Спорт
Баерн Минхен во обид да го купи Јан Зомер

Германскиот првак Баерн Минхен ги обнови преговорите за трансфер на голманот на Борусија Менхенгладбах, Јан Зомер. Тренерот Јулијан Нагелсман инсистира да биде доведен нов голман на „Алијанц арена“ кој ќе го замени повредениот Мануел Нојер. Тој поради скршеница на ногата ќе отсуствува до крајот на сезоната.
Првично Борусија бараше меѓу 8 и 10 милиони евра за Зомер, а Баварците понудија само 4 милиони евра. Сега се очекува Баерн да понуди поголема сума.
Договорот на Зомер со Борусија е до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фенербахче ќе го предводи Џовани Тедеско

Пред неколку дена, турските медиуми најавија дека Зинедин Зидан ќе го преземе Фенербахче. Турскиот великан е без тренер откако отказ доби Жозе Мурињо. Сепак, Зидан нема да биде наследникот на Мурињо, претпладнево медиумите во Турција открија дека Доминико Тедеско ќе биде новиот тренер на Фенер и дека тој наскоро ќе го потпише договорот.
39-годишниот италијански тренер, кариерата ја започна во Ауе, добрите резултати го однесоа во Гелзенкирхен. Стана најмладиот тренер во историјата на Шалке 04, со кого стигна до осминафиналето на Лигата на шампионите. После тоа, тој стана најмладиот тренер во историјата на Спартак Москва.
Повторно се Германија, го презеде Лајпциг, додека тимот беше на 11-то место во лигата, го освои Купот на Германија и го заврши првенството на четвртото место. Овие резултати беа препорака да добие повик од Белгија, стана најмладиот тренер на белгиската репрезентација.
Спорт
Постекоглу пред портите на „Сити Граунд“ во Нотингем

Поранешниот менаџер на Тотенхем и Селтик, Ангелос Постекоглу, ќе стане нов менаџер на Нотингем Форест, тврдат сите релевантни британски медиуми.
Откако Нуно Еспирито Санто беше отпуштен доцна во понеделникот, сопственикот на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, брзо пронајде замена. Се чини дека ќе може многу подобро да соработува со новиот менаџер бидејќи ангажираше сонародник.
Новиот менаџер на Форест ќе биде Грк од Австралија, Ангелос Постекоглу, кој беше менаџер на Селтик две сезони, а потоа и на Тотенхем две сезони. Постекоглу претходно водеше тимови во Јапонија и Австралија, а беше и селектор на Австралија.
Постекоглу својот најголем успех како менаџер на Спарс бидејќи им го донесе трофејот од Лигата на Европа минатата сезона.
Иако тоа беше првиот трофеј за Тотенхем по 2008 година, Постекоглу беше отпуштен.
Медиумите пишуваат дека Постекоглу потпишал договор до јуни 2027 година, како и дека бил јасен фаворит за позицијата нов менаџер на тимот.
Foto/ EPA
Спорт
Заврши сезоната за Џек Дрејпер

Британскиот тенисер Џек Дрејпер ја заврши сезоната поради повреда на левата рака.
Седмиот играч на планетата, кој блескаше на Индијан Велс, каде што ја освои титулата, ќе мора да паузира до крајот на годината.
Во еден момент Дрејпер беше четврти на АТП листата, но неодамна доживеа пад, токму поради повредата.
Доживеа разочарување на Вимблдон каде што беше елиминиран од Марин Чилиќ во второто коло, а на Отвореното првенство на САД мораше да го предаде мечот од второто коло против Зизу Бергс.
Ова не е прв пат Дрејпер да се повреди, откако го пропушти Вимблдон во 2023 година и одредени турнири во 2024 година поради проблеми со физичката подготвеност.
Заедно со овогодинешниот Индијан Велс, Дрејпер славеше и во Виена и Штутгарт минатата сезона.