Спорт
Атлетико со играч помалку освои бод на „Сантијаго Бернабеу“
Реал Мадрид и Атлетико одиграа без победник 1:1 во 232. „Мадрилењо“. Реал со овој бод има седум помалку од Барселона и натпревар повеќе, додека Атлетико остана на четвртата позиција.
Градското дерби ги оправда очекувањата. Добивме натпревар со фино темпо, но без големи шанси за гол.
Атлетико во 64.минута остана со играч помалку кога Анхел Кореа доби црвен картон. Впечатокот е дека судијата Хесус Хил Манзано престрого пресуди во дуелот помеѓу Кореа и Ридигер.
Со играч помалку Атлетико успеа да дојде до предност. Центашутот на Гризман, во 78. минута добро го испрати Хосе Хименез и го совлада Куртоа.
Седум минути подоцна 19.годишниот Алваро Родригез, во својот втор настап во Ла Лига го постигна својот прв гол и го постави конечниот резултат.
Атлетико има повеќе причини за задоволство по дербито, по кое се чини дека Реал ги губи шансите да ја стигне предноста на Барселона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Андреас Волф ја запре Португалија
Германија со победа над Португалија 32:30 (11:11) ја отвори главната фаза на 17-то Европско првенство во ракомет.
Тимовите од новоформираната Група 1 наизменично водеа во првото полувреме, додека Германците постојано беа во водство во вториот дел, а Португалците направија сè за да ги стигнат, но не успеаја.
Разликата ја направи горманскиот голман Андреас Волф, кој забележа 14 одбрани, додека од другата страна, Густаво Капдевила и Педро Тонишер заедно собраа шест, а во вториот дел имаа само две одбрани. Буквално се што шутнаа Германците заврши во голот на Португалија.
Покрај Волф, кај Германија се истакна Шлориф кој седумте гола ги постигна во второто полувреме. Втор најдобра стрелец во гермнаскиот тим беше Усчинс со шест гола.
Португалија ја предводеше Кико Кошта со 10 гола, по пет постигнаа Мартин Кошта и Луиш Фраде.
Foto/ EPA
Спорт
Приоритет на Ливерпул е Мики ван де Вен
Главна цел на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен (24).
Холанѓанецот има „јак“ договор со Тотенхем до 30 јуни 2029 година, но бројни извори известуваат дека „Црвените“ ќе ги тестираат со богата понуда.
Ливерпул во Ван де Вен го гледа вистинскиот наследник на сонародникот, Вирџил ван Дајк.
Ван де Вен ја игра својата трета сезона во Тотенхем, каде што пристигна од германски Волфсбург. Ја започна кариерата во Волендам.
Одигра 17 натпревари за холандската репрезентација и постигна еден гол.
Со Ван Дајк, тој веројатно ќе го формира стоперски тандем на Холандија на следното Светско првенство.
Foto/ depositphotos
Спорт
Почнува борбата за место полуфиналето на Европското првенство
Foto/ EPA
Завршена е првата фаза на 17-то Европското првенство во ракомет (15 јануари – 1 февруари). Половина од 24-те селекции си заминаа дома, додека останатите го продолжуваат престојот во Данска и Шведска, каде заедно со уште еден домаќин (Норвешка) се борат за пласман во полуфиналето.
Како 14-та, Македонија од далеку ќе ја гледа борбата за две места во новоформираните групи 1 и 2I, добиени со вкрстување на претходните групи (A/Б/Џ, односно Д/E/Ф).
Првото коло ќе го отворат натпреварите во Грушата 1.
Први на теренот во Хернинг, ќе излезат ракометарите на Германија и Португалија. Ќе започнат од иста стартна позиција, бидејќи пренесоа по два бода. По нив, следува дуелот на Шпанија и Норвешка. Двете селекции не пренесоа ниту еден бод во втората фаза.
Денот ќе го затвори дербито, помеѓу бранителот на титулата Франција (2) и вицешампионот Данска (0).
Утре ќе се одигра првото коло во Групата 2, , во Малме (Шведска), каде што се Шведска (2), Словенија (2), Исланд (2), Унгарија (0), Швајцарија (0) и Хрватска (0).
Во меѓувреме, беше одреден пласманот од 13-то до 24-то место: 13. Фарски Острови, 14. Македонија, 15. Холандија, 16. Австрија, 17. Чешка, 18. Италија, 19. Србија, 20. Грузија, 21. Полска, 22. Романија, 23. Црна Гора, 24. Украина.
The main round is set. 👌😍#ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/AWpDq06kMJ
— EHF EURO (@EHFEURO) January 21, 2026
Група 1 (Хернинг, Данска), Прво коло:
Германија – Португалија 15.30 часот
Шпанија – Норвешка 18.00
Франција – Данска 20.30

