Спорт
Атлетико побарале да биде суспендирана лиценцата на Гризман
Требаше време за трансферот на Антоан Гризман од Атлетико во Барселона да биде реализиран, но како што стојат работите тој ќе биде уште некое време актуелен. Атлетико тврдат дека има неправилности во трансферот и од Ла Лига побарале на фудбалерот да му биде одземена лиценцата се додека Барселона не плати уште 80 милиони евра.
Потсетување како се одвиваше трансферот на Антоан Гризман.
Барселона ја активира откупната клаузула за фудбалерот од 120 милиони евра, меѓутоа од Атлетико тврдат дека треба да добијат повеќе пари. Тие ја бараат 200 милиони евра бидејќи биле сигурни дека Барселона и Гризман се договориле околу трансферот пред 1 јули, кога откупната клаузула била за 80 милиони поголема од оние 120 милиони евра што ги платиле Каталонците.
Значи спорен е периодот кога бил постигнат договорот помеѓу фудбалерот и клубот од „Ноу Камп“.
„Сумата што е уплатена не е доволна за да се плати неговата клаузула. Очигледно е дека договорот помеѓу нив е постигнат многу порано, кога според неговиот договор клаузулата во договорот му беше 200 милиони евра. Атлетико смета дека со тоа е прекршен договорот. Кога ќе се погледнат сите факти и изјавите на фудбалерот јасно е дека моравме да покренеме процедура за да ги заштитиме своите интереси“, соопштија од Атлетико.
Претседателот на клубот Енрике Сересо тврди дека поседуваат докази дека Барселона и Гризман постигнале договор уште во март оваа година и поради тоа ќе бара Каталонците да ја исплатат целата сума од обесштетувањето.
„Ако ова јавно го кажуваме значи дека поседуваме докази. Доколку се докаже дека сме во право ќе ги бараме парите што ни припаѓаат. Можам само да кажам дека сум разочаран од Гризман. Сакаше да замине, а тоа ни го кажа во последен момент. Тој е одличен фудбалер, тука нема никаква дилема. Барса доби одлично засилување, а времето ќе покаже дали го направи вистинскиот потег“, рекол Сересо.
По сите жалби од Атлетико челниците на Ла Лига решиле да покренат постапка и да ги разгледаат сите докази што ќе им ги достават од Атлетико.
Челниците на „јорганџиите“ побарале од Ла Лига да му ја одземат лиценцата на Гризман, а доколку тоа и се случи тој нема да може да настапува за Барселона се додека Каталонците не ја исплатат целтата сума.
„Кај нас стигна жалбата на Атлетико. Во наредните денови ќе има разрешница на оваа ситуација“, порачал првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Конечната одлука ќе ја донесе Комисијата за лиценцирање. Тие ќе ги разгледаат добиените докази и потоа ќе решат дали постои основ за тужба и дали Гризман може да биде лиценциран како играч на Барселона.
Атлетико очигледно немаат намера да се откажат од 80 милиони евра и по секоја цена ќе се обидат да го наплатат целиот трансфер од вкупно 200 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
По дебаклот во дербито Партизан го отпушти тренерот
Фудбалскиот клуб Партизан, п вчерашниот дебакл во „вечното дерби“ и поразот од Црвенз звезда (3:0), му врачи отказ на тренерот Ненад Стојаковиќ.
Клубот потврди дека до крајот на сезоната тимот ќе го води поранешниот фудбалер на црно-белите, Дамир Чакар, а ќе му помага Ѓорѓије Ќетковиќ.
Стојаковиќ во ноември го презеде првиот тим од Срѓан Благојевиќ, кој во тоа време изненадувачки доби отказ.
Чакар ќе биде четвртиот тренер на Партизан, откако главен во спортскиот сектор е поранешниот фудбалер, Предраг Мијатовиќ.
Тандемот Чакар-Ќетковиќ го презема тимот на втората позиција, со четири бода помалку од Црвена звезда.
Спорт
Кристијано Роналдо ја објави одлуката за својата судбина
Незадоволен од политиката на клубот, Кристијано Роналдо бојкотираше три натпревари на Ал Наср.
Се појавија гласини, а португалските медиуми јавно пишуваа за тоа, дека еден од најпопуларните фудбалери во историјата, и покрај стотиците милиони долари што ги добива, ќе ја напушти Саудиска Арабија.
Сепак, Роналдо го негираше сето тоа откако постигна два гола на натпреварот против Ал Хазем.
„Јас припаѓам на Саудиска Арабија и сакам да останам тука. Оваа земја ме прифати мене, моето семејство, моите пријатели. Среќен сум и повторно повторувам, ќе останам тука“, рече Португалецот.
Со овие два гола, Роналдо се приближи до бројката од 1000 гола во својата професионална кариера. Му недостасуваат уште 36 погодоци од магичната граница.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Милан загуби од Парма и остана без Лофтус-Чик
Милан доживеа шокнтен пораз од Парма на „Сан Сиро“ (0:1) и остана без Англичанецот Рубен Лофтус-Чик
Милан во четири дена испадна од трката за титулата во Серија А. Во средата одигра нерешено на домашен терен со Комо (1:1), а синоќа на истото место беше шокиран од Парма.
По 26 рубди во Серија А, Интер е лидер со 64 поени, 10 повеќе од Милан, додека со по 50 поени следуваат Наполи и Рома.
Покрај поразот од Парма, проблем за Масимилијано Алегри е и тешката повреда на Лофтус-Чик.
Англиченацот имаше жесток судар со голманот на парма, Корви. Остана без неколку заби, заработи и потрес на мозокот, фрактура на вилицата, а според првите прогнози, го очекува долга пауза.
Foto/ depositphotos
Il portiere del Parma esce fuori tempo e commette un fallo criminale su Loftus-Cheek. Il tutto in area di rigore e con la palla in gioco. Rigore netto. Ruben portato in ospedale. Il killer Piccicini fa finta di niente, a Lissone i monitor erano spenti. Vi dovete vergognare pic.twitter.com/64TLKyVtLT
— Simon Templar ❤️🖤❤️🖤 (@FuSimonTemplar) February 22, 2026

