Спорт
Аталанта израмни рекорд стар 68 години

Фудбалерите на Аталанта синоќа доминираа против Јувентус, не победија (2:2), но израмнија рекорд во Серија А стар 68 години.
Клубот од Бергамо сезонава има тројца фудбалери кои постигнале најмалку 15 голови.
Синоќа против Јувенту Колумбиецот Дуван Запата го постигна својот 15 гол сезонава во Серија А и се израмни со Јосип Иличиќ. Најдобар стрелец во екипата е вториот Колумбиец Луис Мјуриел со 17 голови.
Последен пат ваков учинок имал Јувентус во сезоната 1951/1952, кога најмалку 15 гола постигнале Ермес Мучинели, Џампјеро Бониперти и Џон Хансен.
Во најсилните пет европски првенства последен пат вакво остарување имаше Нејмар, Килијан Мбапе и Единсон Кавани во сезоната 2018/2019.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ал Хилал не се откажува од Осимен, му нуди 50 милиони евра годишна плата

Ал Хилал не се откажува од ангажманот на Виктор Осимен. Нигериецот досега одби неколку понуди да се пресели во Саудиска Арабија. Последната понуда изнесуваше 30 милиони по сезона. За да го уебди Ал Хилал повторно ја зголеми понудата.
Виктор Осимен се врати во Наполи, откако минатата сезона ја мина на позајмица во Галатасарај. Осимен не е во добри односи со првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. Јасно е дека ќе го нашушти клубот, проблем за Наполи е што никој сем Ал Хилал нема намера да издвои 75 милиони евра за Нигериецот.
Од Ал Хилал се упорни, ја зголемија понудата, сега на Осимен му нудат годишна плата од 50 милиони евра.
Дали ќе ја одбие и оваа понуда ќе биде познато во наредните денови.
Спорт
Педро го продолжи договорот со Лацио

Шпанскиот ветеран Педро Родригез и на 38-годишна возраст успеа да добие нов договор.
Челниците на фудбалскиот клуб Лацио имааат целосна доверба во искусниот крилен напаѓач кој ќе остане на „Олимпико“ до јуни 2026 година.
Победникот на Европското и Светското првенство со Шпанија е во Лацио од 2021 година, има постигнато 34 гола на 176 натпревари.
Пред Лацио, тој помина една сезона во градскиот ривал Рома, пет години во Челзи и седум во Барселона.
Спорт
Српски ММА борец убиен во Канада

Српскиот ММА борец Страхиња Гавриловиќ е убиен во Канада.
Како што објавува канадскиот „Ла Трибјун“, српски ММА борец и неговата девојка се убиени во Шербрук, во канадската држава Квебек.
Страхиња Гавриловиќ и неговата девојка Едит Дима биле убиени во пукотница во центарот на градот, а полицијата активно ги бара сторителите и го истражува случајот.
Во оваа фаза од истрагата, властите не го сметаат фемицидот или која било друга форма на семејно насилство како можни причини.
„Истражителите моментално се на терен за да утврдат што се случило. Се среќаваме со сведоци и ги разгледуваме камерите во областа. Бараме дополнителни информации“, објасни портпаролот на државата Квебек.
Истрагата ја презедоа надлежните служби на државата Квебек.
Гавриловиќ имаше 14 борби во својата ММА кариера, осум победи и шест порази. Последната борба ја имаше во 2022 година.