Спорт
Бадел 1862 нов кошаркарски шампион кај дамите

По две сезони, кошаркарките на Бадел 1862 го вратија шампионскиот трофеј во своите клупски витрини. Избраничките на Перо Стамески, уште еднаш предводени од извонредната репрезентативка Александра Стојановска, го запишаа третиот триумф во финалната серија над шампионот од ланската сезона, Баскет Кам 2011 овој пат со 71:77.
Александра Стојановска се закити и со признанието најкорисен играч. На овој натпревар репрезентативката запиша 27 поени и шест асистенции. Седум поени помалку за Бадел 1862 на овој натпревар постигна Матхеу. Двоцифрена со 12 поени беше уште една репрезентативка во жолто синиот дрес, Нена Трајчевска.
За таборот на Баскет Кам 2011 на денешниот натпревар, последен за оваа финална серија, Алексиќ постигна 25 поени, 18 придодаде Пуљизовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Седлоски: Со една нога сме во следното коло, но ќе бидеме внимателни и во Гибралтар

Македонскиот првак Шкупи го победи Линколн Ред Импс со 3:0 на Националната арена „Тодор Проески“. Иако има и реванш на Гибралтар, тоа е триумф што речиси гарантира пласман во следната рунда од квалификациите за ЛШ, каде чека Динамо Загреб.
Тренерот Гоце Седлоски е задоволен, вели дека тимот со една нога е во следното коло, но ќе биде максимално внимателен и на реваншот во Гибралтар.
„Честитки за фудбалерите, исполнија на теренот се што побарав од нив. Со една нога сме во следното коло, но, сепак, не очекуваат уште 90 минути во Гибралтар. Иако игравме повеќе од половина час со играч помалку, одигравме добро и можевме да постигнеме уште некој гол. Верувам дека можеме уште подобро“, изјави Гоце Седлоски.
Спорт
Шкупи со рутинска победа над Линколн на стартот на квалификациите за ЛШ

Македонскиот шампион, Шкупи стигна до рутинска 3:0 победа над аутсајдерот Линколн од Гибралтар во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.
Мамаду Данфа го отвори резултатот на „Тоше Проески“ уште во 11. минута, пред Сандеј Адетунџи во 29. минута да го удвои водството на тимот на Гоце Седлоски. И покрај тоа што Шкупи остана со играч помалку по вториот жолт картон на Гаги Маргвелашвили во 54. минута од мечот, во 62. минута, го зголемија водството по автоголот на Рој Чиполина.
Следен противник на Шкупи по двобојот со Линколн, треба да биде хрватскиот гигант и редовен учесник на европските натпреварувања, Динамо Загреб.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, КВАЛИФИКАЦИИ
ШКУПИ (МКД) – Линколн (Гиб) 3:0
Пјуник (Ерм) – ЦФР Клуж (Ром) 0:0
Малме (Шве) – Викингур Рејкјавик (Исл) 3:2
Лудогорец (Буг) – Сутјеска (ЦГо) 2:0
Балкани (Кос) – Жалгирис (Лит) 1:1
Лех Познањ (Пол) – Карабаг (Азе) 1:0
ТНС (Вел) – Линфилд (СИр) 1:0
Шамрок роверс (Ирс) – Хибернијанс Паола (Мал) 3:0
Спорт
Ињаки Вилијамс ќе игра за Гана: Време е да се вратам

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс преку социјалните мрежи објави дека во иднина ќе настапува за фудбалската репрезентација на Гана, откажувајќи се од шансата да игра за Шпанија.
28-годишниот напаѓач е роден во Билбао, откако неговите родители ја поминаа пустината Сахара на нозе барајќи шанса за подобар живот во Европа. Атлетик Билбао во својата 124-годишна историја во клубот примаат само фудбалери кои се Баскијци или родени во Баскија, Вилијамс стана само вториот црн фудбалер на клубот.
„Секој чекор кој го правиме има свое значење. Еволуција. Поглед кон иднината кој оставаа трага. Моите родители ме воспитаа со вредности на скромност, љубов и почитување. Ме научија да го прифатам животот. Во тој постојан обид да се расте, професионално и индивидуално. Затоа сметам дека е време да го пронајдам моето потекло со Гана и Африка што ми значи многу мене и на моето семејство. Денеска е нов предизвик. Од денеска ќе го бранам дресот на Гана со цело срце. Јас сум еден од ‘Црните ѕвезди’“, објави Вилијамс.
Тој беше повикан во шпанската репрезентација од страна на тогашниот селектор Висенте дел Боске и одигра еден пријателски меч со Босна и Херцеговина. Неговиот помлад брат, Нико, кој исто така игра за Билбао, уште не објавил дали ќе го следи примерот на неговиот брат.
???????????? @ghanafaofficial pic.twitter.com/t5cSzOcIfB
— IÑAKI WILLIAMS (@Williaaams45) July 5, 2022