Спорт
АЗ Алкмар го шокираше Лацио сред „Олимпико“
АЗ Алкмар стигна до сензационална 1:2 победа на гости кај Лацио во првиот меч од осминафиналето на Конференциската Лига Европа на УЕФА.
Кога Педро ги донесе домаќините во водство по 18 минути игра, навивачите се понадеваа на рутинска победа пред гостувањето во Холандија, но АЗ успеа да ја врати рамнотежата во 45. минута преку Вангелис Павлидис по асистенција на Швеѓанецот Јеспер Карлсен.
Лацио не успеа да ги искористи своите шанси пред гостинскиот гол, за во 62. минута, Карлсен повторно да има одлична асистенција до Унгарецот Милош Керкез за изненадувачко водство на „Олимпико“.
КОНФРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Лацио – АЗ Алкмар 1:2
ВО ЧЕТВРТОК ИГРААТ
Андерлехт – Вилјареал
Шериф Тираспол – Ница
Базел – Слован Братислава
Фиорентина – Сиваспор
Гент – Башакшехир
Лех Познањ – Ѓургарден
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Фото) Кирјиос повторно го прозва Синер
Австралискиот тенисер Ник Кирјиос уште еднаш потврди дека не верува во невиноста на Јаник Синер.
Во март Италијанецот двапати беше позитивен на забранетиот клостебол, му беше дозволено да игра, а во август Меѓународната агенција за интегритет во тенис го ослободи од обвиненијата за допинг.
Сепак, во саботата Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) и бара суспензија од 12 до 24 месеци за играчот број еден во светот.
Кирјиос ја сподели веста на социјалните мрежи, со коментар:
„Ха-ха-ха, можеби сепак не е толку невин?
Синер е разочаран од жалбата на ВАДА, а целата ситуација ја коментираше и претседателот на Италијанската тениска асоцијација, Анџело Бинаги.
Не се знае кога CAS ќе ја донесе својата конечна одлука, а се може да потрае уште неколку месеци.
Спорт
(Видео) Дебакл на Барселона во Памплона – Будимир херој на Осасуна
Фудбалерите на Осасуна ја шокираа Барселона и ја совладаа со резултат 4:2 (2:0) во натпреварот од 8.коло на шпанската Ла Лига.
Ова е прв пораз за Каталонците во Примера од почетокот на сезоната. Анте Будимир постигна два од четирите гола во историска ноќ за Осасуна. Тимот од Памплона по 12 години успеа да ја победи Барселона на домашен терен.
Тренерот на Барселона натпреварот го започна со комбиниран тим, без Јамал и Рафиња. Осасуна знаеше како да го казни тоа.
Будимир го постигна првиот во 18. минута по центаршутот на Брајан Сарагоса, а крилениот напаѓач 10 минути подоцна со мајсторски потег, како во мал фудбал го мина голманот Пења и зголеми на 2:0.
Барса продолжи да оди на се или ништо и во 53-та, по двете големи грешки во низа на голманот Серхио Ерера, успеа да ја преполови негативата преку Пау Виктор.
По тој гол Барселона уште повеќе притисна, но Осасуна покажа сила и успеа да ги префрли случувањата на спротивната страна од теренот.
Имаа домашните неколку опасни напади по крилните позиции, а во 72. минута добија пенал. Будимир беше сигурен и ја врати предноста од два гола. .
На пет минути пред крајот беше ставен крајот, бидејќи Бретонес постигна феноменален гол за огромни 4:1.
Поразот во 89. успеа да го ублажи Ламин Јамал со уште еден многу убав гол на овој меч.
Барса по максимални седум победи го доживеа првиот пораз во новата сезона. Тие ќе останат на првото место со 21 бод.
Осасуна собра 14 и моментално е на шестата позиција на табелата.
Спорт
(Видео) Конате и Салах го лансираа Ливерпул на челната позиција во Премиер лигата
Во натпреварот од шестото коло на англиската Премиер лига, Ливерпул победи со 2:1 на гостувањето кај последнопласираниот тим во лигата Вулверхемптон.
Тимот на Арне Слот на тој начин ја забележа петтата победа сезонава и со тоа го престигна актуелниот шампион Манчестер сити на врвот на табелата.
Ливерпул поведе со голот на стоперот Ибрахим Конате во судиското надополнување на првото полувреме. Домаќините се вратија во вториот дел кога алжирскиот дефанзивец Рајан Аит Нури погоди во 56. минута. Победата на Ливерпул му ја обезбеди во 61. минута Мохамед Салах со гол од пенал.