Спорт
Атланта во драматичен дуел го доби Торонто
Атланта Хоукс мораше да игра продолжение против Торонто за да оствари домашен триумф од 124:122. Херој на тимот беше Тре Јанг, кој натпреварот го заврши со 33 поени, а забележа и асистенција за победа во драматичниот финиш.
Кај Торонто, 28 поени уфрли Скоти Барнс.
Јута Џез славеше на гости кај Портланд Трејлблејзерс со 113:118. Џордан Кларксон со 28 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека кај Портланд 23 поени постигма Анферни Симонс.
На останатите натпревари беа постигнати следните резултати: Индијана – Орландо 114:113, Филаделфија – Минесота 109:112, Сан Антонио – ЛА Клиперс 119:97.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Комо со шест парчиња го честеше Торино
Во италијанската Серија А се играат натпреварите од 22-то коло, а попладнево екипата на Комо го декласираше Торино со 6:0.
Дебаклот на „биковите“ го најави Гркот Дувикас во седмата минута. Само осум минути подоцна, Комо ја дуплираше предноста со прекрасен гол на Батурина.
Серијата голови во вториот дел ја отвори Де Куња од пенал, во 59-та минута. Седум минути подоцна беше постигнат четвртиот гол, по акцијата на Батурина, Дувикас го постигна својот втор гол.
Д крајот по гол за Комо постигнаа Кун и Какра.
Комо сега има 40 бода на петтото место, а Торино е сè уште на 23 бода, по четвртиот последователен пораз.
Foto/ EPA
Спорт
Историски меч – Франција ја прегази Португалија
Франција ја прегази Португалија со 46:38, во првиот мел од второто коло, во Групата 1 на ЕП.
Нестварен меч одиграа Французите, а победата ја најавија по само 10 минути игра. На крајот, Португалците загубија со само осум голови разлика.
Неколку рекорди беа постигнати на овој натпревар. Франција постигна најмногу голови во едно шолувреме (28), го изедначи сопствениот рекорд за најмногу голови на една селекција (46).
Франција и Португалија постигнаа најмног голови во едно полувреме (28:15) и најмногу голови на еден натпревар (84).
Мем со осум и Ричардсон со шест ја предводеа Франција, на спортивната страна со по пет гола се истакнаа Бранкиљо, Роча, Итуриза и Брандао.
Foto/ EPA
Спорт
Михаел Шумахер времето не го поминува само во кревет
Британските медиуми ги објавија најновите информации во врска со здравствената состојба на Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1.
Според неколку добро информирани извори, легендата на Формула 1, кој претрпе тешка повреда на мозокот додека скијаше во Француските Алпи пред нешто повеќе од 12 години, не е врзан за кревет.
За жал, тоа можеби е најпозитивната медицинска вест. На 57-годишна возраст, Шумахер не може да оди. Наместо тоа, тим медицински сестри и терапевти го водат низ неговата вила во инвалидска количка, дел од 24-часовен пакет за нега што чини десетици илјади фунти неделно.
Во согласност со желбата на неговата сопруга Корина, Шумахер не е виден во јавноста од несреќата на 29 декември 2013 година. Никогаш не се објавени негови фотографии во сериозна состојба, и покрај обидите да се продаде таков материјал на „темниот интернет“.
Foto/ depositphotos

