Спорт
Баерн се судри со ковид-протоколите, три ѕвезди одвоени од тимот!

Германија се соочува со голем пораст на новозаболени од коронавирусот, па Бундестагот усвои закон за заштита од заразата, кој овозможува понатамошно спроведување на мерките за сузбивање на пандемијата поради која за 7 дена ќе биде прогласена вонредна епидемиолошка состојба.
Меѓу другото, со новиот закон се овозможува одење на работа или возење со градски превоз, само доколку граѓаните се вакцинирани против Ковид-19.
Сојузните покраини може самостојно да носат поединечни одлуки, па Баварија го следеше примерот, а сега на удар се сите оние што не се вакцинирани.
Посебен проблем имаат тројца играчи на Баерн Минхен – Џошуа Кимих, Серж Гнабри и Џамал Мусиала.
Тие не се вакцинирани, а германски „Кикер“ пишува дека ним им е забранет престој во истиот хотел каде што се другите играчи пред натпреварите, а исто така ќе мора и одвоено да патуваат на натпреварите.
Утре Баерн гостува кај Аугсбург.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“