Спорт
Баерн преговара и со селекторот на Австрија

Фудбалскиот клуб Баерн веќе два месеци го бара наследникот на Томас Тухел, а сега почнале преговори со Ралф Рангник, пренесува германскиот новинар на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг.
Баварците се во потрага по нов шеф на стручниот штаб кој би го тимот од Тухел по завршувањето на сезоната. Затоа почнале преговори со Рагник, кој е селектор на Австрија со која ќе настапи на ЕУРО 2024. Новинарот потенцира дека многу работи би треабло да се поклопат за Рангник да дојде во Минхен.
Плетенберг пренесува дека е воспоставен контакт со Рагник откако станало јасно дека преговорите за враќање на Јулијан Нагелсман пропаднале кога тој потпиша нов договор со Германскиот фудбалски сојуз, а Баерн сака што поскоро да го претстави новиот тренер.
Договорот на Рагник со Австрискиот фудбалски сојуз е до Светското првенство во фудбал во 2026 година, но може да биде раскинат со соодветна отштета. Доколку челниците на Баерн успеат да се договорат со 65-годишниот стручњак, парите не би требало да бидат проблем.
Дополнително, Де Зерби и Зинедин Зидан се уште се кандидати за клупата на Баерн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Четирикратниот олимписки шампион го сруши светскиот рекорд во Сингапур

Францускиот пливач Леон Маршан го сруши светскиот рекорд на 200 метри мешано на Светското првенство во Сингапур.
Четирикратниот олимписки шампион постигна резултат од 1:52,69 минути во полуфиналната трка.
Маршан го сруши светскиот рекорд поставен од Американецот Раџан Локти во Шангај во 2011 година за 1,31 секунда.
Финалето на 200 метри мешано на Светското првенство е закажано за четврток.
Фото: принтскрин
Спорт
Италија остана без планираното НБА-засилување

Донте ДиВинченцо нема да игра за Италија на претстојниот Евробаскет и покрај тоа што преговорите траеја неколку месеци и што во меѓу време доби пасош на оваа земја.
Бекот на Минесота беше вклучен во прелиминарниот состав на „Азурите“, што ја израдува целата нација со богатата кошаркарска историја. Кошаркарот од Делавер требаше да биде капитално засилување за Италија.
Иако во претходните месеци ја нагласуваше својата голема желба да ја претставува татковината на своите родители на Европското првенство, се случи ненадеен пресврт.
Поранешниот играч на Милвоки, Сакраменто, Голден Стејт и Њујорк Никс нема да носи дресот на Италија ова лето.
Наместо него, на списокот ќе биде натурализиран Американец, Дариус Томпсон, кој го напушти Анадолу Ефес и од наредната сезона ќе игра во Валенсија.
Фото/ Принскрин
Спорт
Сезоната во ПМФЛ ќе ја отвори дербито Вардар-Пелистер

На денешното извлекување во Хотел Хилтон во Скопје беа утврдени паровите за есенскиот дел од сезоната 2025/26 во Првата Македонска Фудбалска Лига. Сезоната 2025/2026 ќе започне на 8 август.
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе почне со големото дерби. помеѓу Вардар и Пелистер.
Шампионот Шкендија, одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Шкупи. Силекс ќе биде домаќин на Брера, новите прволигаши Башкими и Арсими ќе се соочат во Куманово, Работнички ќе му гостува наТиквеш, а Струга ќе ја пречека Македонија ЃП.
На следниот линк можете да го погленете распоредот: