Спорт
АТП: Ѓоковиќ 2.900 поени пред Медведев
Новак Ѓоковиќ продолжи да го подобрува сопствениот рекорд. Ѓоковиќ ја почна 348. недела на првото место на АТП-листата. Бодовното салдо го зголеми и покрај поразот во полуфиналето на завршниот мастерс во Торино.
Ѓоковиќ во Торино забележа три победи, освои 600 бода, сега на врвот има 11.540 бода. Медведев ја намали разликата за 400 бода во однос на Ѓоковиќ. Рускиот тенисер не успеа да ја одбрани титулата на завршниот мастерс.
Победникот во Торино, Александар Зверев, му се доближи на Медведев, ја намали разликата за 800 бода.
АТП-листа, Топ-10:
1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 11.540
2. Данил Медведев (Русија) 8.640
3. Александар Зверев (Германија) 7.840
4. Стефанос Циципас (Грција) 6.540
5. Андреј Рубљов (Русија) 5.150
6. Рафаел Надал (Шпанија) 4.875
7. Матео Беретини (Италија) 4.568
8. Каспер Руд (Норвешка) 4.160
9. Хубер Хуркач (Полска) 3.706
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

