Спорт
АС: Роналдо останува на „Олд Трафорд“

Кристијано Роналдо решил да остане во Манчестер јунајтед и следната сезона и покрај сите шпекулации околу неговата иднина и очекува пристигнување на „сигурен“ тренер во клубот, тврди шпанскиот „АС“.
Според нивните извори, и покрај лошите односи на Роналдо со германскиот привремен менаџер Ралф Рангник, Португалецот верува дека ќе има далеку подобри односи со следниот постојан тренер, откако во клубот по елиминацијата од Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид заклучиле дека направиле грешка со Рангник.
Роналдо верува дека со вистински менаџер во тимот и со потребните засилувања во летниот преоден рок, Јунајтед можат да се борат за титулата во Премиерлигата и во Лигата на шампионите и не загубил верба во клубот.
? Cristiano 'gana' la batalla
? El astro portugués ha decidido continuar en Old Trafford y confía en la llegada de un técnico de garantías, mientras el Manchester United considera que se ha equivocado fichando al alemán✍️ @Manu_Sainzhttps://t.co/lFPILji1S0
— Diario AS (@diarioas) March 17, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Меси со спектакуларен гол ја режира победата на Интер

Со спектакуларниот гол на Лионел Меси, Интер Мајами го победи Порто со 2:1 и дојде на чекор до пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави.
Еден од најдобрите играчи во историјата ја намести топката во 54-та минута и изведе совршен слободен удар од околу 20 метри. Аргентибецот го погоди левиот горен агол од голот на Клаудио, кој не можеше да се одбрани. Тоа беше клучен момент на натпреварот.
Во првото полувреме, Порто беше подобриот тим. Тие поведоа веќе во осмата минута кога шпанскиот репрезентативец Сама постигна гол од пенал. Португалците можеа да водат поубедливо, но не ги искористија своите можности.
Сè се промени за осум минути во второто полувреме. Прво, Сеговија го израмни резултатот по додавање на Вејнгант, а потоа волшебникот од Росарио реши сè.
Палмеирас и Интер сега имаат по четири бода, додека Ал Ахли и Порто имаат по еден бод.
Спорт
Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Шпанскиот крал Фелипе VI денеска му ја додели титулата маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата поради неговите неверојатни спортски резултати.
Надал отсега ќе ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка, островот каде што е роден и живее, а тоа е наследна титула.
За време на својата богата кариера, Надал освои 22 грен слем титули, од кои неверојатни 14 беа на Ролан Гарос, и без сомнение е најдобриот играч во историјата на земјена подлога.
Покрај Надал, кралот ги почести и поп-рок пејачката Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.
„Тие се гордост на Шпанија и постојана референтна точка на вредности што треба да го инспирираат нашето општество“, објави шпанската кралска куќа.
Спорт
Мбапе е хоспитализиран!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис и е задржан на понатамошни тестови.
Во превод, Мбапе има стомачен грип, а оваа информација официјално ја објави неговиот клуб, Реал Мадрид.
„Нашиот играч Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран на дополнително тестирање и лекување“, се вели во соопштението.
Parte médico de Mbappé.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 19, 2025
Реал и Мбапе моментално се во Соединетите Американски Држави, каде што ремизираа со Ал-Хилал во првото коло од Светското клупско првенство на ФИФА.
Мбапе не беше дел од тој натпревар поради повреда, или поточно болест, а сега е откриено точно за што се работи.
Следниот натпревар на Реал е во недела навечер против Пачука, но големото прашање е дали Французинот ќе биде подготвен за тој дуел.