Спорт
Атлетичарот Андреас Трајковски поради Ковид-19 остана без финале на Медитеранските игри

Најдобриот македонски атлетичар Андреас Трајковски остана без финале на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако покажал симптоми на Ковид-19. Неговиот ПЦР-тест е позитивен, а претходно кренал температура.
Трајковски требаше денеска да се натпреварува во скок во далечина, но сега останува во изолација, без шанса да се бори за медал на Медитеранските игри.
„Многу сум тажен заради настанатата ситуација, затоа што моја најголема цел за оваа сезона беше да освојам медал за Македонија на Медитеранските игри во Оран. Тренинзите се одвиваа според предвидената динамика до вчерашниот ден, бев во одлична форма, но за жал Господ имал други планови за мене. Ќе се вратам уште посилен после ова!“, изјави Андреас Трајковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
10 милиони евра го делат Симонс од трансфер во Челзи

Челзи не го затвори летниот преоден рок, а познато е дека Енцо Мареска сака да ја засили конкуренцијата и дека Чави Симонс е следната цел.
Денес пристигнуваат нови информации дека Симонс одамна се договорил со Челзи и дека сега чека да биде постигнат договор меѓу клубовите клубовите.
Моментално 10.000.000 евра ги делиат РБ Лајпциг и Челзи. Наводно, РБ Лајпциг сè уште бара 70.000.000 евра, Челзи досега понуди максимум 57.000.000, но се верува дека Германците ќе се согласат на намалување и ќе прифатат ако „сините“ испратат барем уште 10.000.000 евра.
Симонс треба да биде опција на левото крило покрај Џејми Гитенс, но и како конкуренција за Кол Палмер.
Спорт
Ливерпул подготвува втора понуда за Исак, Њукасл му нуди нов договор

Трансфер сагата број 1 во овој преоден рок е онаа околу Александар Исак. Најдобриот стрелец на Њукасл е на мета на Ливерпул, тој сака да се пресели на „Енфилд“, но Њукасл сака да го задржи.
Првата понуда од близу 130 милиони евра од Ливерпул беше одбиена. Од друга страна, Исак јасно и гласно им порача на челниците на Њукасл дека сака да го напушти клубот.
На „Сент Џејмс Парк“ веројатно би ја прифатиле понудата од Ливерпул доколку би имале опција плус во нападот. На пазарот Њукасл не може да најде напаѓач. Последен кој ја одби понудата од овој клуб е Бенјамин Шешко, претходно истото го напарви и Уго Екитике.
Се чини дека никој не е задоволен од оваа ситуација, но сè уште има време до крајот на преодниот рок. Ливерпул го сака Исак, тој самиот го сака Ливерпул. Сепак главниот збор го има Њукасл.
Приоритет за „Свраките“ е да го задржат Исак. Сепак, не е во ничиј интерес да задржи играч против негова волја, како што истакна самиот тренер Еди Хау.
– Тој е наш играч, под договор. Сакам најдобар можен исход, сакам најдобар и најсилен состав. Но, сакам и играчи во него кои сакаат да играат за овој клуб. Ќе видиме што ќе се случи – рече Хау.
Во Њукасл веруваат дека рецептот за да го здржат Исак е да му понудат нов договор, што подразбира значително зголемување на платата, но и вметнување минимална клаузула во случај на продажба.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Манчестер јунајтед ќе платат 120 милиони за Балеба?

Претставници на Манчестер јунајтед вчера се сретнале со менаџерот на фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба.
„Тие разговараа за времетраењето на договорот и платата и сакаат сè да биде договорено пред да ја испратат понудата до Брајтон“, пишува Фабрицио Романо.
Младиот 21-годишен универзалец од средниот ред, пристигна во Брајтон пред две години за 27 милиони евра од Лил.
Медиумите на островот пишуваат дека Брајтон е подготвен да го продаде само за 120 милиони евра. Доколку трансферот биде реалиизран за оваа сума, Јунајтед ќе го сруши клупскиот трансфер рекорд.
Балеба не беше вклучен во составот на Брајтон за пријателскиот натпревар со Волфсбург вчера, што според медиумите е знак дека преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза.
Фото/ Принтскрин