Спорт
Азаренка потфрли, Пегула со многу мака оди напред во Чарлстон
Викторија Азаренка загуби од Ана Калинскаја, која е 70. тенисерка на ВТА листата со 6:4, 7:6. Калинскаја на тој начин се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Чарлстон.
Таму ќе се сретне со Онс Жабер. Тунижанката ја сопре Американката Каролин Долхајд во два сета 6:3, 7:5.
Првата носителка на турнирот, Џесика Пегула, со многу мака успеа да напредува. Таа со 2:1 во сетови славеше против Ирина Бегу, која во претходното коло ја победи Софија Кенин и одигра одлично против уште една Американка.
Првиот сет Пегула го доби со 7:5, но Романката возврати во вториот 6:4. Во третиот Бегу имаше брејк предност и водство од 4:2 во гемови. Сепак, третата тенисерка на светот успеа да врзе четири гема и да слави на крајот. Во четвртфиналето ја чека Шпанката Бадоса која убедливо со 6:1, 6:3 ја совлада Русинката Шнаидер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Белгија ја запиша првата победа на ЕП
Фудбалската репрезентација на Белгија ја победи Романија во последниот натпревар од деветтиот ден на ЕП. Во Е групата Белгија победи со 2:0 (1:0). По две кола, сите селекции во Е групата имаат по три бода.
Белгија поведе по само 73 секунди игра. Стрелец беше Тилеманс, со најбрзиот гол на Белгија на големите натпреварувања.
Следеа шанси за Белгија, која доминираше, но Ница блескаше на голот на Романија. Свои шанси имаше и Романија, но и Кастелс беше располошен на голот на Белгија.
Романците поагресивно влегоа во вториот дел. Имаа две пристојни шанси во првите десет минути, но не извлекоа ништо корисно од тоа.
Пото Белгија повторно ја презеде контролата. Во еговиот гол го поништи ВАР поради офсајд.
Дилемите околу победникот ги реши Кевин де Брујне во 80.минута.
Гол-разликата ги држи Романците на првото место, а потоа следат Белгија, Словачка и Украина.
Во третото коло од групата Е се среќаваат Словачка и Романија и Украина и Белгија. Тие натпревари се закажани за среда на 26 јуни од 18 часот.
Спорт
Капитенот на Реал се сели во Саудиска Арабија
Начо Фернандез (34) по 23 години го напушта Реал, кариерата че ја продолжи во Ал Кадсија.
Фабрицио Романо објави дека поранешниот капитен на Реал веќе ги поминал лекарските прегледи и ќе потпише договор за саудискиот клуб на две години.
Начо пристигнал во Реал во 2001 година од АД Комплутенсе на 11-годишна возраст. Како сениор со Реал ги освои сите значајни клупски трофеи, шест пати ја освои Лигата на шампионите.
Спорт
(Фото) Поради селфиња со Роналдо четири пати во прекин беше натпреварот Португалија-Турција
Португалија без проблеми се справи со Турција во второто коло од групата Ф на ЕП. Португалија победи со 3:0 и го обезбеди првото место во Ф групата.
Покрај одличната игра на Португалија, комичниот автогол на Ајкадин, натпреварот во Дортмунд го одбележа и неверојатно лошата организација на службата за обезбедување.
Четири пати во текот на натпреварот, навивачи влегуваа на теренот за да дојдат до Кристијано Роналдо и да направат селфи со него.
Секако, според правилата на УЕФА, секој од тие упади не беа прикажани во ТВ пренос, но според реакциите од трибините, навивачите беа лути поради егзибициите на оние кои во второто полувреме постојано го прекинуваа натпреварот со што го нарушуваа ритамот на натпреварот.
Што се однесува до стјуардите, тие имаа малку трпение во првите три упади, но во последниот применија сила и грубо го изведоа натрапникот надвор од стадионот.