Спорт
Атанасов ја спаси честа во 95-та, ама шансата за ново ЕП пропадна
Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година одигра 1-1 против Израел на домашен терен и со тоа ги загуби шансите како второпласирана во групата повторно да обезбеди пласман на едно ЕП.
На избраниците на селекторот Милевски им требаа максимални 9 бода во последните 3 кола за да бидат една од петте најдобропласирани на втората позиција, но Израел не оддалечи од ново учество на континентален собир.
Израел поведе во 21. минута со голот на Елијас, по грешката на нашиот голман Јанков.
Гостите имаа повеќе од играта во текот на целиот меч, а единствено што Македонија успеа да стори на овој меч е да не го загуби.
Јани Атанасов во 95 минута погоди од слободен удар за 1-1 и спас на честа.
Македонија по ремито останува на втората позиција со 14 бода, пред Израел кој има 12 бода.
Во следното коло повторно истите селекции ќе ги одмерат силите, овојпат во Израел, на 12. Ноември.
Ова е голот на Атанасов за конечни 1-1:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арнолд: Секогаш ќе го сакам Ливерпул
Англискиот фудбалер Трент Александар-Арнолд зборуваше за своето враќање на „Енфилд“ пред натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал.
Десниот бек го замени својот роден град со Мадрид ова лето. Навивачите на Ливерпул не му го простија предавството.
Најмногу поради начинот на кој го направи тоа, претходно не го обнови договорот, поради што си замина без обештетување. Реал на крајот плати околу 10 милиони евра со што го обезбеди Арнолд за настап на клупскиот Мундијал.
„Моите чувства кон Ливерпул нема да се променат. Таму создадов спомени што ќе траат цел живот. Без разлика како ме гледаат, тоа нема да се промени“, рече Арнолд во пресрет на натпреварот.
Кога стана јасно дека нема да остане во Ливерпул, во финишот на минатата сеозна беше исвиркан на „Енфилд“.
„Зависи од навивачите. Секогаш ќе го сакам клубот, секогаш ќе навивам за нив. Засекогаш сум благодарен за можноста што ми е дадена и сè што направивме заедно ќе биде со мене засекогаш“, додаде Арнолд.
Неговиот настап во вторник во 21 часот е сè уште неизвесен, по повредата на неговото деби за Реал во Лигата на шампионите против Марсеј.
Оттогаш (16 септември) тој не е на теренот, и покрај големата желба да игра против својот поранешен клуб, реалноста е дека најверојатно ќе биде на клупата.
Спорт
Виктор Треневски е кандидат за клупата на Партизан
Поранешниот македонски репрезентативец, Виктор Треневски, според црногорските медиуми и главниот кандидат за нов тренер на фудбалскиот клуб Партизан.
Партизан, во неделата му врачи отказ на Срѓан Благојевиќ, откако клубот испадна од Купот на Србија, по поразот од второлигашот Мачва, а во саботата доживеа тежок пораз од Чукарички.
Виктор Треневски е поранешен македонски фудбалер кој ги бранеше црно-белите бои помеѓу 1995 и 1998 година.
Досега, Треневски беше тренер на Грбљ, Ком, Дечиќ, Работнички и Заврч, додека моментално е главен тренер на Балкан Иглс, тим кој се натпреварува во третото ниво на црногорскиот фудбал.
Од друга страна „Телеграф“ пишува дека потпретседателот на клубот Предраг Мијатовиќ сака шпански тренер.
Прв избор е Диего Мартинез, 44-годишен стручњак кој во текот на својата кариера ги тренираше Осасуна, Гранада, Еспањол, Олимпијакос и Лас Палмас.
Foto/ cg-fudbal.com
Спорт
Почина Шарлс Кост, најстариот олимписки шампион
Највозрасниот олимписки шампион во светот, поранешниот француски велосипедист Шарл Кост, почина на 101-годишна возраст, објави министерката за спорт на Франција, Марина Ферари.
Кост го освои златниот медал на Олимписките игри во Лондон во 1948 година во дисциплината екипна потера, а минатото лето беше носител на олимпискиот факел на Игрите во Париз.
Le #CNOSF rend hommage à la mémoire de Charles Coste, champion olympique à Londres, en 1948, dans l’épreuve de poursuite par équipes, décèdé à l’âge de 101 ans.
Le doyen mondial des champions olympiques avait disputé deux Tour de France, trois Tour d’Italie et sa plus belle… pic.twitter.com/PetKB7XhDv
— FranceOlympique (@FranceOlympique) November 2, 2025
„Со голема тага дознав за смртта на Шарл Кост, олимпискиот шампион од Лондон. На 101-годишна возраст, тој остави зад себе огромно спортско наследство“, рече Ферари во соопштението.
Пред Втората светска војна, тој се сметаше за еден од најперспективните француски велосипедисти, а по војната се врати во спортот, освојувајќи го националното првенство во 1947 година.
На Олимписките игри во Лондон следната година, тој освои злато во екипната потера, водејќи ја Франција до победи над Велика Британија во полуфиналето и Италија во финалето.
Од јануари 2025 година, по смртта на унгарската гимнастичарка Агнес Келети, Кост беше најстариот жив олимписки шампион.

