Спорт
Атлетико ја наполни мрежата на Реал во мадридското дерби

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го одиграа својот најдобар натпревар сезонава во Ла Лига и го победија Реал Мадрид со 5-2 во мадридското дерби. Тимот на Диего Симеоне конечно забележа две победи во низа, додека „кралевите“ доживеаја прв пораз по шесте последовни триумфи.
Натпреварот започна со спектакл уште во првото полувреме, со четири гола. Ле Норман ја отвори серијата во 15. минута со гол со глава, а Реал возврати преку Арда Ѓулер и Мбапе, кој постигна погодок за водство од 1-2. На полувреме резултатот беше 2-2 откако Сорлот израмни со гол со глава во судиското продолжение.
Во вториот дел следуваше нов шок за Реал. Алварез постигна гол од слободен удар во 64. минута за 4-2, а во судиското продолжение Антоан Гризман со мајсторски погодок го постави конечниот резултат 5-2 за Атлетико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рекордерот Хари Кејн: Чест е да се постигнат 100 гола во дресот на Баерн, не размислувам за враќање во Англија

Рекордерот по најбрзо постигнати 100 голови за клуб од топ 5 европски првенства, Хари Кејн, зборуваше по убедливата победа над Вердер со 4-0. Капитенот на Англија постигна нови два погодоци, со кои ги надмина достигнувањата на Кристијано Роналдо и Ерлинг Халанд, достигнувајќи ја бројката од 100 голови само за 104 натпревари.
Капитенот на Англија го коментираше својот подвиг.
„За мене ова е лудост. Чест е да достигнам 100 голови за овој голем клуб. Ова е и заслуга на моите соиграчи и тренерскиот тим кои ми помагаат. Неверојатно е што успеав да го остварам толку брзо. Се надевам дека ќе постигнам уште 100 голови“, изјави Хари Кејн.
На прашањето за шпекулациите околу својата иднина, Кејн одговори:
„Не, во моментов не размислувам за враќање во Англија. Многу сум среќен тука. Имам уште две години од мојот договор. Уживам во секој момент. Враќање во Англија не е во моите планови. Уживам во времето со тимот и тренерот и се надевам дека ќе продолжиме да бидеме успешни. Баерн е најдоброто место за освојување трофеи, апсолутно.“
Спорт
Монако поразен на гостувањето кај Лориен

Монако претрпе тежок пораз на гостувањето кај Лориен со 3-1 во рамките на шестото коло од Лига 1. „Кнезовите“ останаа со играч помалку уште во 38. минута по црвениот картон за Тило Керер, што значително ја олесни задачата за домаќините.
Само две минути подоцна, Бамба го отвори резултатот за Лориен, а во завршницата Пабло Пажис со два погодоци ја потврди доминацијата на својот тим.
Единствената утеха за Монако беше погодокот на Ансу Фати од пенал во последните моменти од натпреварот.
Спорт
Кристал Палас го шокираше Ливерпул, а загуби и Челси

Кристал Палас му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во новата сезона од Премиер лигата, победувајќи со 2-1 на свој терен. Домаќинот обезбеди триумф со голот на Еди Нкетија во 97. минута. Претходно, Палас поведе со погодокот на Исмаила Сар во 9. минута, а Федерико Киеза израмни за Ливерпул во 87. минута.
Во останатите натпревари, Челси загуби на „Стемфорд Бриџ“ од Брајтон со 1-3, Манчестер Сити убедливо славеше против Барнли со 5-1, додека Лидс и Борнмут ремизираа со 2-2.