Спорт
Атланта лесно со „десеткуваните“ Сиксерси

Треј Јанг постигна 26 поени, а Атланта хокс имаа доминантно второ полувреме за лесна 112:94 победа над „десеткуваните“ Филаделфија севентисиксерс. Деандре Хантер и Брендон Гудвин имаа по 15 поени за Атланта да ја прекине низата од четири порази, откако имаа 15:2 отворање на второто полувреме за да направат предност од 80:52.
Атланта стигна до 95:65 предност во третата четвртина пред Јанг и другите стартери да ја преседат на клупа последната четвртина. Сиксерс, пак, користеа само 9 играчи, а Џоел Ембид ги предводеше со 24 поени и 11 скока. Филаделфија има повеќе повредени кошаркари, но и шест позитивни на Ковид-19.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Њујорк 109:88
Кливленд – Мемфис 91:101
Орландо – Милвоки 99:121
Вашингтон – Феникс 128:107
Атланта – Филаделфија 112:94
Портланд – Торонто 112:111
Сакраменто – Индијана 127:122
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лаказет ќе го напушти Арсенал
Александар Лаказет во летниот преоден рок ќе го напушти Арсенал. Неговиот договор истекува во јуни 2022 година и според англиските медиуми тој нема да остане на „Емирејтс“. Лаказет наскоро ќе наполни 30 години и сметал дека му е потребен нов предизвик во кариерата.
Лаказет минатото лето се поврзуваше со Атлетико Мадрид, но „јорганџиите“ се решија да го донесат Луис Суарез.
„Калчомеркато“, тврди, дека Лаказет им бил понуден на Јувентус. „Старата дама“, во летниот преоден рок планира да донесе уште еден напаѓач во тимот.
Англичаните потенцираат дека три клуба се фаворити за неговиот потпис, покрај Атлетико и Јувентус, наводно во трката ќе се вклучи и Барселона.
Лаказет е играч на Арсенал од 2017 година, за клубот одиграл 157 натпревари, постигнал 59 голови.
Спорт
Историски број 1 – Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ влезе во историјата на тенисот. Српскиот тенисер, од денес е играчот кој најмногу недели бил број 1 на АТП листата. На вечната листа тој го „прескокна“, Роџер Федерер.
Ѓоковиќ прв пат во кариерата стана број 1 на 4.јули 2011 година, потоа уште четири пати во различни периоди беше на челната позиција, походот на рекордот го започна на 24.август 2020, кога шести пат стана број 1.
На вечната листа зад Ѓоковиќ (311) и Федерер (310) се наоѓаат Пит Сампрас (286), Иван Лендл (270) и Џими Конорс (268).
Според бодовите што ги има освоени, познато е дека Ѓоковиќ на чело на АТП листата ќе биде најмалку 317 недели.
Инаку на најновата АТП листа, во Топ 10 има само една промена, Стефанос Циципас го мина Роџер Федерер на петтото место.
Топ 10:
1. Новак Ѓоковиќ – 12.030
2. Рафаел Надал – 9.850
3. Данил Медведев – 9.735
4. Доминик Тим – 9.125
5. Стефанос Циципас – 6.660
6. Роџер Федерер – 6.630
7. Александар Зверев – 5.615
8. Александар Рубљов – 5.019
9. Диего Шварцман – 3. 540
10. Матео Беретини – 3.480
Спорт
Стеф Кари – најдобар шутер за три поени

Натпреварот во шутирање тројки на Ол стар викендот му припадна на Стеф Кари од Голден стејт Вориорс. Кари, најдобра во шутирање тројки, беше и во 2015 година. Бекот на Вориорс трофејот го презеде од Бади Хилд, Сакраменто Кингс, кој победи во 2019 година.
Кари во финалната серија ги победи Џејсон Тејтон од Бостон Селтикс и Мајк Конли од Јута Џез.
Тејтум беше лош во финалето, погоди 17 тројки, Конли блескаше со 27 тројки, а Кари финалето го заврши со 28 тројки.
Бекот на Вориорс ги промаши првите три шута, а потоа влезе во ритам, во последните секунди ја погоди последната шарена топка и ја однесе победата.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“