Спорт
Австрија ја запре Холандија, Швајцарија ја растури Италија
Австрија и Холандија ремизираа во првиот натпревар од третото коло во Групата 2 на 29. Светско првенство во ракомет. Попладнево во Вараждин натпреварот заврши 37:37 (17:19).
Холанѓаните киксираа кога не очекуваа. Со пет бода немаат шанси за второто место во групата. Шанси за четвртфинле сега имаат Унгарија и Македонија. Доколку Катар ја победи Унгарија, а Македонија слави против Франција, тогаш избраниците на Кире Лазаров ќе се пласираа меѓу најдобрите осум.
Во Групата 1, Швајцарија ја декласира Италија со 33:25.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драма со среќен крај за Хрватска – Хрватите преку Словенија се пласираа во четвртфиналето
Ракометната репрезентација на Хрватска ја совлада Словенија со 29:26 во последниот натпревар од групата 4 на Светското првенство. Со оваа победа Хрватска го освои првото место во групата. Меѓу три селекции со ист број на бодови, Хрватите имаа најдобра гол разлика. Второто место го освои Египет.
Натпреварот не започна добро за Хрватска. Речиси полни осум минути хрватската репрезентација не постигна гол, а прими пет. Словенците одржуваа водство меѓу четири и пет гола, но со серија од 4:1, во која од Матео Мараш постигна три гола, Хрватска стигна до -2 во 23. минута.
Словенците поведоа со 15:12 во 26. минута, но Хрватска го заврши полувремето со серија од три гола и на одмор замина со резулта 15:15. Само што се огласи сирената, дојде до конфликт меѓу играчите, а овие грди сцени го завршија првото полувреме.
На почетокот на вториот дел се играше гол за гол. Словенија водеше со 16:15, 17:16, 18:17, а водството од 19:18 им беше последно на натпреварот. Од друга страна, Марин Шипиќ беше заслужен за првото водство на Хрватска со гол во 39. минута од натпреварот.
Резултатот беше изедначен до 22:22, а потоа со голоците на Иван Мартиновиќ, Звонимир Срна и Игор Карачиќ, Хрватска дојде до недостижни за Словенците три гола преднос (25:22).
Играч на натпреварот беше Марин Шипиќ со пет гола од исто толку обиди, а по пет постигнаа и Иван Мартиновиќ и Филип Главаш. Доминик Кузмановиќ имаше осум одбрани со 35% успешност. Алекс Влах беше најдобар стрелец кај поразениот тим со пет гола.
Следниот тпревар Хрватска ќе го одигра во вторник од 20:30 часот, повторно во Загреб против Унгарија. Во случај на победа, Хрватска во полуфиналето ќе игра со победникот од пресметката меѓу Франција и Египет.
Преостанатите две четвртфинални двојки се Португалија-Германија и Бразил-Данска.
Спорт
(Видео) Среќна победа на Јунајтед кај Фулам
Манчестер Јунајтед го победи Фулам со 1:0 во 23. коло од Премиер лигата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Аргентинецот Лисандро Мартинез во 78. минута и тоа беше се од напаѓачкиот репертоар на гостите вечерва во Лондон.
Играчите на Рубен Аморим и тој самиот ќе се обидат што поскоро да заборават на се друго.
Голото што го постигна Јунајтед беше повеќе резултат на среќни околности отколку последица на добра, координирана и квалитетна игра на гостите, бидејќи топката по ударот на Мартинез удри во ногата на Саша Лукиќ (кој се обиде да ја блокира), доби забрзување и падна токму таму каде што Берн Лено не можеше да реагира.
LISANDRO MARTINEZ GOAL!!
YESSSS!!!
1-0. GET IN!!! 🔥 pic.twitter.com/eFAgplvPmW
— UF (@UtdFaithfuls) January 26, 2025
Уште еден детаљ кој го обележа овој лош натпревар се случи во 88. минута кога играчот на Манчестер Јунајтед, Тоби Колиер интервенираше на гол линијата и спречи гол на Фулам.
До крајот, во третата минута од судиското надополнување, Диало се чинеше дека го удвои водството на гостите, но неговата радост кратко траеше, бидејќи голот беше поништен по интервенција на ВАР.
Ова беше 17. последователен натпревар меѓу овие два тима крај Темза во кој Фулам не успеа да победи, а веројатно и најздодевниот во историјата на ривалството меѓу Фулам и Јунајтед. Тоа е воедно и осма победа на Јунајтед во последните девет натпревари на овој стадион.
За динамиката на мечот во Лондон, можеби најдобро говори податокот дека првиот корнер на натпреварот беше виден во 71. минута, а првиот жолт картон минута подоцна.
Спорт
(Видео) Интер ја продолжи потерата по Наполи, лесно победи во Лече
Интер лесно победи во Лече, во 22.коло во Серија и ја продолжи потерата по лидерот Наполи. Актуелниот шампион победи со 4:0.
Интер во раната фаза на натпреварот го отвори резултатот. Во шестата минута погоди Фратези. Предноста во финишот на првиот дел ја зголеми Лаутаро Мартинез.
Во вториот дел Дамфрис ја продолжи голгетерската серија, а точка на натпреварот стави Иранецот Тареми од пенал.
Во Лече, тренерот на Интер Симоне Инзаги влезе во историјата на италијанскиот фудбал. Инзаги стана тренерот кој најбргу стигнал до 200 победи ( на 332 натпревари) во Серија А.