Спорт
Азар: Секое лето поради пивото ставав по четири-пет килограми
Еден Азар (33) во октомври минатата година ја заврши професионалната кариера, која траеше 16 години. Во кариерата одигра повеќе од 600 натпревари. Белгиецот во пензија замина како играч на Реал Мадрид. Меѓу навивачите на Реал Мадрид ќе остане запаметен како најголемиот неуспех во историјата на клубот.
Азар, во 2015 година беше прогласен за најдобар фудбалер во Англија, а беше и најдобар играч на Лил, во сезоните 2010/2011 и 2011/2012. Кариерата ја заврши со 623 одиграни натпревари, 167 гола и 157 асистенции.
Реал Мадрид му плати 115 милиони евра во 2019 година на Челси, со што стана најскапиот играч во историјата на клубот. По првата сезона беше јасно дека Азар е лоша инвестиција. Во текот на четири години, тој постигна седум и забележа 12 асистенции во само 76 натпревари. Со клубот освои седум трофеи.
Азар беше гостин во подкастот на Џон Оби Микел, поранешен соиграч од Челзи и поранешен играч од средниот ред на Нигерија. Поранешната белгиска ѕвезда меѓу другото проговори и за приказните според кои неподготвен и со вишок килограми доаѓал на подготовките на Реал.
„Точно е. Секое лето ставав четири или пет килограми. Мислев дека можам да правам што сакам во слободното време, откако десет месеци годишно го држев своето тело на највисоко ниво додека луѓето ме удираат.
Не барајте од мене ништо за време на мојот одмор. Уживам да бидам со семејството и да одам на плажа, не барајте од мене да трчам тие три-четири недели. Можам да играм фудбал на плажа со децата, нема проблем, но не барајте од мене да трчам“, изјави Азар.
„Погледнете ја целата моја кариера, во првиот месец од сезоната размислував само дека тоа е почеток, загревање, а потоа од септември до октомври летав по теренот, бидејќи ми требаше време да го доведам телото и умот во најдобра состојба.
Но да, точно е, се враќав од одмор со пет килограми вишок. Сакам да поминувам време со семејството и пријателите. Ако ми понудиш нешто да јадам, ќе прифатам. И да не ми се допаѓа, ќе го јадам. Јас сум Белгиец, ние сакаме пиво бидејќи мојата земја ги има најдобрите пива во светот. Не пиев секој ден, тоа не е точно, но едно или две по одигран добар натпревар, тоа да“, вели Азар.
Белгиецот смета дека короната целосно го изврлила од колосекот.
„Тогаш немав среќа. Бев во Далас на операција на глуждот, а потоа се вратив во Мадрид и изби почна ковидот. Два ипол месеци ковид, дома бев сам, без физиотерапевт со кој требаше да работам на рехабилитацијата. Сè правев сам. Кога би можел да сменам нешто од тоа време, би онел дома физиотерапевт. Тоа ми беше неопходно, бидејќи сакав повторно да играм на највисоко ниво… Вака, кога се беше готово, кога се вратив на теренот… Го туркав телото до крај, но глуждот едноставно не беше ист. „Искршив“ се таа сезона. Остатокот од приказната го знаете“.
Тогаш Зинедин Зидан сè уште беше тренер на Реал, набрзо беше заменет од Карло Анчелоти. Азар во кариерата работеше и со Жозе Мурињо, Рафаел Бенитез, Маурицио Сари, Гус Хидинк… Но, секогаш ќе памети еден тренер …
„Најдобро играв под водство на Антонио Конте. „Тренинзи цела недела. Ги сакав само саботите. Ќе излезев да уживам, морав. Знаев: од утре повторно тренинзи. Тоа беа моите 90 минути уживање. Морам да направам нешто. Остатокот од неделата трениравме и зборувавме за тактиката“, вели Азар и потоа на Оби Микел му откри кој бил најталентираниот фудбалер со кого тренирал и играл.
„ Во Реал играв со најдобрите во светот. Лука Модриќ, Карим Бензема, тоа е врвот на листата. Кога ќе се каже Кевин де Брујне, тој исто така е на врвот на листата. Френк Лампард, Хуан Мата, сите тие се на самиот врв. Но, единствениот што ме натера да кажам „Вау“ е Гел Какута. Ме прашавте кој е најголемиот талент, а Какута убедливо е број еден, убедливо. Неверојатен талент, Вау“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Семењо за минимален триумф на Сити во Лидс
Манчестер Сити ја продолжи потерата по лидерот Арсенал, откако го победи Лидс со 1:0 на гостински терен во 28-то коло од Премиер лигата. Сити ја забележа шестата последовна победа во Премиер лигата и шеста последовна во меѓусебните дуели.
Лидс беше поконкретен на почетокот и пропушти две одлични шанси преку Доминик Калверт-Луин и Бренден Аронсон, кој излезе сам пред Донарума но не успеа да го совлада.
Сити, до здив дојде по 30-та минута, а во последните 10 минути од првиот дел, „граѓаните“ извршија силен притисок врз противникот.
Инцијативата м донесе резултат буквално во последните секунди од првото полувреме. Антоан Семењо го искористи центаршутот на Рајан Аит-Нури и го постигна единствениот гол на натпреварот.
Во вториот дел, домаќинот повторно се закани, но реализацијата изостана, додека Сити можеше да го реши натпреварот преку Омар Мармуш и Марк Гуехи, но Карл Дарлоу го спаси својот тим од поубедлив пораз.
Победата го приближи Сити на два бода од Арсенал во трката за титулата во Премиер лигата, додека Лидс останува шест бода над зоната за испаѓање и бара континуитет за да обезбеди опстанок.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Кимих и Кејн ја срушија Борусија среде Дортмунд
Фудбалерите на Баерн Минхен ја победија Борусија во Дортмунд со 3:2 во „Дер Класикер“, кој се играше во рамките на 24-то коло од Бундеслигата. Баерн на врвот на табелата сега има 11 поени повеќе од „милионерите“.
Натпреварот започна добро за Борусија. Нико Шлотербак донесе водство по одличниот слободен удар на Даниел Свенсон во 26-та минута. Максимилијан Баер и Јан Куто исто така имаа шанси, во првиот дел. Баерн во првото полувреме, речиси да не направи ништо пред голот на Кобел.
Баварците израмнија преку Хари Кејн, кој ладнокрвно ја смести топката во мрежата по додавањето на Гнабри. Дортмунд потоа имаше шанса повторно да поведе, но пенал по фаулот на Шлотербак врз Станишиќ му овозможи на Кејн да го постигне својот 30-ти гол во сезоната и да го сруши својот личен рекорд од минатата сезона.
Домаќините веднаш одговорија со одличен волеј од Свенсон, но Кимих го имаше последниот збор, неговиот прецизен удар со левата нога му донесе победа на Баерн и ја прекина серијата од 16 натпревари без пораз на Дортмунд во Бундеслигата.
Со овој натпревар, продолжи неславната серија на тренерот Нико Ковач. Тој загуби девет и одигра два пати нерешено во пресметките со Баварците.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Јамал постигна три гола, Барселона го победи Виљареал
Ламин Jамал го постигна првиот хет-трик во кариерата. крилниот напаѓач ја предводеше Барселона до убедливата победа над Виљареал (4:1), во 26-то коло.
Младиот ас на Барселона денес влезе во историјата на Барселона, на 18 години, седум месеци и 15 дена постигна хет-трик. Меси со кого го споредуваат Јамал, имаше полни 19 години кога прв пат во кариерата постигна три гола на еден натпревад.
Јамал го отвори резултатот во 28-та минута,а девет минути подцна постигна убав гол со кој го зголеми водството на својот тим.
На стартото на вториот дел, Виљареал преку Пап Геј се врати во мечот, а дека ќе доживее пораз беше јасно кога во 73-та минута Ајосе Перез промаши празен гол. Хет-трикот го комплетираше во 69-та минута.
Во 91-та минута Левандовски го постави конечниот резултат.
Foto/ depositphotos

