Спорт
Азар требаше да се пресели во Барса, не во Реал
Поранешниот менаџер на Еден Азар, Џон Бико, смета дека фудбалерот направил грешка со трансферот во Реал Мадрид. Според Бико, Азар требало да ја избере Барселона.
„Направи грешка со трансферот во Реал. Го послуша срцето. Од Челси требаше да замине една година претходно. Да ме прашаше, ќе му кажев да не оди во Мадрид. Луѓето не разбираат со какво темпо и интензитет игра Реал. Таленти каков што е Хамес Родригез не успеа да се приспособи во Реал“, рекол Бико и дополнил:
„Барселона, таму Еден требаше да се пресели. Кај нив топката бргу се движи. Азар во Барселона ќе имаше повеќе слобода на теренот, топката секогаш ќе беше кај него. Таму ќе беше најдобар во светот“.
Азар во 2019 година за 115 милиони евра од Челси се пресели во Реал. Поради честите повреди, тој не го оправда вложеното во неговиот трансфер. Азар има договор со Реал до јуни 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

