пласман Оскар Пјастри.
Токму инцидентот што го предизвика Леклер, придонесе за конечниот поредок, бидејќи во тој момент Санц и Лосон веќе имаа поставено времиња. Истото се случи и во вториот обид возачите да ги извосат своите најбрзи кругови. Тогаш блиска средба со заштитните бариери имаше Пјастри.
На крајот на сите им остсатна само еден круг, тука блесна Ферстапен, Саинц и Лсон ги задржаа своите позиции, а зад нив се наредија возачите на Мерцедес Кими Антонели и Џорџ Расел, Јуки Цунода (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен) и Исак Хаџар (Рејсинг Булс).
Оскар Пјастри ќе стартува деветти, а Шарл Леклер десетти. Повторно разочара седумкратниот првак Луис Хамилтон, кој во поредокот го освои 12-то место.
Утрешната трка во Баку ќе започне во 13 часот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Ливерпул го доби Мерсисајд дербито

Фудбалерите на Ливерпул продолжуваат да доминираат во Премиер лигата. Шампионот на Англија ја забележа петтата последователна победа во лигата од почетокот на сезоната, против големиот градски ривал Евертон.
Мерсисајд дерби на „Енфилд“ заврши со резултат 2:1. „Црвените“ заслужено славеа, но нивните навивачи повторно стрепеа во финишот на натпреварот.
Холанѓанецот Рајан Гравенберх блескаше. Тој го постигна водечкиот гол и асистираше за вториот гол на натпреварот. Евертон се врати во натпреварот со голот на Гана Геје, но „карамелите“ немаа сили да стигнат барем до еден бод.
Фото/ Пронтскрин
Спорт
Големо засилување за Ефес, клубот го претстави Џордан Лојд

Кошаркарот на Монако, Џордан Лојд, е новото засилување на Ефес, објави турскиот клуб.
Американецт со полски пасош ќе потпише едногодишен договор со клубот предводен од Србинот Игор Кокошков.
Ефес му плати отштета на Монако бидејќи Лојд имаше договор со тој тим до следното лето.
Вицешампионот на Евролигата потврди дека Лојд го напуштил клубот, така што неговото доаѓање беше официјализирано од Ефес. Лојд импресионираше со своите игри во дресот на Полска на Европското првенство, каде што, заедно со Матеус Понитка, даде клучен придонес во пласманот на селекцијата на Игор Миличиќ во четвртфиналето.
Овој комбо бек имаше просек од 22,4 поени, 3,3 скока и две асистенции по натпревар.
Во вторникот, вицешампионот на Евролигата го официјализираше доаѓањето на плејмејкерот на Бурса, Давид Мишино, а малку порано, Монако го засили и бекот на Црвенз звезда, Немања Недовиќ.
Лојд требаше да има важна улога во тимот и следната сезона, но поради неговите одлични игри на Евробаскетот, неколку клубови од Евролигата веќе контактираа со неговите менаџери.
Реал исто така беше заинтересиран за Лојд, но тој трансфер не успеа бидејќи имаше премногу пречки.
Тој играше и за Хапоел Елиот, пред да игра за Репторс и развојната Џи лига, а потоа играше за Валенсија, Звезда, Зенит, Макаби и Монако.
Тимот предводен од српскиот тренер Игор Кокошков се засили ова лето со Ајзеа Кординије, Јоргос Папајанис, Ник Вајлер-Баб, Давид Мутаф, Брајс Дезер, како и НБА играчите Кол Свајдер и Кај Џонс.