Спорт
Асенсио ќе го напушти Реал

Марко Асенсио ова лето најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид. {Шпанскиот репрезентативец не е задоволен од статусот што го има кај тренерот Карло Анчелоти. Тој, во вториот дел од сезоната најчесто беше резерва.
Неговиот агент Жорж Мендеш работи на трансферот на Асенсио. На маса тој имал неколку интересни понуди.
За Асенсио, веќе подолг период, сериозно е заинтересиран Милан. Милан и Реал секогаш биле во добри односи, така што нема да биде изненадување доколку успеат да го договорат трансферот.
На второто место е Јувентус. „Старата дама“, како сега стојат работите ќе остане без очекуваното доаѓање на Анхел Ди Марија. Во Торино сметале дека помладиот Асенсио би бил иделана замена.
Третата понуда пристигнала од Њукасл, клуб кој може да му понуди најдобри финансиски услови на Асенсио.
Марко Асенсио како тинејџер пристигна во Мадрид од Мајорка, а за Реал одигра 235 натпревари, постигна 49 гола и додаде 24 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шекил поради мафини бил позитивен на кокаин на ОИ

Легендарниот кошаркар Шекил О’Нил, коментирајќи ја суспензијата на Боби Портис од Милвоки Бакс, поради прекршување на програмата за борба против дрогата, се присети на инцидентот што тој го имал Олимпијадата во 1996 година.
Играчот на Бакс беше суспендиран на 25 натпревари поради, како што изјави неговиот менаџер, бизарен превид, поточно консумирање лек против болки со слично кој е дозволен за употреба.
„Ни беше кажано да не јадеме ништо пред тестирањето и бевме принудени да стоиме во редот три до четири часа. Видов мафини со афион и ги изедов. Потоа еден член на тимот влезе во собата и ми рече: „Друже, разочаран сум“, се сеќава О’Нил и продолжи:
„Мојот тест беше позитивен на кокаин. Мислев: „Чекај, чекај, чекај.“ Мајка ми ќе ме убие. „Никогаш не сум направил вакво нешто“.
Легендарниот центар бил шокиран, како и сите во репрезентацијата на САД.
„Потоа беше направено дополнително тестирање и беше откриено дека мафините од афион ги содржат истите деривати како кокаинот“.
Спорт
Тенисерка ја заврши кариерата на 24 години поради смртни закани

Дестани Ајава, австралиска тенисерка, на 24-годишна возраст реши да стави крај на кариерата.
Поради огромната количина на омраза, па дури и смртни закани, таа одлучи дека и е доста.
Одлуката ја донела откако загуби од Габриела Кнутсон со 6:4, 3:6, 7:5 во финалето на ИТФ турнирот во Прага. Вообичаено, оние кои се обложуваат на спортски резултати први пишуваат ужасни пораки, први пцујат, навредуваат и се закануваат.
„Донесов одлука да се повлечам поради пораките со омраза (мизогинија) и смртните закани што ги добивам по секој изгубен натпревар“, рече Ајава.
Во моментот кога го напушти тенисот, таа беше на 169. место во светот, а во текот на 2017 година стигна до 147. позиција.
Спорт
Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на Модриќ

Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ и покрај тоа што во септември ќе наполни 40 години, најави Никола Шира, италијански новинар и експерт за фудбалски трансфери.
Во објава на социјалната мрежа „Х“, тој напиша дека Реал сака да го задржи својот капитен и следната сезона и дека ќе му понуди договор до летото 2026 година.
Исто така, се наведува дека Модриќ сака да ја продолжи својата кариера бидејќи сонува да игра со хрватската репрезентација на Светското првенство во 2026 година.
Модриќ е во Реал од 2012 година. Тој е најтрофејниот играч на „кралскиот клуб“, шест пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати бил шампион на Шпанија.