Спорт
Бајчетиќ: Јас сум Шпанец, ќе играм за Шпанија
Стефан Бајчетиќ ја разочара фудбалска Србија. Јасно стави до знаење дека сака да игра за Шпанија. Бајчетиќ е играч на Ливерпул, кој сезонава е на позајмица во Салцбург.
Во интервју за „Марк“а директно беше прашан за кого ќе игра. Бајчетиќ немаше ни трошка дилема.
„Роден сум во Шпанија, пораснав во Шпанија, моето семејство е од Шпанија и се чувствувам како Шпанец, многу сум горд што ја претставувам Шпанија“, изјави Бајчетиќ.
Таткото на Стефан е Срѓан Бајчетиќ, поранешен фудбалер на Војводина, Црвена звезда и Селта. Неговата мајка е Шапнка, а тој е роден во Виго.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Итудис има нова работа, потпиша рекорден договор
Грчкиот тренер Димитрис Итудис е новиот тренер на Хапоел Тел Авив.
Итудис ќе потпише рекорден тригодишен договор вреден 4,6 милиони долари.
Главна цел на тимот е преку Еврокупот да обезбеди пласман во Евролигата.
Досегашниот тренер Стефанос Дедас ќе остане во клубот како помошник на Итудис, односно ќе ја има истата работа како во ЦСКА и Фенербахче.
Итудис, кој ја започна својата тренерска кариера како асистент во Загреб во 1992 година, се прослави како помошник на Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос во периодот 1999-2012 година.
Првиот голем ангажман во ЦСКА Москва го имаше од 2014 до 2022 година, а со рускиот тим двапати ја освои Евролигата.
Потоа беше селектор на Грција и кратко време тренер на турски Фенербахче.
Спорт
Зверев го победи Алкараз – Шпанецот е елиминиран од завршниот Мастерс
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран од завршниот Мастерс во Торино.
Во третото коло Алкараз загуби од Саша Зверев со 7:6, 6:4 и со тоа ги загуби шансите за пласман во полуфиналето.
Иако постоеше можност, во случај Андреј Рубљов да го победи Каспер Рудо со 2-0, Карлос да може да да се пласира понатаму низ процентот на освоени гемови, тоа нема да се случи.
Алкараз моментално има гем количник 29:35 (45,31%), Руд е 22:19, а Рубљов 17:25.
Ако Руд освои најмалку четири гема, ќе има процент на освоени игри од 45,61% и ќе биде подобро рангиран, Во случај Рубљов да го совлада Руд со 6:2, 6:1, тогаш Русинот ќе има подобар процент од. игри (50%).
Затоа, ниту едно сценарио не оди во корист на Карлос, освен Руд да се повлече од турнирот, во тој случај Карлос би се пласирал во полуфиналето.
Спорт
Потпишан е меморандум за соработка во областа на спортот меѓу Македонија и Србија
Министерот за спорт на Република Србија, Зоран Гајиќ и министерот за спорт на Република Македонија, Борко Ристовски, се сретнаа во Белград на билатерална средба во зградата на Владата на Република Србија.
На средбата министрите потпишаа Меморандум за соработка со кој се поставуваат основите за развој и зајакнување на односите во областа на спортот меѓу двете земји.
Министрите го обновија Меморандумот за соработка во областа на спортот, кој истече во 2021 година, а првично беше потпишан во 2011 година.
„Оваа соработка носи многу придобивки за нашата земја и нашето министерство. За нас како новоформирано министерство ова е исклучително важна и плодна соработка. Со нетрпение очекувам да се реализираат заедничките проекти што ги најави министерот Гајиќ, особено со цел вмрежување на нашите земји во областа на спортот. Сметам дека вмрежувањето е клучно, бидејќи поединечно сме премали за да постигнеме поголеми резултати. Посебно сакаме да се посветиме на унапредување на женскиот спорт кој кај нас е на многу ниско ниво. Нашата цел е да го подигнеме тој сегмент, користејќи го знаењето и искуството што Република Србија ги изгради преку својата богата спортска традиција“, рече министерот Ристовски.
Со потпишувањето на меморандумот, Србија и Македонија ја официјализираат соработката на бројни спортски проекти и иницијативи, вклучително и размена на професионално знаење, организирање заеднички настани и промоција на здрав начин на живот кај младите.