Спорт
Аталанта ќе го откупи договорот на Косуну од Баер Леверкузен

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Одилон Косуну ќе биде новото засилување на Аталанта, која одлучи да ја искористи откупната клаузула за 24-годишниот дефанзивец.
Косуну и се приклучи на Аталанта на едногодишна позајмица од шампионот во Бундеслигата, Баер Леверкузен во текот на летото.
Клубот од Леверкузен изненадувачки се откажа од дефанзивецот кој минатата сезона беше редовен на „фармацевтите“.
Баер од трансферот ќе заработи 25 милиони, дознава „Билд“.
Косуну во досегашниот дел од сезоната одигра 17 натпревари за Аталанта.
Тимот предводен од Џанпјеро Гасперини е на третото место во Серија А со 58 бодови, додека Интер е лидер со шест повеќе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ доминираше, па во тај-брејк го скрши „лаки лузерот“ од Аргентина

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Мајами откако го совлада Аргентинецот Камило Хуго Карабели со 2:0 ( 6:1, 7:6 (1)).
Ѓоковиќ вечерва го забележа 411-от триумф на турнирите од Мастерс серијата и го престигна Рафаел Надал за првото место на вечната листа.
Ѓоковиќ имаше брејк топки во два од трите сервис-гема на неговиот ривал и реализираше два од трите.
38-годишниот Србин направи брејк во вториот, а потоа и во шестииот гем и експресно го доби првиот сет, препуштајќи му само еден гем на противникот.
Новак добро го започна вториот сет, иако неговата, почна да покажува знаци на замор. Ѓоковиќ ја искористи втората брејк топка во третиот гем за 2:1, но во следниот гем му дозволи на Карабели за првпат на мечот да го одземе сервиосто.
Тоа беше период кога дебитантот на беше подобар од славниот ривал.
Маратонскиот деветти гем им одзеде многу енергија на двајцата играчи, а Ѓоковиќ не успеа да искористи две брејк топки и веројатно да направи клучен чекор кон победата и пласман во осминафиналето.
Двапати Ѓоковиќ беше принуден да сервира за останување во сетот, обезбеди тајбрејк и на крајот со само еден загубен поен го скрши отпорот на жилавиот Аргентинец.
Ѓоковиќ шест пати го освојуваше трофејот во Мајами, а ова е негов прв настап од 2019 година. Во осминафиналето ќе игра против Канѓанецот, Феликс-Оже Алијасим.
Спорт
(Видео) Германија ќе игра на завршниот турнир во Лигата на нации

Германската репрезентација е првиот полуфиналист во Лигата на нации по турбулентниот реванш меч со Италија во кој водеа со 3:0, а потоа им дозволија на гостите да се вратат во живот, за конечни 3:3.
По триумфот на гостински терен од 2:1 пред три дена, избраниците на тренерот Јулијан Нагелсман беа на пат убедливо да го совладаат четата на Лучијано Спалети, на крај се спасија да не играат продолженија.
По само 45 минути семафорот гласеше 3:0.
Германија играше како во најдобрите времиња кога сееше страв каде и да се појави, кој и да беше на спротивната страна.
Тандемот на Баерн Џошуа Кимих и Џамал Мусиала брзо, за само неколку минути, стави точка на двомечот, со што го реши прашањето за пласман на завршниот турнир.
Кимих погоди од пенал, а Мусиала потоа погоди благодарение на неверојатниот кикс на Италијанците. Додека Италијанците му се жалеа на судијата, во кој учествуваше и Донарума кој непромислено се оддалечи од голот, Германците набрзина изведоа корнер, а Мусиала оставен сам во шеснаесетникот ја спроведе топката во небранетата мрежа. Тим Клајдинст во финишиот ги шокираните Италијанци до крајот на полувремето.
Во преостанатиот дел од мечот, Италијанците се вратија, нио немаа време за целосен пресврт.
Двоен стрелец беше Мојс Кен, погодувајќи во 49. и 69. минута, а драмата дојде длабоко во судиското надополнување, кога Распадори постигна гол од белата точка во 90+5. минута.
Грогираните Германци успеаја да се одбраната во преостанатите две минути
Спорт
(Видео) Србија го искористи австрискиот подарок, Турција ја декласира Унгарија

Србија избори опстанок во А-дивизијата, а Турција се пласира во елитната дивизија во Лигата на нации. Србија во Белград ја победи Австрија со 2:0 и со 3:1 го доби двомечот, додека Турција ја декласира Унгарија во Будимпешта со 3:0.
Србија одигра лош натпревар, Австријците доминираа на теренот се до 56.минута и катастрофалната грешка, по која Максимовиќ го постигна првиот гол. Траунер во 68.минута доби директен црвен картон и од тој момент Србите дојдоа до својот ритам.
Живковиќ ја погоди статовата, на Влаховиќ му беше поништен гол поради минимален офсајд, а во 90.минута напаѓачот на Јувентус стави тошка на натпреварот.
Куриозитет на овој дуел е што главниот судија беше заменет на полувремето. Наместо Санчез вториот дел го судеше Руиз.
Турците за две минути го решија дуеот во Будимпешта. Чалханоглу погоди од пенал во 37., а две минути подцна Гулер зголеми на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Баркдачки во 90.минута.