Спорт
Аврамовиќ кариерата ќе ја продолжи во ЦСКА
Алекса Аврамовиќ го напушти Партизан, кариерата ќе ја продолжи во ЦСКА од Москва.
Она што беше најавено сега доби официјална потврда. Алекса Аврамовиќ повеќе не е кошаркар на Партизан, што го потврди со објава на својот профил на Инстаграм, а веднаш потоа беше претставен во нов клуб, ЦСКА од Москва.
Аврамовиќ (29 години, 193 см) со ЦСКА договори две годишна соработка. Договорот ќе биде потпишан по Олимписките игри кога кошаркарот треба да ги мине лекарските прегледни.
Аврамовиќ дресот на Партизан го носеше од 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Дончиќ се прости од навивачте на Далас: Сакав да ви донесам НБА титула
Лука Дончиќ пристигна во Лос Анџелес по еден од најспектакуларните трејдови во историјата на НБА.
Словенечкиот интернационалец ќе го носи дресот на славниот клуб, додека центарот Ентони Дејвис замина во спротивен правец, во Далас Маверикс.
Пред пристигнувањето во градот на ангелите, еден од најдобрите кошаркари на денешницата им се обрати на навивачите на Маверикс, кои се уште се во неверување поради заминувањето на нивниот најдобар играч.
„Пред седум години дојдов во Далас за да го остварам мојот сон да играм кошарка на највисоко ниво. Мислев дека тука ќе ја поминам целата моја кариера. Љубовта и поддршката што ги добив беа поголеми отколку што можев да сонувам. За момче од Словенија што дојде во Америка, направивте Северен Тексас да стане мој дом. Низ добрите и лошите времиња, од повредите до финалето на НБА, вашата поддршка секогаш беше иста. Ви благодарам што не само што споделивте убави моменти, туку и ме подигнавте кога ми беше најпотребно“, напиша Дончиќ.
#MFFL pic.twitter.com/qVMcV2uh5m
— Luka Doncic (@luka7doncic) February 2, 2025
Дончиќ посебно истакна една работа.
„Кога дојдов, мислев дека целата кариера ќе ја поминам во Далас. Многу сакав да ви ја донесам титула. Им благодарам на сите со кои работев во Далас во заедницата, што им помогнав на луѓето на кои им беше потребна помош. На мојот нов кошаркарски почеток го напуштам градот кој секогаш ќе го сметам за дом. Далас е посебен град, а навивачите на Мевс се посебни фанови. Ви благодарам од се срце“, стои во писмото на Лука Дончиќ.
First moments in the City of Angels.
Welcome to LA, @luka7doncic! pic.twitter.com/gTRZHUBQAR
— Los Angeles Lakers (@Lakers) February 3, 2025
Спорт
Динамо го продаде Петар Сучиќ во Интер
Младиот ас на Динамо Загреб, Петар Сучиќ, кариерата ќе ја продолжи во Интер.
Најуспешниот хрватски клуб Динамо Загреб уште еднаш покажа како се прави бизнис на трансфер пазарот. 21-годишникот кој пред 18 месеци дебитираше во сениорскиот фудбал се сели во Интер за 14 милиони евра.
Сучиќ во Динамо дојде од младинскиот тим на Зрињски во 2022 година за 200.000 евра.
Сучиќ до крајот на неделава ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише договор со Интер, а ќе остане на позајмица во Динамо до крајот на тековната сезона.
Интер одлучи да ја продолжи успешната соработка со хрватските фудбалери, како што тоа го направи со Иван Перишиќ, Марсело Брозовиќ и Матео Ковачиќ.
Спорт
(Видео) Бостон од -26 до триумф во Филаделфија, Мемфис победи во Милвоки
Кошаркарите на Бостон Слетикс надополнија минус од 26 поени и славеа во Филаделфија 118:110. Во ноќта зад нас седмата последовна победа ја забележаа играчите на Мемфис Гризлис. мемфис убедливо победија во Милвоки 132:119.
Актуелните шампиони, Бостон Селтикс, до 35.победа во сезоната дојдоа на спектакуларен начин. Се вратија од негатива од 26 поени и ја победија филалделфија.
Ги предводеше Џејсон Тејтум со 35 поени, од кои 13 постигна во четвртата четвртина, а имаше и 11 асистенции и седум скока.
Во победата придонесоа Џејлен Браун со 21 поен, 10 скока и шест асистенции, Кристапс Порзингис со 18 поени и седум скока и Дерик Вајт со 17 поени и девет асистенции.
Најефикасен во тимот на Филаделфија беше Тајрис Макси со 34 поени. Ова беше петти последователен натпревар на кој постигнува најмалку 30 поени, а 14-ти последователен натпревар со најмалку 28 поени.
Во првото полувреме постигна 23 поени и имаше шест асистенции.
Гершон Јабусуле додаде 21 поен и шест скока, Кели Убре 18 поени и 13 скока, а Џастин Едвардс запиша 12 поени и седум скока.
Мемфис го совлада Милвоки со 132:119 и ја забележа седмата последователна победа во меѓусебните дуели.
Џерек Џексон беше најефикасен во победничкиот тим со 37 поени, а Санти Алдама постигна 23 поени и забележа осум скока.
Дезмонд Бејн додаде 22 поени со девет скока, а Зек Иди имаше 14 поени со 11 скока.
Милвоки последен пат го победи Мемфис на 19 јануари 2022 година.
Бакс го претрпе четвртиот пораз во последните пет натпревари, а најефикасен беше Јанис Адетокумбо со 30 поени, 11 скока и седум асистенции.