Спорт
Атлетико го реализираше трансферот на Ле Норман
Робин Ле Норман (27) е нов играч на Атлетико Мадрид. Стоперот на шпанската репрезентација, кој беше стартер во националниот тим на патот кон освојување на Европското првенство, дојде во Атлетико од Реал Сосиедад.
Шпанските медиуми пишуваат дека трансферот е вреден околу 30 милиони евра Ова е прв трансферна Атлетико во тековниот преоден рок, а трансферот официјално ќе биде реализиран во наредните денови, односно откако Ле Норманд ќе се врати од заслужениот одмор по освојувањето на титулата европски шампион.
Ле Норманд дел од Реал Сосиедад беше од 2016 година, кога дојде како слободен играч од Брест. По неколку години во вториот тим, тој се проби во првиот тим, за кој забележа 221 настап и постигна шест гола.
Тој е роден во Франција, но стана натурализиран државјанин на Шпанија и дебитираше за националниот тим минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Интер со авто-гол во 94-та минута победи во Верона
Фудбалерите на Интер со многу среќа успеаја да победа во Верона, во 10-то коло, во Серија А. На „Бентегоди“, Интер победи со авто-гол во 94-та минута од натпреварот.
Интер ја забележа својата седма победа и се израмни на табелата со Рома на второто место со 21 бод, додека Верона сè уште е без победа, а по петтиот пораз се наоѓа на 18-то место.
Интер, на време го постигна првиот гол, во 16-та минута, Чалханогдлу од корнер го „гаѓаше“ Зјелински на линијата од 16 метри, а Полјакот само го отвори стаполото и ја закова топката во голот.
La sciabolata tesa di #Calhanoglu, la coordinazione di #Zielinski…
POESIA#VeronaInter #InterFans pic.twitter.com/Je1nNn9jYs
— InteЯeverse (@InteReverse_) November 2, 2025
Верона одговори преку младиот Бразилец Џовани во 40-та минута. Во финишот Интер имаше среќа бидејќу ударот на Орбан заврши во стативата.
Во второто полувреме, Интер ја имаше теренската иницијатива, но не успеа да ја претвори во гол. И кога се очекуваше дуелот да заврши 1:1, среќата им се насмевна на фудбалерите на Интер.
Во четвртата минута од судиското продолжение по центаршут, топката го погоди Мартин Фрезе во главата и заврши зад грбот на неговиот голман.
Во следното коло, „нероаѕурите“ ќе го пречекаат Лацио на домашен терен, додека Верона ќе гостува кај Лече.
Спорт
Спалети: Ова е Јувентус, нормално е дека постои притисок
Лучано Спалети со обеда во Крмеона го запошна мандатото на клупата на Јувентус. „Старата дама“ го победи Кремонезе со 2:1, со головите на Костиќ и Камбијасо, стрелец за домашниот тим беше англискиот ветеран Варди.
„Првото полувреме беше добро. Ми се допаѓа начинот на кој се однесувавме, очигледно е дека имаме потенцијал во тимот, па затоа мора брзо да растеме.
Им верувам на групата, на играчите што ги имам. Сепак, постои притисок што го имам затоа што сме Јувентус“, рече Спалети.
„Јуве изгледа како одлична работа, но кога мора да бидете на клупско ниво, тогаш некои луѓе го чувствуваат притисокот. Да речеме дека победата нè става во добра позиција пред почетокот на авантурата“, рече Спалети.
Тој исто така вели дека неговите емоции брзо исчезнале кога почнал натпреварот.
„Не ми е прв пат на клупата, но доаѓам по разочарувачко искуство со националниот тим. Мислам дека сите треба да растеме како група“, рече Спалети.
Спорт
Вулверхемптон го отпушти тренерот
Премиер лигата е позната по ниската толеранција на тренерски грешки, а на крајот од 10-то коло беше објавен четвртиот отказ од почетокот на сезоната. Вулверхемптон во моментов не изгледа како тим што ќе биде во елитата следната сезона, па затоа челниците решија цехот да го плати тренерот.
Витор Переира не издржа ниту една година на позицијата шеф на стручниот штаб на Вулверхемптон, а овој потег на раководството не претставува големо изненадување токму поради формата во која се наоѓа тимот.
Вулвс се последни на табелата и се уште се без победа оваа сезона. Вулверхемптон успеа да освои само два бода во 10 натпревари, има најмалку постигнати и најмногу примени голови, а последната капка беше поразот од 3:0 против Фулам во саботата.
Во декември претходната година, Переира ја презеде тренерската палка од Гари О’Нил, а во 38 натпревари оствари учинок од 14 победи, шест нерешени резултати и 18 порази.
Сè уште не е познато кој ќе биде неговиот наследник, но едно е сигурно, кој и да дојде се соочува со тешка задача.
Португалецот е четвртиот стручњак што е отпуштен оваа сезона, а во прашање се три тима што моментално се наоѓаат во зоната за испаѓање:
Тренери кои беа отпуштени оваа сезона во Премиер лигата
Нуно Еспирито Санто: Нотингем Форест – 8 септември
Греам Потер: Вест Хем – 27 септември
Ангелос Постекоглу: Нотингем Форест – 18 октомври
Витор Переира: Вулверхемптон – 1 ноември

