Спорт
Баерн Минхен посилен за Мануел Нојер против Салцбург во ЛШ
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, во вистински момент се враќа во тимот на баварскиот клуб. Тој ќе биде стартер на утрешниот реванш-меч од осмина-финалето во Лигата на шампионите против Салцбург.
Нојер пред еден месец имаше операција на коленото, но се опорави и почна со тренинзи.
„Ако нешто не се случи нешто непредвидено, Нојер ќе биде стартер“, изјави Нагелсман на прес-конференцијата пред мечот.
Баерн Минхен утревечер го пречекува Салцбург на „Алијанц арена“, а првиот натпревар во Австрија заврши 1:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Манчестер Јунајтед ќе формира кошаркарски клуб
Приказните за НБА Европа, со намален интензитет, секој дневно се присутни во медиумите. Една пристигнува од Англија, каде што се зборува за основање кошаркарски клуб Манчестер Јунајтед.
Наводно, Џим Ратклиф го одобрил основањето на кошаркарската секција.
Поточно, рестартирање на кошаркарската секција, бидејќи Јунајтед имал кошаркарски клуб цели три години, од 1985 до 1988 година.
Јунајтед е еден од фудбалските гиганти што ќе се впуштат во оваа авантура, секако пред сè од финансиски причини. Во приказната за лансирањето на проектот НБА Европа се споменува и Пари Сен Жермен, како и оригиналните кошаркарски гиганти, со традиција во овој спорт: Реал Мадрид, Барселона и Баерн. Се споменуваат и Галатасарај, Бешикташ, Фенербахче и интересно Бетис.
На оваа тема, англиските медиуми пишуваат дека Ратклиф го одобрил проектот на кошаркарскиот клуб, како и изградбата на кошаркарска арена, веднаш до „Олд Трафорд“. Арената треба да има 15.000 седишта.
Спорт
Гризман нема намера да си оди од Атлетико
Легендата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, полека се ближи кон кајот на кариерата. Веќе не клучен играч за Атлетико Мадрид и самиот прифати да има поинаква улога во тимот на Чоло Симеоне.
Гризман, од почетокот на сезоната, најчесто влегува од клупата за резерви, нема проблем со одлуката на тренерот, целосно му е посветен на тимот.
„Нова улога? Разбирам дека морам да бидам професионалец, да бидам пример и да им покажам на сите дека можам да играм и дека имам што е потребно, како и да заслужам место во почетниот состав“, изјави Гризман за „АС“.
Се шпекулира дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, иако неговиот договор истекува во јуни 2027 година.
„Не ме загрижуваат шпекулациите. На крајот на краиштата, секогаш сум бил предмет на некои разговори. Од првиот ден кога пристигнав, па сè до последните денови, така ќе биде. Но, како што реков претходно, многу сум среќен тука. Сите знаат дека МЛС е мојот сон, мојата цел. Сè уште имам договор, сакам да продолжам да го обновувам и да бидам важен играч“, изјави тој.
Гризман одигра 12 натпревари оваа сезона и постигна четири гола. Францускиот ас е најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, неодамна тој го постигна 200-от гол во Примера (се сметаат натпреварите во Реал Сосиедад, Атлетико и Барселона).
Спорт
Биелса го однесе Уругвај на СП, прашање е дали ќе го води тимот на планетарната смотра
Марсело Биелса избори пласман на Светското првенство со Уругвај, но прашање е дали „Ел Локо“ ќе го предводи тимот на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Уругвај, во пријателски натпревар, доживеа тежок пораз од САД (5:1), поради што медиумите во Уругвај шпекулираат дека тој ќе добие отказ.
Коментаторот и аналитичар Федерико Бујсан, кој со години ги следи и коментира натпреварите на националниот тим, за радио станицата „Дспортес“ изјави дека ситуацијата во тимот е алармантна.
„Односот меѓу тренерот и играчите е „нарушен“. Пораките испратени до тимот едноставно не стигнуваат до главите на играчите. Момците ја пренесоа таа порака до челниците во Федерацијата. Раководството, во принцип, сака тренерот да остане, но тие се многу загрижени за целата ситуација“, рече на Бујсан и изјави:
„Хорхе Џордано (генерален секретар на Федерацијата) верува во тренерот“.
Аргентинецот беше назначен за селектор на Уругвај во мај 2023 година, што е негово трето назначување на клупата на јужноамериканска селекција по Аргентина (1998-2004) и Чиле (2007-2011).
Третото место на Копа Америка минатата година беше прифатено како успех, но во текот на квалификациите за Светското првенство во 2026 година, односот со играчите се вложи.
Уругвај директно, како четврти во лигата од десет национални селекции, се пласира на СП, но игрите и резултатите (7-7-4, 22:12) не беа на очекуваното ниво.
Биелса го доби прекарот „Лудак“ со својот жесток и нетипичен начин на водење на тимот, неговата малку луда посветеност на фудбалот, со што изврши големо влијание врз помладата генерација тренери.
Пеп Гвардиола, во времето додека беше активен играч, патувал од Мексико во Аргентина само за да помине еден ден на ранчот на Биелса разговарајќи за фудбалот и животот со својот домаќин.
Гвардиола, за многумина најдобриот тренер во светот, секогаш со голема почит говори за Биелса и често вели дека тој е неговиот „фудбалски татко“.
Foto/ EPA

