Спорт
Азар: Не разговарам со Анчелоти

Еден Азар рекордниот трансфер на Реал Мадрид, нема намера да го напушти клубот. Фудбалерот за чии трансфер Реал плати 115 милиони евра, во 2019 година, сезона одигра само 296 минути.
Азар во Реал дојде како еден од најдобрите играчи во светот, но од моментот кога пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, неговата кариера е во слободен пад. Оваа сезона, последен пат на теренот бил во септември.
Откако дојде во клубот, поради низата повреди кои ја уназадија неговата кариера и идеите на тренерот, тој има само 73 настапи, на кои постигна седум гола и забележа 11 асистенции.
И покрај ситуацијата во која се наоѓа, Азар нема намера да го напушти клубот.
„Сакам да останам, тоа секогаш сум го велел. Се надевам дека ќе играм и ќе покажам дека се уште можам да играм на високо ниво. Нормално е што луѓето да се сомневаат, јас го разбирам тоа“.
Тој откри и каков однос има со тренерот.
„Постои почит меѓу Анчелоти и мене и секогаш ќе има. Мора да почитувате човек како Анчелоти за сето она што го направил во кариерата и она што го претставува во фудбалот. Но, нема да кажам дека разговараме“, рече Азар.
Азар е под договор со Реал до крајот на следната сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шест месеци по трансферот од Палмеирас дефанзивецот сака да го напушти Сити

Витор Реис, суперталентираниот 19-годишен стопер, сака да го напушти Манчестер сити.
Бразилецот пристигна во Англија во јануари оваа година во трансфер вреден 30 милиони евра од Палмеирас.
Поради малата минутажа кај Пеп Гвардиола, тој сега сака да оди на позајмица во клуб каде што ќе добие шанса да игра во континуитет.
Рубен Дијаш, Јошко Гвардиол, Мануел Аканџи, Нејтан Аке, Џон Стоунс и Абдукодир Хасанов моментално се на неговата позиција во клубот, младиот Бразилец е свесен дека ќе има малку можности за игра.
Англиските медиуми ги споменуваат Порто и Баер Леверкузен како опции за Реис.
Фото/ Принскрин
Спорт
Тадиќ се договорил со Црвена звезда?!

Шампионот на Србија, фудбалскиот клѕб Црвена звезда, по трансферот на Марко Арнаутовиќ, подготвува уште една „бомба“ на трансфер пазарот. Медиумите во оваа земја тврдат дека часови го делат Душан Тадиќ од трансфер во црвено-белиот клуб.
Тадиќ треба да им се придружи на црвено-белите пред двомечот со полски Лех во квалификациите за Лигата на шампионите.
Со Тадиќ и Марко Арнаутовиќ во тимот, црвено-белите би имале повеќе од респектабилен тим дури и за концептите на европската елита.
„Генералниот директор на црвено-белите Звездан Терзиќ успеа во она што се обидуваше да го направи во претходните недели, бидејќи Тадиќ се согласи на сите понудени услови во среда вечерта и потпиша договор со актуелниот шампион на Србија“, пишува „Мондо“.
Терзиќ неодамна откри дека ако Тадиќ се согласи на понудата на Звезда, ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на српскиот фудбал. Се шпекулира дека со бонусите плата на Тадиќ би била три милиони евра.
„Тој е паметен човек, многу размислува за фудбалот, тактиките, кога го слушам како размислува, ќе биде одличен тренер, сè ќе му биде полесно ако ја заврши кариерата во Звезда“, рече Терзиќ пред неколку дена.
Тадиќ пристигнува во Црвена Звезда откако ја заврши двегодишната соработка со турскиот гигант Фенербахче, а пред тоа го носеше дресот на Ајакс, Саутемптон, Твенте, Гронинген и Војводина, каде што ја започна својата сениорска кариера.
Се шпекулираше дека и Атлетико Мадрид бил заинтересиран за него, но двете страни не успеале да постигнат договор, а Војводина од Нови Сад исто така се надеваше дека ќе го врати во своите редови.
Во својата кариера, Тадиќ постигна 231 гол со 265 асистенции во 770 натпревари. За Србија има рекордни 111 настапи и 23 гола и 40 асистенции.
Спорт
Манчестер jунајтед почна преговори за потписот на Шешко

Претставниците на Манчестер јунајтед одржаа првични разговори со колегите од Лајпциг околу трансферот на Бенјамин Шешко, објавија денес британските медиуми.
Јунајтед е заинтересиран да го потпише напаѓачот во летниот преоден рок, а 22-годишниот словенечки репрезентативец е на врвот на нивната листа на желби, објави „Скај спортс“.
Прелиминарни разговори се одржаа и со менаџерот на Шешко, но нема да биде лесно да се постигне договор за финансиите.
Њукасл е исто така заинтересиран за Словенецот, но се верува дека напаѓачот на Лајпциг претпочита да се пресели на „Олд Трафорд“. Јунајтед е заинтересиран за Шешко веќе неколку години и го следи неговиот развој.
Покрај Шешко, клубот од Манчестер е заинтересиран и за Оли Воткинс од Астон Вила и Николас Џексон од Челзи.
Сепак, цените и структурата на плаќање за овие играчи се сметаат за превисоки во оваа фаза, објави „Скај спортс“.
Иако Шешко би можел да чини повеќе од Воткинс, се верува дека може да се постигне поповолна структура со Лајпциг.
Скај објави дека се очекува Лајпциг да ја искористи трансферната сума на Уго Екитике, кој замина во Ливерпул, како референтна вредност во преговорите за Шешко. Екитике му се придружи на Ливерпул за почетни 69 милиони фунти со дополнителни 10 милиони фунти во бонуси.
Се вели дека Шешко има џентлменски договор со Лајпциг и клубот нема да му застане на патот доколку пристигне соодветна понуда.
Foto/ EPA