Контакт

Спорт

Азар е повреден, го пропушта стартот на Примера

Објавено пред

Белгискиот фудбалер, Еден Азар се повредил на тренинг на Реал Мадрид и нема да настапи на првиот меч на својот тим во новата сезона во Примера, утре против тимот на Селта Виго. Ова денеска го објави Реал на службената страна на клубот. Се работи за повреда (истегнување) на мускул на ногата.

dobivaj vesti na viber

Белгиецот, кој сезонава се очекува да биде носител на играта на Кралевите, ќе почека на своето деби во првата шпанска лига

Дел од шпанските медиуми пишуваат дека можно е Азар да не биде во комбинација 3-4 недели, а доколку рехабилитацијата заврши побрзо, тој нема да настапи за Реал пред репрезентативната пауза која е на почетокот на идниот месец.

Пред да се отиде на репрезентативна пауза, Реал Мадрид ќе треба да ги одигра мечевити против Селта Виго, Реал Валјадолид и Вилјареал.

Тренерот Зинедин Зидан нема голем избор, па на лево крило ќе мора да заигра Винициус Јуниор. Останатите три леви крила (Асенсио, Дијаз и Родриго) се повредени.

Спорт

(Видео) Поранешната ММА-ѕвезда проговори од болничкиот кревет: Умирав четирипати, но имам нови бели дробови

Објавено пред

Пoранешниот боксер во полусредна категорија на UFC, Бен Аскрен (40), проговори од болничкиот кревет, велејќи дека „умрел четири пати“ за време на борбата за живот по двојната трансплантација на бели дробови. Аскрен беше хоспитализиран минатиот месец со тешка пневмонија, за која се верува дека е резултат на стафилококна инфекција. Лекарите го ставија во индуцирана кома пред успешно да се оперира и да добие нов бел дроб.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот шампион на Белатор и ONE Championship моментално се опоравува. Во средата, тој објави видео на Инстаграм од болницата, опишувајќи низ што поминал, вклучително и губење на повеќе од 23 килограми. „Само ги читав дневничките записи на мојата сопруга бидејќи не се сеќавам на ништо од 28 мај до 2 јули“, рече Аскрен.

„Немам поим што се случи. Го прочитав дневникот на Ејми. Беше како да гледам филм, беше неверојатно. Умрев четири пати. Срцето ми застана околу 20 секунди. Тоа не е добро, се надевам дека го знаете тоа. Но, добив нови бели дробови“, додаде Аскрен.

Таткото на три деца е благодарен што преживеал сè што му се случи и што му беше дадена уште една шанса. „Добивам сила и учам повторно да ги користам сите функции на моето тело. Вчера стапнав на вагата и тежев 66,6 килограми. Не сум тежел толку многу од моите 15 години. Изгубив околу 22 килограми за 45 дена. Беше вистинска борба. Воопшто не се сеќавам на поголемиот дел од тоа“, рече поранешниот ММА борец.

Заедницата на боречки вештини и борење е силно вклучена во помагањето на семејството на Аскрен, а претседателот на UFC, Дана Вајт, јавно апелираше за донации. Операцијата што го спаси животот беше овозможена благодарение на анонимна донација од 500.000 долари, или 425.000 евра.

Аскрен рече за поддршката: „Најтрогателната работа беше количината на љубов што ја чувствував од сите страни. Беше речиси како да имам свој погреб. Се сеќавам, пред 30 години, кога почина Дејв Филипс, постарите луѓе ми кажуваа колку го сакаат, колку им значеше. И секако, тој никогаш не го слушна тоа. Реакцијата од заедницата на борење беше неверојатна. Се чувствував толку сакан.“

Откако целосно ќе се опорави, Аскрен планира да се врати на својата дневна работа – тренирајќи млади борачи во Висконсин. „Помотивиран сум од кога било да се вратам, да дадам сè од себе и да помогнам колку што можам. Ве сакам сите, благодарен сум. Беше тешко, не само за мене, туку и за целото мое семејство и заедница.

Ви благодарам на сите за сè. Се надевам дека овој пост ви значеше нешто. Како што реков, можеби еден ден Ејми и јас ќе можеме да ја раскажеме целата приказна подетално.“

Борбената заедница беше пресреќна кога слушна дека Аскрен се опоравува, иако сè уште има многу предизвици пред него. Поранешниот двократен шампион на UFC, Даниел Кормиер, коментираше: „Те сакаме, пријателе мој. Ти си борец, затоа се враќаш. Фала му на Бога што сè уште те имаме.“

Колегата борец и поранешен двократен шампион, Хенри Сехудо, рече: „Драго ми е што успеа. Ни ги отвори очите на сите. Фанки се врати.“

Новиот шампион во тешка категорија на UFC, Том Аспинал, рече: „Продолжи да се бориш, Бен. Сите сме зад тебе, брате.“

Аскрен е роден во Ајова. Имаше импресивна кариера во светот на MMA. Беше шампион во велтер категорија во Bellator и ONE Championship, а се приклучи на UFC во 2019 година, каде што забележа една победа и два порази пред да се пензионира. Имаше резултат од 18-0 пред да се приклучи на UFC, а неговото време во UFC беше обележано со пораз со нокаут од Хорхе Масвидал со удар со колено по само пет секунди борба.

По неговата MMA кариера, Аскрен се обиде во боксот во 2021 година против Џејк Пол, каде што загуби со нокаут во првата рунда. Во последниве години, тој се посвети на тренирање и развој на академија за борење во Висконсин. Тој ги претставуваше САД на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и заврши на седмото место во борење слободен стил, во категоријата до 74 кг

Прикажи повеќе...

Спорт

Голем скандал ја потресе Америка: поранешна НБА-ѕвезда осудена на осум години затвор за силување

Објавено пред

Бен Меклемор, 32-годишен американски кошаркар, беше осуден на осум години затвор за силување, според светски познати медиуми.

dobivaj vesti na viber

Наводно, сексуалниот напад се случил на домашна забава во 2021 година. Според извештаите од Америка, повредената девојка била под дејство на алкохол во полусвесна состојба, а одбраната и негирањето на делото од страна на Меклемор не му помогнале да избегне казна во Орегон.

Целосната пресуда вели дека Меклемор е прогласен за виновен за „едно обвинение за силување од прв степен, едно обвинение за незаконска сексуална пенетрација од прв степен и едно обвинение за сексуален напад од втор степен“.

Жртвата се појави на видео во средатa на изрекувањето на пресудата на Меклемор, велејќи, меѓу другото:

„Во последните неколку години, честопати чувствував како товар што морав да го влечам зад себе, постојан потсетник за траумата што не можев целосно да ја надминам бидејќи немаше крај на повидок. Сега разбирам, зошто толку многу жртви се двоумат или никогаш не пријавуваат што им се случило.“

Откако беше пријавен сексуалниот напад во 2021 година, започна истрага за наводните обвинувања против Меклемор. Налогот за апсење беше издаден во февруари 2024 година, а кошаркарот беше уапсен два месеци подоцна и сега ќе мора да биде зад решетки.

Меклемор некогаш се сметаше за млада НБА ѕвезда, бидејќи беше избран со седмиот избор на драфтот во 2013 година, и отиде во Сакраменто Кингс. Потоа играше за Мемфис, Хјустон, Лос Анџелес Лејкерс и Портланд, а од 2023 година ќе игра надвор од НБА.

Беше во Кина, потоа играше за АЕК од Атина, пред да се пресели во Бреоган. Минатата сезона беше член на турскиот Меркезефенди, но се чини дека неговата професионална кошаркарска кариера завршува тука.

Во својата НБА кариера, тој одигра вкупно 556 натпревари, а во просек имаше девет поени, 2,3 скока и една асистенција. Својот последен натпревар во турското првенство го одигра против Тофаш. Неговиот тим загуби со 92:94, а Меклемор постигна 23 поени со три асистенции и два скока.

Прикажи повеќе...

Спорт

Алонсо: Модриќ ќе биде запаметен по многу добри работи, не по овие 25 минути, тој е легенда

Објавено пред

Лука Модриќ (39) го одигра својот последен натпревар за Реал.

dobivaj vesti na viber

Во полуфиналето на Светското клупско првенство, тој играше по 597 и последен пат за клубот чија легенда и најтрофеен играч со 28 трофеи е самиот тој.

Реал загуби со 0:4 од ПСЖ во Њу Џерси, а Модриќ се збогува со клубот и се сели во Милано.

Капитенот на Реал се збогува со клубот каде што помина 13 години во солзи, а по натпреварот му се поклони и неговиот поранешен соиграч, а од синоќа и поранешен тренер Чаби Алонсо, кој му даде можност да се збогува со Реал во неговиот последен натпревар на Светското првенство.

Модриќ влезе во игра во 65-тата минута кога Реал губеше со 0:3.

„Лука Модриќ нема да биде запаметен по денешниот натпревар. Ќе биде запаметен по многу добри работи, не по овие 25 минути. Тој е легенда, легенда на Реал Мадрид. Беше чест да се работи со него“, рече Алонсо.

Модриќ плачеше по неговиот последен натпревар за Реал, а Алонсо го тешеше со прегратки и бакнежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски, вели бугарскиот шеф на дипломатијата

„Успеавме да спречиме Европскиот парламент да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северно- македонскиот премиер очигледно не е...

Македонија2 часа

СДС се сити на пожарите, постојано се подметнуваат, а тие шират политички хаос и прават политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според партијата на власт, во СДС ништо не се менува и СДС продолжува со истата политичката матрица секогаш кога има...

Македонија2 часа

„Вреди“ до ДУИ: Доста со лаги, Албанците не се бројки за манипулација, ниту нули за игнорирање

Секојдневно, ДУИ шири ниски и бесрамни лаги против владењето на „Вреди“, обидувајќи се да ја измами јавноста со празни тврдења...

Македонија2 часа

Активни девет пожари во државата: сè уште гори во Чучер-Сандево, Визбегово, Дојран, Македонски Брод

Центарот за управување со кризи информира дека во моментов се активни девет пожари, меѓу нив и пожарот на депонијата во...

Спорт3 часа

Вимблдонска приказна што треба да ја прочитаат Сиљановска и Мицкоски: Чилеанец со македонско потекло, кој се гордее со тоа

Од специјалниот известувач од Вимблдон По скандалите со доделувањето на македонски пасоши на белосветски криминалци и нарко-босови, вистински потег на...

Свет4 часа

Рубио денес ќе се сретне со Лавров

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот...

Европа4 часа

(Видео) Експлозии одекнуваат во Киев, во тек е масовен руски напад, има жртви

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина втора ноќ по ред, а Киев беше најтешко погоден, каде што експлозиите одекнуваа...

Македонија4 часа

Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП...

Македонија14 часа

(Фотогалерија) Армијата вклучена во гаснењето на пожарите

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и...

Македонија15 часа

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а...

Македонија16 часа

Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на...

Македонија17 часа

Најдено починато лице во близина на пожар во Кривопаланечко

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР. Во присуство на јавен обвинител...

Македонија18 часа

Општина Крива Паланка до граѓаните: Излезете и помогнете, состојбата со пожарите е сериозна

Крива Паланка попладнево е зафатена од голем пожар. Од општината информираат дека огнот претставува сериозна закана за домовите, шумите и...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски за извештајот во ЕП: Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот

Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот,...

Македонија20 часа

(Видео) Целосно прекинат сообраќајот кон ГП Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат...

Македонија21 час

(Видео) Пожарот кај Лозаново закана за домовите, градоначалникот на Крива Паланка бара итна интервенција

Во директна опасност од огнената стихија се наоѓаат населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка,...

Македонија21 час

На територијата на Македонија активни 10 пожари

Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на целата држава имало 14 активни...

Македонија23 часа

Повредено лице во пожарот во Шуто Оризари, пукотниците се од плински уреди на хаварисани возила, кои горат во отпад за железо

Едно лице утрово е повредено при гаснењето на пожарот во Шуто Оризари, од кој се креваат облаци густ црн чад....

Македонија24 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран

Во утринската акција за гаснење на пожарот во Дојран беше активиран хеликоптерот „агуста бел 212“, со кој во повеќе налети...

Регион1 ден

Вајц: Мора да се бориме против српското влијание во Северна Македонија

Во Северна Македонија гледаме многу странско влијание. Мора да се бориме против него, без разлика дали е српско, кинеско или...