Спорт
Азар: Мислам дека ова е збогум
Еден Азар, најдобриот играч на Челси, по освојувањето на титулата во Лига Европа, најавил заминување од клубот.
Белгиецот веќе една година се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а изминатите денови медиумите пишуваа дека натпреварот во Баку против Арсенал ќе биде последниот што ќе го одигра во дресот на Челси.
„Ќе решиме во наредните денови, сега во главата ми е само победата во ова финале. Јас реши, сега ги чекам клубовите. Мислам дека ова е збогум, но во фудбалот никогаш не можете да биде сигурни што ќе се случи. Сонот ми беше да играм во Премиер лигата и го остварив тоа во еден од најголемите клубови. Мислам дека сега е време за нов предизвик“, рекол Азар.
Белгиецот ја завери победата на Челзи над Арсенал (4:1) со два гола, откако претходно Чех го совладаа Жиру и Педро.
„Мислам дека двата тима играа под стрес, сепак ова беше финале. Кога Оливие погоди, започна одличната ноќ за нас. Игравме добро, го контролиравме натпреварот, среќен сум што го освоивме трофејот“, заклучил Азар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Минамино ја заврши сезоната, веројатно го пропушта Светското првенство
Играчот од средниот ред на Монако и јапонската репрезентација, Такуми Минамино (30), сериозно го повреди коленото, во неделата, на натпреварот од Купот на Франција против Оксер и веројатно ќе го пропушти Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада.
Минамино претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека операција.
„За време на натпреварот против Оксер, нашиот играч од средниот ред Минамино го повреди левото колено. Лекарските прегледи покажаа руптура на предните вкрстени лигаменти“, објави клубот од Кнежевството.
Јапонецот е во Монако од јули 2022 година и досега постигна 23 гола на 120 натпревари. Тој одигра 73 натпревари и постигна 26 гола во дресот на Јапонија.
На Светското првенство, Јапонија ќе игра во групата Ф заедно со Холандија, Тунис и една екипа од квартетот Украина, Шведска, Полска и Албанија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Филкруг пристигна во Милано, утре ќе потпише договор со Милан
Напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, вечерва слета во Милано. За утре се закажани медицинските тестови, доколку успешно ги мине ќе стане член на Милан.
Напаѓачот на Вест Хем, Филкруг, треба да му се придружи на Милан како позајмен играч со опција за откуп од Вест Хем.
Во среда, на Бадник според новиот календар, Филкруг ќе тренира под водство на Масимилијано Алегри за прв пат и ќе биде достапен за првиот натпревар во 2026 година против Каљари, благодарение на специјалното одобрение од Фудбалскиот сојуз на Италија.
Некои медиуми од Апенините пишуваат дека, по завршувањето на сезоната Милан ќе може да го откупи договорот на Германецот за сума од 11 до 13 милиони евра.
Филкруг не беше во преден план оваа сезона во Вест Хем оваа сезона, одигра само 413 минути во девет настапи. Германскиот напаѓач сè уште нема постигнато гол во натпреварувачката сезона 2025/26.
Foto/ depositphotos
Спорт
Вашингтон со 48 поени го затрупа кошот на Крка
Кошаркарите на Партизан, во Љубљана ја победија Крка со 99:92, во АБА лигтата. Натпреварот го обележа Двејн Вашингтон со 48 поени.
Американецот, спречи уште еден кикс на Партизан, постигна половина од поените на својот тим. Партизан е втор во својата група со осум победи и еден пораз.
Вашингтот мечот го заврши со 48 поени, постигна 10 тројки од 14 обиди и го урна рекордот на Дерон Расел, кој во дресот на Морнар, во октомври 2022 година против Задар постигна 47 поени.
Со 10 постигнати тројки, Вашингтон на првото место, на вечната листа се изедначи соТему Ранико и Јосип Сесар.
Foto/ Krka, Drago Perko

