Спорт
Автомобилот на Роналдо го откри неговиот следен клуб?
Автомобилот на Кристијано Роналдо е фотографиран во гаражата на стадионот на Спортинг Лисабон. Ова веднаш предизвика еуфорија дека Португалецот би можел да се врати во клубот во кој ја започна сениорската кариера.
Роналдо сака да замине од Манчестер Јунајтед со цел да игра во Лигата на шампионите и следната сезона.
Португалската ѕвезда кокетираше со многу клубови, но најголем дел од нив и не сакаат да го доведат во нивните редови. Така пропаднаа можностите за Баерн Минхен, Челси, Рома, Наполи…
Можеби е време, Роналдо да се врати дома, во Лисабон.
???? NEW ????
Cristiano Ronaldo’s car has been SPOTTED in Alvalade (Sporting Lissabon’s stadium) in the parking lot reserved for the players ✅
Could Ronaldo go back to the club that brought him to the world of football ???? pic.twitter.com/yXJ8FVVA9g
— Guilherme de Melo???????? (@TropeliasFPL) July 17, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сомнителен пенал го реши дерби Севилјано
Фудбалерите на Севилја славеа против Бетис во градското дерби со 1:0,
Севилја, со денешниот триумф се изедначи со Бетис, двата тима имаат по 12 бода, колку што има и Селта. Овие три тима се на делба од деветтата до 12.позиција.
Домашните први постигнаа гол во 10. минута, но Ејуке беше во недозволена позиција, па голот беше поништен.
На другата страна, голема шанса пропушти Витор Роке кога неговиот удар со глава успеа да го одбрани Ниланд.
Во средината на првиот дел од играта се обиде и Лукебакио од далечина кога Силва одлично реагираше, а до одморот немаше промена на резултатот.
Почетокот на вториот дел го донесе клучниот момент на натпреварот. Диего Љоренте играше со рака, Севилја доби пенал, а Доди Лукебакио беше сигурен од белата точка во 50. минута од натпреварот.
Пеналот е котраверзен бидејќи топката го погоди Љоренте кога тој беше свртен со грб, на само половина метар беше оддалечен од играчот кој шутираше, раката не беше до телото, но физички не можеше да биде.
По повик од ВАР собата, судијата Хуан Мартинез покажа на белата точка, теоретски имаше основа за пенал, но впечаток е дека сепак одлуката беше престрога.
Главниот судија покажа вкупно десет жолти картони, поради два жолти во финишот на мечот беше исклучен Нијанзу.
Спорт
(Видео) Спектакуларен пресврт на Брајтон против Тотенхем од -:2 до 3:2
Фудбалерите на Брајтон со спектакуларен пресврт славе победа над Тотенхем во 7.коло во Премиер лигата. „Галебите“ губеа на полувреме со 0:2, на крајот славеа победа со 3:2.
Како што покажа резултатото првиот дел апсолутно им припадна на фудбалерите на Тотенхем. Постигнаа два гола преку Џонсон во 23. и Медисон во 37.минута.
Домашните се разбудја во вториот дел и за само 18 минути направиа целосен пресврт. Резултатото го намали Минтех во 48., изедначи Рутер во 58, а целосен пресврт направи Велбек во 66.минута.
Брајтон се шести на табелата со 12 поени, Тотенхем имаат два бода помалку и се на деветтото место.
Спорт
(Видео) Ајнтрахт во 94.минута освои бод против Баерн
Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт одиграа нерешено со Баерн Минхен во 6. коло од Бундес лигата.
Франкфурт и Баерн натпреварот од 6. коло го завршија со резултат 3:3, а домаќинот имаше повеќе причини да го слават нерешениот резултат.
Израмнија во 94. минута од натпреварот, кога Мармуш го постигна својот втор гол на натпреварот.
Баварците во 15. минута преку Ким дојде до предност, а само седум минути подоцна одговори Ајнтрахт. кога Мармуш го постигна својот прв гол.
Потоа Мармуш му асистираше на Етиките, кој во 35. минута погоди за водство на Ајнтрахт од 2:1. До крајот на полувремето Упамекано. израмни.
Во продолжение Баерн направи пшресврт и по вторпат поведе. Тоа се случи откако Олисе ја затресе мрежата на Ајнтрахт во 53. минута од натпреварот.
До 94. минута Баерн имаше предност и одеше на победа, а потоа на сцена стапи Мармуш кој го растажи Баерн Минхен.