Спорт
Астон Вила испрати понуда за Марко Асенсио

Астон Вила ќе му понуди 20 милиони евра обештетување на ПСЖ за играчот од средниот ред Марко Асенсио (29), кој пролетниот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Бирмингем.
Британските медиуми тврдат дека шпанскиот репрезентативец веќе се договорил за тригодишен договор со Астон Вила, а сега чекаат одговор од ПСЖ на понуденото обештетување. Неговиот договор со францускиот клуб истекува во јуни следната година.
Тренерот на европскиот шампион од 1982 година, Унаи Емери, е голем обожавател на Асенсио и верува дека шпанскиот играч од средниот ред внесува разновидност во нападот на Вила.
Во пролетниот дел од минатата сезона, Асенсио постигна осум гола и една асистенција во дресот на Астон Вила. Тој ја започна својата кариера во Мајорка, а како 19-годишник се пресели во Реал Мадрид.
„Кралевите“ прво го испратија на позајмица во Еспањол, а во летото 2016 година се врати во Реал, за кој одигра 286 натпревари, запишува 61 гол и 32 асистенции. По седум години во Реал, тој се пресели во ПСЖ како слободен агент во летото 2023 година.
Сепак, имаше скромна минутажа во европскиот шампион, па пролетниот дел од минатата сезона го помина како позајмен во клубот од „Вила Парк“. Тој одигра 38 натпревари за шпанската репрезентација и постигна два гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“