Спорт
Азар ќе се пензионира?

Еден Азар размислува за повлекување од фудбалот, пишува шпански „АС“. Според овој извор, 32.годишниот Белгиец не е заинтересиран да игра во Саудиска Арабија или МЛС, а за него нема место во сериозните европски лиги, поради што ја разгледува опцијата да ја заврши кариерата.
Азар пристигна во Реал Мадрид во 2019 година како големо засилување. Неговиот трансфер од Челси изнесуваше 105 милиони евра, но некогаш големиот Белгиец не покажа ништо на „Сантијаго Бернабеу“.
Оваа сезона одигра 10 натпревари за „кралскиот клуб“ и постигна еден гол. Вкупно одигра само 76 натпревари во дресот на Реал Мадрид со учинок од седум гола и 12 асистенции.
Со Реал освои две титули во Ла Лига и по една во Копа дел Реј, Суперкупот на Шпанија, Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА.
Во богатата кариера Азар блесна во дресот на Челзи. За сините настапи 352 пати со 110 гола и 92 асистенции. Тој освои две титули во Премиер лигата и Лига Европа и по една титула во ФА Купот, Лига купот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Индијана Пејсерс во Вашингтон постигнаа 162 поена

Кошаркарите на Индијана го совладаа Вашингтон со 162:109 и поставија рекорд на франшиза по бројот на постигнати поени во еден натпревар.
Девет играчи на Индијана постигнаа двоцифрени поени, а лидери беа Тајрис Халибартон со 29, Мајлс Тарнер со 17 и Џерес Вокер со 16 поени.
Пејсерси можеа и поубедливо да победат, но не ги искористија нападите на нешто повеќе од една минута до крајот, поради што беа исвиркани од навивачите во Вашингтон.
Претходниот рекорд на франшизата беше 157 поени.
Вашингтон дозволи најмногу поени во историјата на франшизата, а најефикасен играч во тимот беше Алекс Сар со 22 поени и седум скока. Џордан Пул додаде 18 поени.
everyone eats 😈 pic.twitter.com/9ARZGj7cKB
— Indiana Pacers (@Pacers) March 28, 2025
На другите натпревари, Хјустон ја победи Јута со 121:110 со 33 поени и 10 скока од Алперен Шенгун, а Сакраменто го победи Портланд со 128:107 и ја прекина серијата од четири порази.
Далас го совлада Орландо со 101:92, додека Мајами со 36 поени на Тајлер Хиро ја совлада Атланта и ја забележа третата последователна победа.
Резултати:
Кливленд – Сан Антонио 124:116
Орландо – Далас 92:101
Мајами – Атланта 122:112
Чикаго – Ла Лејкерс 117:119
Оклахома – Мемфис 125:104
Јута – Хјустон 110:121
Сакраменто – Портланд 128:107.
Спорт
Осасуна ќе ја обжали победата на Барселона – Иниго Мартинез немал право на настап

Барселона ја совлада Осасуна со 3:0 и се искачи на првото место на десет кола до крајот на шампионатот, со три бода повеќе од актуелниот шампион Реал.
Победата до која Барселона дојде рутински, откако постигна два гола во првите 20 минути ќе биде оспорена од Осасуна, пишуваат сите шпански медиуми. Радио станицата „Кадена Копе“, откри дека Осасуна размислува за жалба бидејќи постои сомнеж дека Барселона го прекршила правилото на ФИФА за задолжителен одмор на играчите откако ќе се откажат од националниот тим поради повреда.
„Адвокатите на Осасуна размислуваат да го оспорат натпреварот и неговиот резултат поради недозволениот настап на Иниго Мартинез за Барселона. Осасуна се повикува на членот 5 на ФИФА. Во него се наведува дека кога играчот ќе го напушти националниот тим поради повреда, тој може да не игра за клубот додека не поминат пет дена од последниот натпревар на репрезентацијата“, пишуваат Шпанците и додаваат: „Шпанија играше со Холандија во Лигата на нации во неделата, тоа значи дека до мечот со Осасуна помале четири, а не пет дена. Осасуна сега истражува дали Мартинез ја напушти репрезентацијата на негово барање илилекарите на репрезентацијата го испратиле дома. Тоа е клучно“.
Мартинез не настапи за Шпанија против Холандија поради повредата што ја заработи против Атлетико.
„Иниго Мартинез е повлечен од репрезентацијата на Шпанија поради повреда на коленото, која ја пријави Барселона. На негово место селекторот Луис де ла Фуенте го повика Дин Хујсен од Бурнмут“, соопшти шпанската фудбалска федерација пред натпреварите на националниот тим.
Мартинез остана во Барселона за да ја лекува повредата. Тој почна да тренира во понеделник, ден по репрезентативниот натпревар. Три дена подоцна играше за Барселона против Осасуна како стартер.
Спорт
(Видео) Шокантен пораз на Лејкерси во Чикаго – испуштија предност од пет поени за 13 секунди

Кошаркарите на Чикаго Булс го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 119:117 со чудесен пресврт во последните секунди од натпреварот и тројката на Џош Гиди од повеќе од половина терен.
НБА го опиша исходот од натпреварот како „веројатно најлудиот во сезоната“. Гиди одигра одличен натпревар против Лејкерс и заврши со трипл-дабл. Постигна 25 поени, имаше 14 скока и 11 асистенции, но најспектакуларното го остави за самиот крај.
На неполни 13 секунди до крајот Лејкерси имаа пет поени предност (115:110). Во преостанатото време Булс постигнаа девет поени, Патрик Вилијамс и Коби Вајт постигнаа тројки, а потоа и Гиди погоди од својата половина со звукот на сирената. Заедно со Гиди, за деветтата победа на Булс во последните 11 натпревари, најзаслужни беа Вајт со 26 поени и девет асистенции и Кевин Хуертер со 21 поен, шест скока и пет асистенции. Кошаркарите на Чикаго во последниот период надополнија минус 18 поени.
Лејкерси, кои го победија претходниот натпревар со поени на Леброн Џејмс со звукот на сирената, беа поразени по осми пат во последните 12 натпревари.
Со 30 постигнати поени нивен најдобар стрелец на овој натпревар беше Остин Ривс. Лука Дончиќ додаде 25 поени, заедно со 10 скока и осум асистенции, а Џејмс 17 поени, заедно со пет украдени топки и 12 асистенции.